Основен водич за производот

Овој водич вклучува основни упатства за користење и мерки на претпазливост за производот. За подетални информации за производот, погледнете во Упатството за корисникот на веб-локацијата на Samsung.

* Како да го најдете упатството
Чекор 1: Пристапете до веб-локацијата за поддршка Samsung Support:https://www.samsung.com/support
Чекор 2: Пребарајте со името на моделот или пазарното име.

Едноставен водич за користење

Телевизорот доаѓа со овој Едноставен водич за користење и вграден Водич за корисници.

Предупредување! Важни безбедносни инструкции
Ве молиме прочитајте ги безбедносните инструкции пред да започнете да го користите вашиот телевизор. Погледнете ја табелата подолу за да го дознаете објаснувањето за симболите со кои може да биде обележан вашиот производ од Samsung.

ВНИМАНИЕ
РИЗИК ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР. НЕ ОТВОРАЈТЕ.
ЗА ДА ГО НАМАЛИТЕ РИЗИКОТ ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР, НЕ ОТСТРАНУВАЈТЕ ГО КАПАКОТ (НИТУ ЗАДНАТА СТРАНА). ВО ВНАТРЕШНОСТА НЕМА ДЕЛОВИ КОИ МОЖЕ ДА СЕ ПОПРАВАТ ОД СТРАНА НА КОРИСНИКОТ. ПРЕПУШТЕТЕ ГО СЕРВИСИРАЊЕТО НА КВАЛИФИКУВАН ПЕРСОНАЛ.

Симбол за висок напон Симбол за висок напон

Овој симбол посочува дека во внатрешноста има висок напон. Опасно е да доаѓате во каков било контакт со внатрешните делови на овој производ.

Симбол за предупредување Симбол за предупредување

Овој симбол означува дека со овој производ се испорачува важна литература во врска со неговото функционирање и одржување.

Симбол за производ од класа 2 Симбол за производ од класа 2

Производ од класа II: Овој симбол означува дека не е потребно безбедносно заземјување. Ако овој симбол не е присутен на производот со кабел за напојување, тогаш тој производ МОРА да биде приклучен во штекер со заземјување.

Симбол за наизменична струја Симбол за наизменична струја

AC напон: Номиналниот напон означен со ваков симбол е наизменичен (AC) напон.

Симбол за еднонасочна струја Симбол за еднонасочна струја

DC напон: Номиналниот напон означен со ваков симбол е еднонасочен (DC) напон.

Симбол за внимание Симбол за внимание

Внимание. Погледнете во инструкциите за користење: Овој симбол му наложува на корисникот да погледне во Едноставен водич за користење за дополнителни информации поврзани со безбедноста.

Напојување
• Не оптоварувајте ги ѕидните приклучоци за струја, продолжителните кабли или адаптерите со надминување на нивниот капацитет. Тоа може да предизвика пожар или електричен удар.
Погледнете го делот со спецификации за напојувањето од прирачникот или ознаката за напојување на производот за информации за напонот и амперажата.
• Каблите за напојување треба да се постават на начин со кој ќе се избегне нивното газење или приклештување со предмети кои се поставени врз или до нив. Обрнете посебно внимание на приклучоците на краевите од кабелот, ѕидните приклучоци за струја и местата на кои излегуваат од уредот.
• Никогаш не вметнувајте метални предмети во отворените делови на овој уред. Ова може да предизвика електричен удар.
• За да избегнете електричен удар, никогаш не допирајте ја внатрешноста на овој уред. Само квалификуван техничар смее да го отвора овој уред.
• Приклучете го кабелот за напојување дури откако ќе го прицврстите уредот. Кога го исклучувате кабелот за напојување од ѕиден приклучок за струја, секогаш влечете за приклучокот на кабелот за напојување. Никогаш не исклучувајте го со влечење на самиот кабел. Не допирајте го кабелот за напојување со влажни раце.

• Ако овој уред не работи нормално - поточно, ако од него се слушаат невообичаени звуци или излегува некоја миризба - веднаш исклучете го од напојување и обратете се кај овластениот продавач или во сервисен центар на Samsung.
• За да го заштитите овој апарат од удар од гром или за да го оставите без надзор и да не го користите долг временски период, извадете го кабелот од ѕидниот приклучок за струја и исклучете ја антената или кабелскиот систем.
‒ Насобраниот прав може да предизвика електричен удар, истекување на струја или пожар, бидејќи поради правта кабелот за напојување може да создаде искри и топлина или изолацијата може
да ги изгуби своите својства.
• Користете само соодветно заземјени приклучоци и штекери.
‒ Неправилното заземјување може да предизвика електричен удар или оштетување на опремата. (само опрема од класа l.)
• За да го исклучите целосно овој уред, извадете го неговиот кабел од ѕидниот штекер. За да можете брзо да го исклучите кабелот за напојување на уредот доколку има таква потреба, овозможете лесен пристап до ѕидниот штекер и приклучокот за напојување.

