Ажурирања на софтвер за Samsung слушалки

Лесно е да се биде во тек со најновите ажурирања на слушалките кога ја користите апликацијата Galaxy Wearable на телефон или на таблет или апликацијата Galaxy Buds на компјутер. Овие апликации ќе Ви овозможат да ги спарите и контролирате Вашите слушалки, како и да проверите дали има ажурирања на софтвер за нив. На тој начин, ќе бидете сигурни дека тие се актуелни и можете да уживате во сета Ваша омилена музика.

Galaxy Buds

За да се проверите дали ажурирањата на софтверот работат непречено, има неколку работи што можете да ги направите на Вашиот телефон, таблет или компјутер.

  • Доколку имате Galaxy телефон, најпрво поврзете ги слушалките од серијата Galaxy Buds со апликацијата Galaxy Wearable на телефон или таблет, или на управувач со софтвер на компјутер за да проверите за ажурирања. 

Забелешка: Galaxy Buds Pro и Buds Live не се компатибилни со Galaxy Buds Manager на компјутер.

  • За да видите што содржи ажурирањето пред да го инсталирате, можете да допрете на Што има ново на скок-прозорецот за ажурирањето. На тој начин, ќе знаете што точно се менува.
  • Откако ќе се инсталираат ажурирањата на софтверот, можете да користите една слушалка со Вашиот уред.
  • Ако наидете на проблеми при ажурирање на слушалките, можете да ги рестартирате така што ќе ги ставите во кутијата за полнење и ќе го затворите капакот 10 секунди.

Кога е достапно ажурирање на софтвер за слушалките, апликацијата Galaxy Wearable ќе Ве извести со скок-прозорец. Допрете Ажурирај и следете ги упатствата. Ќе се прекине врската помеѓу слушалките и телефонот. Откако ќе заврши ажурирањето, слушалките автоматски повторно ќе се поврзат со телефонот.

Како да го ажурирате софтверот за Galaxy Bud2 Pro и претходните модели со користење на апликацијата Wearable Како да го ажурирате софтверот за Galaxy Bud2 Pro и претходните модели со користење на апликацијата Wearable

За рачно да проверите дали има ажурирања на софтверот, двете слушалки мора да имаат полна батерија и да се поврзани со апликацијата. Вметнете ги слушалките во кутијата за полнење, и оставете го капакот отворен.

  • Допрете на Поставки за слушалките, допрете на Ажурирање на софтверот за слушалки, потоа допрете на Преземи и инсталирај.
Ажурирања на софтвер со апликацијата Galaxy Wearable

Благодариме за повратните информации