Како да го користам режимот за добар сон Good Sleep во мојот клима уред?

Користењето на функцијата за добар сон ќе ви овозможи чувство на удобност во текот на спиењето. Истовремено, оваа функција штеди енергија додека спиете. 

Искуства со режимот за добар сон

Режимот за добар сон е посебна карактеристика за најудобно спиење со автоматско приспособување на температурата и на влажноста. Оваа карактеристика ја одржува оптималната телесна температура за максимален одмор. Исто така, таа е во можност да ја намали потрошувачката на енергија за 36% споредено со конвенционалниот режим за ладење.

Забелешка: Вистинскиот изглед на далечинскиот управувач може да се разликува зависно од моделот што го имате. 

Фаза на заспивање (А)

Во оваа фаза функцијата ви го олеснува заспивањето со намалување на температурата. Температурата ќе се намали на 1-2°C од нагодената температура. Времетраењето на оваа фаза е до еден час.

 

Фаза на цврсто спиење (В)

Во оваа фаза вашата телесна температура ќе се зголеми незначително. Клима-уредот автоматски ја зголемува температурата за 1-2°C од нагодената температура. Времетраењето е од 2 до 7 часа и тоа може да се приспособи независно од корисникот.

 

Фаза на будење (С)

Оваа фаза ви овозможува да се разбудите во услови на пријатeн воздух и прави да се чувствувате освежени. Температурата се зголемува за 3°C од нагодената температура и се менува во овој опсег.

Забелешка: Оваа функција се разликува во зависност од моделот што го имате. (Модел што има само функција ладење нема режим за греење.)

Чекор 1. Изберете го режимот Cool (Лади) или Heat (Загревај) со користење на копчето за режим.

Чекор 2. Притиснете на копчето за Timer (Тајмер) трипати и тоа ќе ја прикаже иконата за спиење.

Чекор 3. Времето за спиење се нагодува со користење на копчето со стрелка. Кога ќе притиснете на копчето SET (Нагоди) се потврдува времето за спиење.

Чекор 4. Приспособете ја температурата со притискање на копчето + или -

Забелешка:

  • Часови за работа стандардно се нагодени на 8 часа.
  • Препорачаната нагодена температура е меѓу 25-27°C за ладење и 21-23°C за греење.
  • Функцијата Wind-Free (Без дување) не е достапна во режимот за греење.

Чекор 5. Ако сакате да го користите режимот за добар сон без дување Wind-Free, притиснете на копчето Wind-Free. (Само за модели со функцијата без дување)

Чекор 6. Притиснете на копчето SET/Cancel (Нагоди/Откажи) за да го активирате и деактивирате режимот.

Забелешка:

  • Ако не притиснете на копчето SET/Cancel (Нагоди/Откажи) во рок од 10 секунди откако сте притиснале на копчето good'/bio sleep, клима-уредот ќе се врати во претходниот статус.
  • Вистинскиот изглед на далечинскиот управувач може да се разликува зависно од моделот што го имате.

Благодариме за повратните информации