Инсталирање
• Не го поставувајте овој уред во близина или над радијатор или грејни тела или, пак, на места каде што ќе биде изложен на директна сончева светлина.
• Не поставувајте садови (вазни итн.) кои содржат вода врз овој уред, бидејќи тоа може да предизвика пожар или електричен удар.
• Не изложувајте го уредот на дожд или влага.
• Обратете се во овластен сервисен центар на Samsung за да добиете повеќе информации доколку планирате да го инсталирате телевизорот на место со многу прав, високи или ниски температури, голема влажност, хемиски
супстанци или на места каде што ќе се користи во период од 24 часа како на аеродроми, железнички станици итн. Во спротивно може да предизвикате сериозни оштетувања на телевизорот.
• Не изложувајте го уредот на капки или прскање.

Монтирање на телевизорот на ѕид

Предупредување Предупредување

Ако го монтирате овој телевизор на ѕид, тогаш придржувајте се строго до инструкциите што ги наведува производителот. Доколку не се монтира правилно, телевизорот може да излезе од лежиштето или да падне, а притоа да предизвика сериозни повреди кај деца или возрасни и сериозни оштетувања
на телевизорот.

• За да го нарачате комплетот со ѕиден носач на Samsung, контактирајте со сервисниот центар на Samsung.
• Компанијата Samsung не е одговорна за оштетувањата на производот или повредите кај вас или другите лица, доколку изберете сами да го монтирате ѕидниот носач.
• Компанијата Samsung не одговара за оштетувањата на производот или личните повреди што може да настанат при употреба на ѕидни носачи кои не ги исполнуваат VESA стандардите или спецификациите за монтирање или во случаи кога корисникот не го следи упатството за инсталирање.
• Ѕидниот носач може да го инсталирате на цврст ѕид кој е поставен нормално на подот. Пред да го прицврстите ѕидниот носач на површини кои не се изработени од гипс картон, обратете се кај најблискиот продавач за да добиете дополнителни информации. Ако го поставите телевизорот на таван или ѕид кој е косо поставен, тој може да падне и да предизвика сериозни повреди.
• При монтирање на комплетот со ѕиден носач, ви препорачуваме да ги прицврстите сите четири VESA завртки.
• Ако сакате да инсталирате комплет со ѕиден носач што се монтира на ѕид само со две завртки на горниот дел, тогаш користете комплет со ѕиден носач од Samsung што поддржува ваков вид на инсталација. (Ваков вид на комплет со ѕиден носач може да не биде достапен за купување во зависност од географската област.)
• Не го монтирајте телевизорот со закосување над 15 степени.
• Стандардните димензии за ѕидните носачи се прикажани во табелата на Unpacking and Installation Guide.

Предупредување Предупредување

Не го монтирајте ѕидниот носач додека телевизорот е вклучен. Тоа може да предизвика лични повреди како последица на електричен удар.

• Не употребувајте завртки кои се подолги од стандардните димензии или не ги исполнуваат VESA стандардите за спецификација на завртки. Завртките кои се премногу долги можат да ја оштетат внатрешноста на вашиот телевизор.
• За ѕидните носачи кои не се во согласност со VESA стандардите за спецификација на завртките, должината на завртките може да се разликува во зависност од спецификациите на ѕидниот носач.
• Не прицврстувајте ги завртките премногу. На тој начин производот може да се оштети или, пак, да падне и да ве повреди. Компанијата Samsung нема да сноси одговорност за овој вид на несреќи.
• За монтирање на телевизорот на ѕид секогаш се потребни две лица.
‒ За монтирање на телевизорите од 82 инчи или поголеми на ѕид се потребни четири лица.

Обезбедување на соодветна вентилација за вашиот телевизор
При инсталирање на вашиот телевизор *и One Connect Box, одржувајте растојание од најмалку 10 cm помеѓу телевизорот и One Connect Box и останатите објекти (ѕидови, страните на комодата итн.) за да овозможите соодветна вентилација. Доколку не одржувате соодветна вентилација, тоа може да предизвика пожар или проблем кај производот кој ќе настане поради зголемување на неговата внатрешна температура.
*: Само модели што се поддржани од уредот One Connect
• Ако за инсталацијата на телевизорот користите држач или ѕиден носач, строго ви препорачуваме да користите делови обезбедени само од компанијата Samsung. Користењето делови од друг производител може да предизвика неправилна работа на производот или може да дојде до повреда предизвикана од неисправност на уредот.

