Како да снимате, уредувате и споделувате видеа во 8K преку својот Galaxy уред

8K резолуцијата нуди неверојатен квалитет на видео, а со Galaxy уредите можете брзо и лесно да снимате, уредувате и да ги споделувате своите 8K видеа.

Прикажан е човек кој снима видео во 8K резолуција на Galaxy уред.

Имајте предвид: Снимањето видео во 8K резолуција не е достапно на сите Galaxy уреди.

Како се снима видео во 8K резолуција

Прикажана е иконата Камера. Прикажана е иконата Камера.

Чекор 1. Отворете ја апликацијата Камера.

Прикажана е иконата Видео. Прикажана е иконата Видео.

Чекор 2. Допрете на „Видео“ или „Про видео“.

Прикажано е видео каде што е истакната резолуцијата. Прикажано е видео каде што е истакната резолуцијата.

Чекор 3. Допрете на иконата за резолуција за да ја изберете посакуваната видеорезолуција.

Прикажана е стапката на кадри во видеото. Прикажана е стапката на кадри во видеото.

Чекор 4. Откако ќе ја изберете резолуцијата, допрете на Стапка на кадри.

Приказ од видеозапис, каде што е истакнато копчето за издвојување кадар. Приказ од видеозапис, каде што е истакнато копчето за издвојување кадар.

Чекор 5. Откако ќе ги поставите резолуцијата и стапката на кадри, а вие снимате видео, можете да допрете на копчето за издвојување кадар за да снимите слика од видеото.

Прикажана е галеријата, каде што е истакнато видеото. Прикажана е галеријата, каде што е истакнато видеото.

Чекор 6. Откако ќе завршите со снимање, отворете јаапликацијата Галерија и изберете го видеото.

Допрете за да го пуштите избраното видео, а додека се репродуцира можете да допрете на иконата Сними за да снимите слика со висока резолуција.

Корисни информации за тоа како да ги уредувате видеата може да најдете во делот „Како се користи Samsung уредувачот на видео“.

Како се менува резолуција на веќе снимено видео

Прикажано е избрано видео во галеријата. Прикажано е избрано видео во галеријата.

Чекор 1. Отворете ја Галеријата и изберете видео.

Прикажано е избраното видео, каде што е истакната иконата за уредување. Прикажано е избраното видео, каде што е истакната иконата за уредување.

Чекор 2. Допрете на копчето за уредување.

Прикажана е иконата за повеќе опции за видеото. Прикажана е иконата за повеќе опции за видеото.

Чекор 3. За да ја приспособите видеорезолуцијата, допрете на Повеќе опции.

Прикажано е видео, каде што во менито со повеќе опции е истакнат делот за големина и формат. Прикажано е видео, каде што во менито со повеќе опции е истакнат делот за големина и формат.

Чекор 4. Допрете на „Големина и формат“.

Прикажани се достапните видеорезолуции. Прикажани се достапните видеорезолуции.

Чекор 5. Допрете на за да ја изберете посакуваната видеорезолуција.

Прикажано е копчето за зачувување на измените во видеото. Прикажано е копчето за зачувување на измените во видеото.

Чекор 6. Откако ќе бидете готови, допрете на „Зачувај“ за да завршите.

Прикажано е како се зачувуваат измените во видеото со лента за напредок.

Сега, видеото ќе биде зачувано и достапно во Галеријата.

Имајте предвид: За големи датотеки или за видеа со висока резолуција можеби ќе бидат потребни неколку минути за да се зачуваат.

Како се споделува 8K видео

Прикажани се достапните видеа во галеријата. Прикажани се достапните видеа во галеријата.

Чекор 1. Отворете ја Галеријата и изберете го видеото што сакате да го споделите.

Прикажано е избраното видео, каде што е истакната иконата за споделување. Прикажано е избраното видео, каде што е истакната иконата за споделување.

Чекор 2. Допрете на иконата за споделување.

Прикажани се достапните опции за споделување. Прикажани се достапните опции за споделување.

Чекор 3. Изберете опција за споделување.

Благодариме за повратните информации