ИСТАКНАТО

Безусловно прекрасен

На секое место, во секој момент, од секој агол
Две жени гледаат во модел на The Serif во облак бела боја, поставен на држач во модерна дневна соба. Сликата на екранот на The Serif покажува зимска сцена со шума и снег.
Две жени гледаат во модел на The Serif во облак бела боја, поставен на држач во модерна дневна соба. Сликата на екранот на The Serif покажува зимска сцена со шума и снег. Зумирање со фокус на The Serif
The Serif го менува начинот на кој ги гледаме телевизорите, како ги користиме и како тие се вклопуваат во нашите животи. Сакаме да ти претставиме што се The Serif може да понуди во твојот живот. Сите начини да го направиш уникатно твој. Самиот по себе The Serif остава силна порака. Одбери сам како сакаш да го користиш и обликувај го твојот стил околу него.
Прикажани се клучните аспекти на телевизорот The Serif, почнувајќи од уникатниот дизајн кој изгледа неверојатно од сите агли, потоа, колку е лесно да се поврзе The Serif со твојот мобилен и да се споделува содржина со помош на NFC, како и можноста да се ужива во извонреден квалитет на сликата со 100 % видливост на боите благодарение на технологијата QLED на Samsung. Видеото завршува со прикажување на амбиенталниот режим на The Serif и уникатната инспирација која тој ја нуди за твојот простор. Слика од маж во крупен план кој го скицира уникатниот профил на The Serif во форма на буквата „I“. Потоа, го гледаме профилот на вистински модел на телевизорот The Serif во облак бела боја, со зборовите „The Serif“ од десната страна и забелешка во долниот дел која гласи: „Ова видео е симулирано и служи само за илустрација. Спецификациите за изгледот, дизајнот и графичкиот кориснички интерфејс кои не влијаат на перформансот на производот подлежат на промени без известување. Погледнете ја нашата страница со детали за производот на Samsung.com.“ Потоа, покажан е црн модел на The Serif, малку наведнат напред со фокус на страничниот профил. Зборовите „Iconic Design (Уникатен дизајн)“ се појавуваат во горниот лев агол, со забелешка во долниот дел, која гласи: „Реалните производи може да се разликуваат од прикажаниот на сликата. Вистинските боја и големина на производот може да се разликуваат во зависност од регионот.“ Телевизорот ротира и за момент го прикажува задниот дел пред да премине на модел на The Serif во облак бела боја од различни перспективи на уникатниот дизајн. Потоа, сцената се менува и камерата се движи од лево кон десно за да покаже низа разни модели на телевизорот Serif, кои се менуваат од црна во облак бела боја. Секој телевизор е поставен под различен агол, понекогаш на држач, а понекогаш на масичка. На сите екрани има видео од зелена ливада и дување на ветер. Камерата кратко се задржува на 7-от телевизор, модел на The serif во памук сина боја, поставен на црн држач. Потоа, The Serif се врти и собата се трансформира, со едноставен мебел кој се врти додека не биде комплетен и не се добие прекрасен простор во чијашто средина се наоѓа The Serif. Потоа, во друга удобна дневна соба се наоѓа модел на The Serif во облак бела боја, поставен на држач во средина на собата, осветлена од огромен светларник. Зборовите „360 All Around Design (360 Дизајн од секој агол)“ се појавуваат во горниот лев агол, со забелешка во долниот дел, која гласи: „Реалниот производ може да се разликува од прикажаниот на сликата. Вистинските боја и големина на производото може да се разликуваат во зависност од регионот.“ Собата ротира и повторно се трансформира за да покаже друг модел на The Serif од неговата задна страна, поставен на држач кој се расклопува. Камерата продолжува да се движи, ротирајќи во кујна каде се наоѓа модел на The Serif во облак бела боја поставен на шкаф, на крајот на долга кујнска маса. Потоа, повторно ротира за да покаже друга соба со светларници. Модел на The Serif во облак бела боја поставен на држач во средина на собата, пред тепихот. Зборовите „NFC on TV (NFC на телевизорот)“ се појавуваат во горниот лев агол, со забелешка која гласи: „Кога користиш NFC на телевизорот, функцијата Bluetooth на твојот мобилен телефон ќе се активира автоматски. Графичкиот кориснички интерфејс и звучниот ефект во оваа сцена се симулирани само за пример.“ Влегува човек и го остава неговиот мобилен телефон одозгора на The Serif. На екранот е прикажано логото на Bluetooth, заедно со зборовите: „Се поврзува со Galaxy S10.“ Потоа, музиката која ја слушал човекот на неговиот телефон се пушта на телевизорот The Serif, а во горниот десен агол се гледа насловот на песната. Сцената се движи, покажувајќи го телевизорот The Serif во амбиентален режим со прикажан часовник, потоа се движи десно во друга соба каде има црн модел на The Serif поставен на модерен дрвен држач за телевизор. Зборовите „Color Volume 100% with QLED Technology (100 % видливост на боите со технологијата QLED)“ се појавуваат во горниот лев агол, со забелешка во долниот дел, која гласи: „QLED има потврда за нејзината способност да создава 100-процентна видливост на боите од светски познатото здружение за тестирање и сертификација, Verband Deutscher Elektrotechniker (VDE). QLED: Samsung QLED е телевизор кој се заснова врз технологијата на квантни точки, Quantum dot.“ На екранот се гледа видео од правење пица со кое се покажува извонредниот квалитет на сликата. Потоа, гледаме човек кој го користи Bixby, гласовниот асистент на Samsung, со One Remote. Зборовите „Bixby on TV (Bixby на телевизор)“ се појавуваат во горниот лев агол, заедно со забелешка во долниот дел, која гласи: „Оваа карактеристика е достапна само на неколку јазици. Сликите на екранот се симулирани и служат исклучиво како пример.“ Човекот вели „Здраво, Bixby“ и „Вклучи Амбиентален режим“. Видеото кое тече на екранот се менува во амбиентален режим со прекрасен шаблон и ги покажува информациите за времето во горниот лев агол од екранот на телевизорот. На следната сцена е покажан истиот екран во амбиентален режим на модел на телевизорот The Serif во облак бела боја поставен на неговиот држач, со големи прозорци во заднината преку кои се гледа дека надвор врне. Зборовите „Ambient Mode (Амбиентален режим)“ се појавуваат во горниот лев агол, со забелешка во долниот дел, која гласи: „Точноста на заднината може да се разликува во зависност од локацијата на телевизорот, зависно од дизајните, шаблоните и/или боите на ѕидовите.“ Како што се менува надворешната сцена во прекрасен есенски ден, така се менува и сликата на екранот за да се совпаѓа со заднината. На крај, модел на The Serif во облак бела боја е прикажан во амбиентален режим. На горниот лев агол на телевизорот има качена мачка, а зборовите „Unique inspiration for your space (Уникатна инспирација за твојот простор)“ се појавуваат во средината. Мачката скокнува и сцената се затемнува. Зборовите „The Serif“ се појавуваат накратко во средината во бела боја, по што се појавува логото на Samsung во бела боја.
The Serif во амбиентален режим изгледа како дизајн на мебел. Човек остава далечински управувач на The Serif. Стол, триножно столче, маса и жена која седи на стол, сите наредени едно врз друго за да го претстават уникатниот дизајн во форма на буквата „I“. Ја покажува уникатната инспирација за твојот простор.
Екранот на The Serif беспрекорно се вклопува во различни простори. The Serif во амбиентален режим покажува шума, живописни бои и шари, дожд, а во амбиентален режим со шара од платно на екранот дава уникатна инспирација за твојот простор.
Воз се движи по шините низ планински предел. Пејзажот изгледа како да е вистински, но тоа е сцена која ја овозможува амбиенталниот режим на The Serif. The Serif со QLED амбиентален режим опкружен со возови-играчки, кој одлично се вклопува во просторот. Ја покажува уникатната инспирација за твојот простор.