Мерка за безбедност
Внимание: Повлекувањето, туркањето или качувањето на телевизорот може да предизвика паѓање на телевизорот. Особено не држете се за телевизорот и не го дестабилизирајте. Ова движење може да доведе до превртување на телевизорот, предизвикувајќи сериозни повреди или смрт. Придржувајте
се до сите безбедносни мерки кои се наведени во безбедносниот леток кој се испорачува со вашиот телевизор. За поголема стабилност и безбедност може да го купите и инсталирате системот што спречува паѓање на уредот, погледнете во „Мерки со кои ќе спречите паѓање на телевизорот“.

Предупредување Предупредување

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Никогаш не го поставувајте телевизорот на нестабилно место. Телевизорот може да падне и да предизвика сериозни повреди или смрт. Многу повреди можат да се избегнат со преземање неколку едноставни мерки на претпазливост, како на пример:

• Секогаш користете комоди или масички или начини за поставување што ги препорачува Samsung.
• Секогаш користете мебел што може безбедно да го држи телевизорот.
• Секогаш проверувајте дали телевизорот виси на работ од мебелот на кој е поставен.
• Секогаш укажувајте за опасностите од качување врз мебелот за да се дофати телевизорот или неговите копчиња.
• Секогаш поставувајте ги каблите поврзани во вашиот телевизор на начин на кој нема да можете да се сопнете од нив, да ги повлечете или истргнете.
• Никогаш не го поставувајте телевизорот на нестабилно место.
• Никогаш не поставувајте го телевизорот на висок мебел (на пример, ормани или полици) без да ги прицврстите и мебелот и телевизорот на соодветна подлога.
• Никогаш не поставувајте го телевизорот на ткаенини или други материјали што можат да се стават помеѓу телевизорот и мебелот на кој е поставен.
• Никогаш не поставувајте предмети, како што се играчки и далечински управувачи, кои може да ги предизвикаат некои да се качат врз телевизорот или мебелот на кој е поставен телевизорот. При користење и преместување на телевизорот важат истите мерки на претпазливост наведени погоре.
• Ако треба да го преместите или да го подигнете телевизорот за да го замените или за да го чистите, внимавајте да не го извлечете држачот.

Мерки со кои ќе спречите паѓање на телевизорот

Оваа слика покажува како да спречите паѓање на телевизорот.

★ (Икона ѕвезда) : Ѕидна типла (не е доставена)
a. Носачите треба добро да се прицврстат за ѕидот со помош на соодветни завртки. Проверете дали завртките се цврсто прикачени на ѕидот.
‒ Може да ви бидат потребни дополнителни материјали како ѕидни типли, во зависност од типот на ѕидот.
b. Носачите треба добро да се прицврстат за телевизорот со помош на завртки со соодветна големина.
‒ За спецификации за завртките, погледнете го делот за стандардни завртки во табелата на Unpacking and Installation Guide.
c. Поврзете ги носачите прицврстени за телевизорот и носачите прицврстени на ѕидот со издржлива и цврста жица, а потоа силно прицврстете ја жицата.
‒ Поставете го телевизорот блиску до ѕидот за да не може да падне наназад.
‒ Поврзете ја жицата така што носачите прицврстени за ѕидот да се наоѓаат на иста висина или пониско од носачите прицврстени за телевизорот.

Мерки на претпазливост при поставување на телевизорот на држач (само за
The Frame)

Кога го поставувате телевизорот на држач, не го поставувајте држачот на задната страна од површината на масата. Доколку не се придржувате до тоа, сензорот за движења во долниот дел на телевизорот може да не работи правилно.

Оваа слика покажува на што треба да внимавате кога го инсталирате вашиот телевизор-рамка користејќи статив.

Користење
• Овој уред користи батерии. Во вашата заедница можеби постојат еколошки регулативи според кои треба правилно да ги отстраните овие батерии. Ве молиме обратете се кај вашите локални власти за да добиете информации за отстранување или рециклирање.
• Галантеријата (далечински управувач, батерии итн.) треба да се складира на безбедно место кое не е на дофат.
• Не го испуштајте или удирајте производот. Ако производот е оштетен, исклучете го кабелот за напојување и обратете се во сервисен центар на Samsung.
• Не фрлајте ги далечинскиот управувач или батериите во оган.
• Не ги расклопувајте, прегревајте, или правете краток спој на батериите.
• По отстранувањето на заштитната фолија од екранот, никогаш не отстранувајте ја фолијата за поларизација.
‒ Ако ознаката за отстранување на заштитната фолија ја нема, заштитната фолија веќе е отстранета.
• ВНИМАНИЕ: Постои опасност од експлозија доколку батериите што сте ги користеле во далечинскиот управувач ги замените со батерии од погрешен вид. Заменете ги само со ист или еквивалентен вид.
• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - Не користете течни фумигатори што содржат хемикалии, како што се средства против комарци или освежувачи на воздух, околу производот.
‒ Ако пареата дојде во контакт со површината на производот или ако навлезе во производот, може да предизвика појава на дамки или дефекти.

