Како да ги подобрите сликите сликани одблизу со Galaxy S23

Моделот Galaxy S23 Ultra има подобрување на фокусирањето за сликање одблизу и ви помага полесно да фотографирате слики одблизу. 

Приказ на слика сликана одблизу.

Имајте предвид: поддржани модели на камери со подобрување на сликањето одблизу: S23 Ultra, S22 Ultra, S21 Ultra.

Кога ќе ги доближите леќите од камерата за фотографирање одблизу, ќе се активира функцијата за подобрување на фокусот за сликање одблизу, леќите од камерата ќе се наместат за ултраширок агол и ќе бидат оптимизирани за фотографии одблизу. Во овој момент, можеби ќе изгледа дека местоположбата на целта за фотографирање (субјектот) се променила или се поместила на екранот од камерата. 

Ако не сакате да ја користите функцијата за подобрување на фокусирањето за сликање одблизу, тогаш исклучете ја. 

Како да ја вклучите или исклучите функцијата функцијата за подобрување на фокусирањето за сликање одблизу на Galaxy.

Можете да ја вклучите или исклучите оваа функција ако ја изберете иконата за функцијата за подобрување на фокусирањето одблизу на екранот од камерата. 

Приказ на вклучена функција за подобрување на фокусирањето за сликање одблизу Приказ на вклучена функција за подобрување на фокусирањето за сликање одблизу

Чекор 1. Отворете ја апликацијата за камерата и допрете на иконата функцијата за подобрување на фокусирањето за сликање одблизу, па кога ќе засвети жолто, тогаш е активирана.

Приказ на исклучена функција за подобрување на фокусирањето за сликање одблизу Приказ на исклучена функција за подобрување на фокусирањето за сликање одблизу

Чекор 2. Допрете повторно за да ја исклучите.

Благодариме за повратните информации