Како да ги користите карактеристиките на Galaxy Watch

Часовникот Galaxy располага со нови и ажурирани карактеристики за побезбеден уред, за следење на целите за фитнес и надзор врз здравјето.

Приказ на уреди Galaxy Watch.

Активирајте Water Lock

Кога го користите часовникот Galaxy во вода или околу неа, вклучете го режимот Water lock за да спречите вода да допре на екранот. Исто така, ќе овозможи заштита од случајно активирање на часовникот со гест за разбудување додека пливате.

Приказ на панелот за брз пристап. Приказ на панелот за брз пристап.

Чекор 1. Лизгајте со прстот надолу на почетниот екран за да го откриете панелот за брз пристап.

Приказ на панелот за брз пристап со истакната икона за water lock. Приказ на панелот за брз пристап со истакната икона за water lock.

Чекор 2. Допрете на иконата Water lock .

Приказ на карактеристиката water lock со инструкции за исклучување. Приказ на карактеристиката water lock со инструкции за исклучување.

Чекор 3. За да ја исклучите, притиснете и држете на копчето Почетна две секунди.

Мерење на составот на телото

Часовникот Galaxy располага со напредни сензори за поточно анализирање на телото. Новиот сензор Bioelectrical Impedance Analysis (BIA) ви овозможува да ги измерите телесните масти, па дури и скелетните мускули.

Приказ на апликацијата Samsung Health и Состав на телото. Приказ на апликацијата Samsung Health и Состав на телото.

Чекор 1. Отворете ја апликацијата Samsung Health, лизгајте надолу и допрете на „Состав на телото“.

Приказ на Состав на телото со копчето Измери. Приказ на Состав на телото со копчето Измери.

Чекор 2. Допрете „Измери“.

Приказ на претпочитаниот параметар за пол на Состав на телото. Приказ на претпочитаниот параметар за пол на Состав на телото.

Чекор 3. Изберете го полот.

Приказ на мерење висина со Состав на телото. Приказ на мерење висина со Состав на телото.

Чекор 4. Изберете ја висината.

Приказ на внесувањето вредност за тежина во Состав на телото. Приказ на внесувањето вредност за тежина во Состав на телото.

Чекор 5. Внесете ја тежината и допрете „Готовс“.

Приказ на здравствено предупредување во Состав на телото. Приказ на здравствено предупредување во Состав на телото.

Следете ги инструкциите на екранот за да го завршите мерењето.

Имајте предвид:

  • земете предвид дека следењето на Состав на телото е само за фитнес и велнес, а не за дијагноза или лекување некаква здравствена состојба.

  • Не вршете мерења ако имате вграден пејсмејкер или друго медицинско помагало.

Измерете ги нивоата на стрес

Со Galaxy Watch може да ги мерите нивоата на стрес со проверка на срцевиот ритам и некои други фактори.

Приказ на апликацијата Стрес во Samsung Health. Приказ на апликацијата Стрес во Samsung Health.

Чекор 1. Отворете ја апликацијата Samsung Health, лизгајте надолу и допрете „Стрес“.

Приказ на апликацијата Стрес во Samsung Health со копчето „Измери“. Приказ на апликацијата Стрес во Samsung Health со копчето „Измери“.

Чекор 2. Допрете „Измери“.

Приказ на апликацијата Стрес во Samsung Health со подготовка за мерење. Приказ на апликацијата Стрес во Samsung Health со подготовка за мерење.

Чекор 3. Почекајте Galaxy да се подготви.

Приказ на апликацијата Стрес во Samsung Health со ниво на мерење. Приказ на апликацијата Стрес во Samsung Health со ниво на мерење.

Чекор 4. Нивоата на стрес ќе бидат прикажани процентуално.

Имајте предвид:  

  • Мерењата за ниво на стрес се само за лична употреба и не даваат конечно медицинско мислење.

  • Ако почувствувате стрес, непријатност или не ви е добро, одете на лекар.

Следете ја брзината на срцевиот ритам

Може да биде корисно да знаете со која брзина ви чука срцето бидејќи помага да одредите дали вежбите се доволно интензивни за да имате корист од нив, но не толку интензивни за да создадат физички компликации.

Приказ на апликацијата Срцев ритам во Samsung Health. Приказ на апликацијата Срцев ритам во Samsung Health.

Чекор 1. Отворете ја апликацијата Samsung Health, лизгајте надолу и допрете „Пулс“.

Приказ на апликацијата Срцев ритам во Samsung Health со копчето „Измери“. Приказ на апликацијата Срцев ритам во Samsung Health со копчето „Измери“.

Чекор 2. Допрете „Измери“.

Приказ на информации за Срцев ритам во апликацијата Samsung Health. Приказ на информации за Срцев ритам во апликацијата Samsung Health.

Чекор 3. Ќе бидат прикажани информации за срцевиот ритам.

Имајте предвид: 

  • Мерењата за срцев ритам се само за лична употреба и не даваат конечно медицинско мислење.

  • Ако не се чувствувате добро или ви е непријатно, побарајте медицинска помош.

Благодариме за повратните информации