предупредувачка свеќа предупредувачка свеќа

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - ЗА ДА СПРЕЧИТЕ ПОЈАВА НА ПОЖАР, СЕКОГАШ ЧУВАЈТЕ ГИ СВЕЌИТЕ И ДРУГИТЕ ИЗВОРИ НА ОТВОРЕН ОГАН ПОДАЛЕКУ ОД ОВОЈ ПРОИЗВОД.

Грижа за телевизорот
• За да го исчистите уредот, исклучете го кабелот за напојување од ѕидниот штекер и избришете го производот со мека и сува крпа. Не користете никакви хемикалии како восок, бензен, алкохол, разредувачи, инсектициди, освежувачи на воздух, лубриканти или детергенти. Овие хемикалии можат да го оштетат надворешниот изглед на телевизорот или да ги избришат испечатените ознаки на производот.
• Надворешниот дел и екранот на телевизорот може да се изгребат при чистење. Не заборавајте внимателно да го избришете надворешниот дел и екранот со мека крпа за да не направите гребнатини.
• Не прскајте вода или каква било течност директно на телевизорот. Секоја течност која ќе навлезе во производот може да предизвика неисправност, пожар или електричен удар.

Поврзување на телевизорот со уредот One Connect (само модели што се поддржани од уредот One Connect)
За повеќе информации како да се поврзете преку уредот One Connect, проверете во Unpacking and Installation Guide.

Предупредување Предупредување

• Уредот One Connect не треба да се користи во обратна или исправена положба.
• Водете сметка да не го подложувате кабелот на дејствата наведени подолу. Kабел за One Connect содржи електрично коло за напојување.

ЛАСЕРСКИ ПРОИЗВОД ОД КЛАСА 1 (Само модели што се поддржани од уредот
The Frame (One Connect))

• Внимание - Кога е отворен емитува невидлива ласерска радијација. Не гледајте во зракот.
‒ Немојте премногу да го превиткувате Kабел за One Connect. Немојте да го сечете кабелот.
‒ Не ставајте тешки предмети врз каблите.
‒ Немојте да ги расклопувате приклучоците на каблите.
• Внимание - користењето контроли, прилагодувања или постапки поинакви од тие што се наведени тука може да предизвика изложување на опасна радијација.

Со користење на држачот за кабли One Connect (само модели што се поддржани од One Connect)
Можете да го користите држачот за кабли One Connect за да ги средите каблите додека го поставувате ѕидниот носач.

Оваа слика покажува како да ги организирате каблите користејќи го држачот за кабли One Connect.

• Сликата може да биде различна, во зависност од моделот.

Почетно поставување
Кога за прв пат ќе го вклучите вашиот телевизор, тој веднаш ќе го активира почетното поставување. Следете ги инструкциите што се прикажуваат на екранот и конфигурирајте ги основните поставки на телевизорот според опкружувањето во кое го користите.
• Ќе ви треба сметка на Samsung за да пристапите до целиот опсег на паметни функции. Доколку изберете да не се пријавите, ќе добиете поврзување само со терестријален ТВ (се применува на уреди само со приемници) и надворешни уреди, на пр., преку HDMI.

Решавање на проблеми
За повеќе информации, погледнете во „Решавање на проблеми“ во Водич за корисници.
Ако советите за решавање на проблеми не помагаат, посетете ја ,,www.samsung.com" и кликнете на Поддршка или контактирајте со сервисниот центар на Samsung.
• Овој екран се состои од потпиксели за чие создавање е потребна софистицирана технологија. На екранот, сепак, може да се појават неколку светли или темни пиксели. Овие пиксели нема да имаат никакво влијание врз перформансите на уредот.
• За да го доведете вашиот телевизор во оптимална состојба, надградете го со најновиот софтвер. Искористете ја функцијата Ажурирај сега или Автоматско ажурирање во менито на телевизорот.

a. Телевизорот не може да се вклучи.
• Проверете дали кабелот за напојување е добро приклучен во производот и ѕидниот приклучок.
• Проверете дали ѕидниот приклучок за напојување функционира и дали сензорот за далечинскиот управувач на долната страна на телевизорот е вклучен и свети непрекинато во црвена боја.
• Обидете се да го притиснете копчето ТВ-контролор на долната страна на телевизорот за да проверите дали има проблем со далечинскиот управувач. Доколку телевизорот се вклучи, погледнете го делот „Далечинскиот управувач не функционира“.

