За најубаво уживање, важни се квалитетот и безгрижноста. Ние веруваме во врвниот квалитет на нашите телевизори и затоа ви даваме гаранција од 5 години за безгрижно уживање со QLED и Lifestyle моделите од 2020 година.

 

QLED телевизорите демонстрираат квалитет и овозможуваат несекојдневно доживување кое ве пренесува во нова реалност. Со нив имате можност да се задлабочите во секоја сцена уште повеќе и пореалистично. Благодарение на технологијата Dual LED, нијансите на боите на заднинското осветлување се менуваат според темата на она што го гледате и се приспособуваат на содржината, додека технологијата Quantum dot нуди максимален, 100 % тродимензионален опсег на бои. Тука е и Multiple Voice Assistants, гласовна контрола која ви овозможува преку гласовни команди брзо да пристапите до омилените содржини, да добиете одговори на одредени прашања, па дури и да го контролирате вашиот телевизор и останатите поврзани уреди во домот. Дополнителните паметни функционалности, како опцијата Active Voice Amplifier (AVA) која ги нагласува гласовите од сцените за појасно да се слуша дијалогот, ќе ви овозможи без прекин да уживате и да ја разберете баш секоја сцена. Покрај тоа, 8K серијата на QLED телевизори е препознатлива по преубавиот Infinity екран. Црните рабови на телевизорот се толку намалени што речиси и не постојат, а ултратенката рамка ви овозможува без никакви пречки да уживате во впечатливо гледање. 

 

За оние кои бараат посебна естетска атмосфера, тука се телевизорите од серијата Lifestyle. Овие телевизори ви овозможуваат неверојатен квалитет на сликата, како и можност совршено да се приспособат на вашиот животен простор. Телевизорот The Frame, кога е исклучен, на својот екран оживува вистинско уметничко дело. Врвниот квалитет на слика во комбинација со уметничкиот режим навистина го прават уникатен додаток во вашиот дом.

 

The Serif, кој е дизајниран за секој простор и за секој момент, се карактеризира со фантастичен дизајн во комбинација со првокласна технологија. Има поден држач кој може да се вади, а доколку имате строги критериуми во врска со дизајнот, тогаш еден ваков телевизор кој е безусловно убав, дефинитивно е вистинскиот избор за вас.

 

Телевизорот The Sero може да се приспособува и на тој начин ви го овозможува вистинскиот агол за гледање. Sero може да се сврти за да се приспособи на содржината, и тоа хоризонтално за гледање телевизиска содржина и вертикално, кога се во прашање апликации и содржина од мобилниот телефон.

 

Сите овие карактеристики се корисни за современиот начин на живот, но со нив е важно да имате и сигурност која ќе ви обезбеди подолготрајно задоволство. Затоа, искористете ја оваа одлична промоција и добијте 5 години гаранција на купен телевизор која важи за сериите QLED и Lifestyle од 2020 година.

 

 

Целосниот список на производи на промоција побарајте го на страницата samsung5godinigarancija.mk.

 

За да остварите право на 5 години гаранција, уредот мора да биде регистриран на интернет-страницата samsung5godinigarancija.mk најдоцна 15 дена од датумот на купување. 

 

Условите на промоцијата можете да ги погледнете тука.

 

Акцијата важи од 1.10.2020 до 31.12.2020.

QLED телевизор

Напредно ниво во квалитет на слика

Доживејте милијарда нијанси на една боја со технологијата Quantum Dot која овозможува прекрасна слика. Со можноста за приказ на 100 % тродимензионален опсег на бои, технологијата Quantum Dot ја претвора светлоста во прекрасни бои, кои остануваат исти, без оглед на нивото на осветленост. Благодарение на технологијата на заднинско осветлување Dual LED, нијансите на боите се менуваат според она што го гледате. Она што го гледате така, го гледате на вистинскиот начин.

LIFESTYLE телевизор

Телевизори како уметничко дело: The Frame, The Serif, The Sero

Ова е навистина посебна серија на Samsung телевизори. Дизајнирани се да можат лесно да се приспособат на вашиот животен простор и да го стилизираат на начин кој вам најмногу ви одговара. Покрај тоа, ви овозможуваат и уживање во неверојатен квалитет на слика. Благодарение на технологијата Samsung Quantum Dot, боите имаат 100 % тродимензионален опсег, а технологијата Dual LED го зголемува контрастот врз основа на температурата на заднинското осветлување за да постигне импресивни тонови.