b. Далечинскиот управувач не функционира.
• Проверете дали трепка сензорот на далечинскиот управувач на долната страна на телевизорот кога го притискате копчето за вклучување на далечинскиот управувач.
‒ Далечински управувач со батерии што може да се заменат: Ако не трепка, заменете ги батериите на далечинскиот управувач. Проверете дали поларитетот (+/–) на батеријата е поставен во точната насока. Се препорачуваат алкални батерии за подолг работен век.
‒ Далечински управувач што може да се полни: Кога батеријата на далечинското ќе се испразни, полнете ја батеријата со користење на УСБ- приклучокот (C-тип) за полнење или завртете го далечинскиот управувач за да ја изложите соларната ќелија на светлина.
• Обидете се да го насочите далечинскиот управувач директно кон телевизорот на оддалеченост од 1,5-1,8 m.
• Ако вашиот телевизор ви бил испорачан со Далечинска контрола на Samsung Smart (далечински управувач со Bluetooth), прво треба да го впарите далечинскиот управувач со телевизорот. За да спарите
Далечинска контрола на Samsung Smart, притиснете ги копчињата Врати и Репродукција/Пауза заедно 3 секунди.

Еко сензор и осветленост на екранот
Функцијата Еко сензор автоматски ја прилагодува осветленоста на телевизорот. Оваа функција ја мери светлината во вашата соба и автоматски ја оптимизира осветленоста на телевизорот за да ја намали потрошувачката на енергија.
• Еко сензорот се наоѓа на долната страна на телевизорот. Не го блокирајте сензорот со какви било предмети. Ова може да предизвика намалување на осветленоста на сликата.
‒ Оваа функција може да не биде поддржана во зависност од моделот.

Забелешки
• Овој уред е дигитален апарат од класа Б.
• За повеќе информации во врска со напојувањето и потрошувачката на енергија, погледнете ги информациите на налепницата залепена на производот.
‒ Кај повеќето модели етикетата е закачена на задната страна на телевизорот. (Кај некои модели етикетата е во капакот за приклучоци.)
‒ На моделите на уредот One Connect, ознаката е прикачена на долната страна на уредотOne Connect.
• Типичната потрошувачка на енергија се мери според IEC 62087.
• За да приклучите LAN-кабел, користете кабел CAT 7 (*тип STP) за поврзувањето. (100/10 Mbps)
* Shielded Twisted Pair
• Сликите и спецификациите на Unpacking and Installation Guide може да се разликуваат од вистинскиот производ.
• Броевите и сликите во овој Едноставен водич за користење служат само како референца и може да се разликуваат од вистинскиот изглед на производот. Дизајнот и спецификациите на производот може да се променат без претходно известување.
• Употребата на овој производ е ограничена и трајно лоцирана во градби, возови со метални прозорци и авиони. (Само QN990F, The Frame(LS03FW))
• Работењето на овој производ ќе биде ограничено само на внатрешна употреба. (Само QN900F)

Посетете ја www.samsung.com/support за да пронајдете понатамошни информации за надворешниот адаптер за напојување и далечинскиот управувач во врска со Директивата на ЕУ Екодизајн - регулатива ЕРП.
Можно е да ви наплатат дополнително во следните ситуации:
(a) Ако повикате инженер, но не е пронајден дефект на производот (т.е., во случај кога не сте го прочитале прирачникот за користење).
(b) Ако го однесете уредот во сервисниот центар на Samsung, каде што ќе се утврди дека нема дефект на производот (т.е., во случај кога не сте го прочитале прирачникот за користење).
Пред да ве посети техничкото лице, ќе бидете известени за сумата на административните трошоци.
После поправката од страна на неовластен сервис, само-поправка или непрофесионална поправка на производот, Samsung не е одговорен за каква било штета на производот, за каква било повреда или за кое било друго прашање во врска со безбедност на производот предизвикано од обид за поправка при што не се следени внимателно овие упатства за поправка и одржување. Секое оштетување на производот предизвикано од обид да се поправи производот од кое било друго лице, освен овластени сервисни центри на Samsung, нема да бидат опфатени со гаранцијата.

Намалување на потрошувачката на енергија
Кога ќе го исклучите телевизорот, тој преминува во режим на подготвеност. Кога е во режим на подготвеност, продолжува да троши мало количество на енергија. За да ја намалите потрошувачката на енергија, исклучете го
кабелот за напојување кога не планирате да го користите телевизорот подолг временски период.

Икона која укажува дека уредот не треба да се фрла со домашен отпад

Правилно депонирање на овој производ (Отпадна електрична и електронска опрема)
(Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот)

Оваа ознака на производот, приборот или литературата означува дека производот и неговиот електронски прибор (на пр. полначот, слушалките, USB кабелот) не треба да се отстрануваат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од нивниот работен век. За избегнување на можна штета врз околината или човечкото здравје предизвикана со неконтролирано фрлање отпад, Ве молиме да ги одвоите овие предмети од другите видови отпад и одговорно да ги рециклирате заради унапредување на еколошки оправдано повторно користење на материјалните ресурси.
Физичките лица можат да се обратат или во продавницата каде што го купиле овој производ или во службите на локалната самоуправа, за детали каде и како да извршат рециклирање на производот на начин безбеден по околината.
Деловните корисници можат да се обратат до својот снабдувач и да ги проверат одредбите и условите во договорот за набавка. Овој производ и неговиот електронски прибор не треба да се мешаат со друг комерцијален отпад.
Отстранување на батеријата
• За да ја отстраните батеријата, контактирајте со овластен сервисен центар. За да добиете упатства за отстранување на батеријата, Ве молиме посетете ја www.samsung.com/global/ecodesign_energy.
• За Ваша безбедност, не обидувајте се да ја отстраните батеријата. Ако батеријата не е соодветно отстранета, тоа може да доведе до оштетување на батеријата и уредот, да предизвика лична повреда, и/или да резултира со намалена безбедност на уредот.

‒ За батерии што се отстрануваат

отстранување на батерии

Правилно отстранување на батериите од овој производ
(Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот)

Оваа ознака на батеријата, на упатството или на пакувањето означува дека батериите од овој производ не треба да се отстранат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од нивниот работен век. Каде што се означени хемиските симболи Hg, Cd или Pb означуваат дека батеријата содржи жива, кадмиум или олово над препорачаното ниво во Директивата 2006/66/EC. Ако батериите не се отстранат правилно, овие супстанци можат да предизвикаат штета врз човековото здравје или животната средина.
За заштита на природните ресурси и поддршка за повторното користење на материјалните ресурси, Ве молиме да ги одвоите батериите од останатиот отпад и да ги рециклирате преку Вашиот локален, бесплатен систем за враќање на батерии.
• Видот на батеријата може да се разликува во зависност од моделот.

‒ За вградени батерии

отстранување на батерии

Правилно отстранување на батериите од овој производ
(Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот)

Ознаката на батеријата, упатството или пакувањето укажува дека батеријата во овој производ не треба да се фрла заедно со останатиот отпад од домаќинството. Каде што се означени, хемиските симболи Hg, Cd или Pb означуваат дека батеријата содржи жива, кадмиум или олово над препорачаното ниво во Директивата 2006/66/EC.
Батеријата која е составен дел од овој производ не може да биде заменета од корисникот. За информации за нејзина замена, Ве молиме обратете се до
Вашиот сервисен центар. Не обидувајте се да ја отстраните батеријата или да ја фрлите во оган. Не расклопувајте ја, не кршете ја или не дупчете ја батеријата.
Ако сакате да се ослободите од производот, местото за собирање отпад ќе ги преземе неопходните мерки за рециклирање и третман на производот, вклучувајќи ја и батеријата.
• Видот на батеријата може да се разликува во зависност од моделот.

Водич со регулативи

ВАЖНИ МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Ако телевизорот не е поставен на доволно стабилна локација, може да биде потенцијално опасен поради паѓање. Многу повреди, особено кај децата, можат да се избегнат со преземање неколку едноставни мерки на претпазливост, како на пример:
Ставете го телевизорот на платформа, статив, комода, маса или друга површина што е:
‒ препорачана од Samsung или се продава заедно со производот;
‒ безбедна и стабилна;
‒ доволно широка во основата и поширока од основните димензии на телевизорот;
‒ доволно цврста и голема за да ја издржи големината и тежината на телевизорот.
Поставете го телевизорот во близина на ѕидот за да ја избегнете можноста од негово паѓање кога ќе се поттурне.
Телевизорот треба да го монтира овластен монтер од Samsung.
Следете ги упатствата од прирачникот за монтирање при монтирање на ѕид и користете ја опремата за монтирање што е доставена од Samsung.
Поставете го телевизорот кон задната страна од мебелот или површината на којашто е поставен.
Поставете го телевизорот за да не виси од работ на мебелот или површината на којашто е поставен.
Не ставајте предмети да висат на или од телевизорот.
Прицврстете го телевизорот и мебелот на којшто е поставен на соодветна поддршка особено во случај на висок мебел, како што се ормани или полици што се повисоки од еден метар. Ова може да се направи со користење цврсти држачи, безбедносни ременчиња или држачи што се направени специјално за телевизори со рамен екран.

Не ставајте каков било материјал помеѓу телевизорот и мебелот на којшто се става.
Ако мебелот на којшто е поставен телевизорот има фиоки, комоди или полици под телевизорот, преземете мерки за да спречите децата да се качуваат, како што се монтирање безбедносни резиња за да спречите отворање на вратите.
Чувајте ги миленичињата подалеку од телевизорот.
Поучете ги децата за опасностите од качување врз мебелот за да го достигнат телевизорот или неговите копчиња.
Ако не ги преземете овие мерки за безбедност, телевизорот може да падне од стативот или опремата за монтирање, што ќе предизвика оштетување или сериозна повреда.

Поврзување на приклучокот за напојување (само во ОК)
ВАЖНА НАПОМЕНА
Кабелот за напојување на оваа опрема е доставен со соодветен приклучок што има осигурувач. Вредноста на осигурувачот е наведена на предната страна
од игличките на приклучокот и, ако треба да се замени, мора да се користи осигурувач што е одобрен според BSI1362 со истата вредност.
Никогаш не користете приклучок без капак на осигурувачот ако капакот може да се извади. Ако е потребен заменски капак за осигурувачот, тој мора да биде со иста боја како предната страна на игличката од приклучокот. Заменските капаци се достапни кај продавачот.
Ако поставениот приклучок не е соодветен за штекерите во вашиот дом или ако кабелот не е доволно долг за да стигне до штекерот, треба да набавите соодветен безбеден продолжен кабел или да се консултирате со продавачот. Сепак, ако не постои алтернатива и мора да го пресечете приклучокот, извадете го осигурувачот, па безбедно отстранете го приклучокот.
НЕ поврзувајте го приклучокот во штекерот ако постои ризик од струен удар од соголениот флексибилен кабел.
ВАЖНО
Жиците во кабелот за напојување ги имаат следниве бои: СИНА - НЕУТРАЛНО КАФЕНА - ЖИВА
Бидејќи овие бои може да не одговараат на терминалите во штекерот, продолжете на следниов начин:
СИНАТА жица мора да се поврзе со терминалот означен со буквата N или со СИНА или ЦРНА боја. КАФЕНАТА жица мора да се поврзе со терминалот означен со буквата L или со КАФЕНА или ЦРВЕНА боја.

Предупредување Предупредување

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: НЕ ПОВРЗУВАЈТЕ НИТУ ЕДНА ОД ЖИЦИТЕ СО ТЕРМИНАЛОТ ЗА ЗАЗЕМЈУВАЊЕ, ШТО Е ОЗНАЧЕН СО БУКВАТА E ИЛИ СО СИМБОЛОТ ЗА ЗЕМЈА ИЛИ Е СО ЗЕЛЕНА ИЛИ ЖОЛТА И ЗЕЛЕНА БОЈА.

ENERGY STAR

Energy Star Energy Star

Само за модел што е квалификуван за ENERGY STAR
‒ Вашиот производ од Samsung е квалификуван за ENERGY STAR според стандардните фабрички
поставки. Промената на одредени функции, поставки и функционалност во овој производ може да ја промени потрошувачката на енергија за квалификација за ENERGY STAR.
‒ Агенција за заштита на животната средина и Министерство за енергија. ENERGY STAR е заедничка програма на владините агенции, направена за
да промовира енергетски ефикасни производи и практики.

Погледнете ја веб-локацијата www.energystar.gov за повеќе информации за програмата ENERGY STAR.

Само за модел што е квалификуван за ENERGY STAR (другите модели)
Како партнер на ENERGY STAR, Samsung одреди дека овој производ или модели на производи ги исполнуваат насоките на ENERGY STAR за енергетска ефикасност.


Информации за рециклирање (понуда за враќање)
За информации за рециклирање за нашиот производ и пакување, контактирајте со компанијата што е одговорна за вашиот регион на живеење.
За оние кои живеат во други земји, контактирајте со најблискиот локален продавач на Samsung за информации за рециклирање за производите да бидат третирани на еколошки прифатлив начин.
Потрошувачите во Европа може да ги најдат информациите за враќање подолу: https://www.samsung.com/uk/sustainability/environment/environment-data/ За повеќе информации за регулаторните обврски специфични за некои производи и еколошките цели на Samsung, на пр., REACH, WEEE, батерии, посетете ја веб-страницата: https://www.samsung.com/uk/sustainability/environment/environment-data/
(Италија: https://www.samsung.com/it/sustainability/environment/environment-data/)
Барања од Екодизајн за надворешни уреди за напојување: Барања за информации (само за модел со додаден адаптер)
www.samsung.com/global/ecodesign_component


Низ целиот свет
Кај моделите што поддржуваат One Connect или One Connect Mini, кога телевизорот е поврзан со надворешен уред како DVD/BD плеер или set-top box преку HDMI, режимот за синхронизација на напојувањето ќе се активира автоматски. Во овој режим за синхронизација на напојувањето, телевизорот ќе продолжи да открива и да се поврзува со надворешни уреди преку HDMI кабел. Оваа функција може да се деактивира со отстранување на HDMI-кабел на поврзаниот уред.

Водич за осветленост (само за модел 8K по 2023 г.)

Нашата заложба
Како глобален корпоративен граѓанин, нашите напори за одржливост се водат од силни еколошки принципи. Затоа, сите телевизори на Samsung се изработени во согласност со целта за одржливо управување.
За ваше лично задоволство и удобна околина за гледање, ги вклучивме следниве информации за да ги советуваме корисниците за тоа како може да приспособат одредени карактеристики на екранот.

Упатства
Samsung ја постави стандардната осветленост пониско од максималната осветленост за заштеда на енергија.
Може да ја приспособите осветленоста на екранот со користење на поставките подолу, но таквото приспособување може да ја промени потрошувачката на енергија:

Решение за заштеда на енергија
a. Поставено од почетната поставка
‒ Заштеда на енергија на Авто.
b. Поставено од менито Поставки
‒ Сите поставки Општо и приватност Заштеда на струја и енергија Решение за заштеда на енергија на Авто.

Поставки за осветленост
‒ Сите поставки Слика Експертски поставки Интензитет до 50 (макс.)
* Ако сакате да ја приспособите вредноста за Осветленост, прво променете Решение за заштеда на енергија на Авто..

Водич за Wireless One Connect (само модели што се поддржани од уредот Wireless One Connect во 2025 г.)

Мерки на претпазливост при монтирање на Wireless One Connect
• Се препорачува Wireless One Connect да биде инсталиран на растојание од 10 m од екранот.
‒ Ефективниот опсег може да се разликува, во зависност од условите во безжичното опкружување.

(Оваа слика го покажува максималното ефикасно растојание помеѓу екранот и Wireless One Connect.)

(Оваа слика го покажува максималното ефикасно растојание помеѓу екранот и Wireless One Connect.)

• Монтирајте го Wireless One Connect на локации без пречки (пр., бетонски
ѕидови и метален мебел) кои може да
влијаат на работењето на безжичните сигнали.

Оваа слика покажува дека Wireless One Connect треба да се инсталира на место без пречки.

(Оваа слика покажува дека Wireless One Connect треба да се инсталира на место без пречки.)

• Монтирајте ги Wireless One Connect и екранот во истиот простор.
• Користете го специјализираниот адаптер за напојување од тип-C и кабелот кој доаѓа со Wireless One Connect.
‒ Уредот може да не работи правилно ако се користи со компоненти поинакви од оние кои доаѓаат со уредот.
• Wireless One Connect и различни модели не можат да се користат наизменично. Добиениот Wireless One Connect може да се користи само со екран од ист модел.


Поврзување на Wireless One Connect

Оваа слика е Wireless One Connect. Оваа слика е Wireless One Connect.

A. LED индикација: го покажува статусот на уредот
B. Копче PAIR: се користи да се поврзе Wireless One Connect на екранот
• Користете го ова копче кога повторно конфигурирате поставки по рестартирање или менување на екранот.

Проверување на статусот на Wireless One Connect (кога е поврзан)
Кога Wireless One Connect е поврзан на екранот, неговиот статус може да се провери со гледање на бојата на сијаличката на LED индикација.

• Сина (трепка) (режим на спарување): Wireless One Connect е подготвен да се поврзе со екранот.
‒ Ако е потребно реактивирање на режимот на спарување, притиснете и држете го копчето PAIR 3 секунди.
‒ Wireless One Connect е стандардно поставен на режим на спарување.
• Бела (режим за максимална заштеда на енергија): Wireless One Connect е во состојба на штедење енергија.
‒ Wireless One Connect автоматски влегува во режим штедење енергија ако бил исклучен од екранот 30 минути.
‒ Да деактивирате режим штедење енергија, допрете го копчето PAIR или повторно поврзете го електричното напојување.
• За да го проверите OC Name во текот на постапката на поврзување, завртете го Wireless One Connect и проверете ја етикетата на долниот дел.
• Ако треба да се поврзете на Wireless One Connect по почетните поставки, воспоставете поврзување со користење на менито поставки.

Проверување на статусот на Wireless One Connect (кога е поврзан)
Кога Wireless One Connect е поврзан на екранот, неговиот статус може да се провери со гледање на бојата на сијаличката на LED индикација.
• Сина (добро): Поврзувањето е многу добро.
• Жолта (лошо): Поврзувањето не е добро. Приспособете ја позицијата на Wireless One Connect.
• Црвена (многу лошо): Поврзувањето е многу лошо. Приспособете ја позицијата на Wireless One Connect или повторно поврзете го.
• Бела (режим за максимална заштеда на енергија): Ако екранот е исклучен, Wireless One Connect е деактивиран и влегува во режим на заштеда на енергија. Ако екранот е вклучен, Wireless One Connect е активиран и автоматски е поврзан на екранот.

Решавање на проблеми
Ако Wireless One Connect бил исклучен од екранот подолго време, автоматското поврзување со екранот може да не функционира правилно.
• Ако уредот е во режим штедење енергија (во кој бојата на сијаличката на LED индикација е бела), притиснете го копчето PAIR да го исклучите режимот штедење енергија и повторно да го поврзете уредот.

Производител : Samsung Electronics PO Box 12987, Dublin. IE

Code to Open Chat Window