Дизајнирај го твојот живот со The Serif

Дизајн

Хармонично вклопен во твојот животен стил, The Serif е оптимизиран да биде парчето што се истакнува во домот.

Модел на The Serif во облак бела боја е поставен на црн држач во светла и елегантна едноставна дневна соба со килим, модерно триножно зелено столче и големи прозорци. Сликата на екранот е амбиентален режим со шара од лист во зелена боја. А, The Serif е награден за неговиот дизајн со iF Design Award 2020.

Откриј попаметни начини за уживање во телевизорот

Можност за поврзување

Интелигенција која се синхронизира беспрекорно за да го олесни животот, а ти повеќе да уживаш во телевизорот. The Serif знае како да работи беспрекорно во секој момент.

Човек ужива во заедничкото време во дневната соба.  Модел во облак бела боја на The Serif се наоѓа во центарот на собата со отворен екран на Samsung Smart Hub. The Serif e паметен ТВ овозможен од TIZEN.

Искуси ја
технологијата QLED
на The Serif

Технологија QLED

Мислеше дека The Serif нема да ја поседува генијалноста на QLED за чистота и иновации во звукот? Види и слушни ја генијалноста на QLED на The Serif.

Модел на The Serif во облак бела боја е поставен на држач во агол од просторијата, а на екранот е прикажан Smart Hub на Samsung, избран на менито на Netflix. Телевизорот The Serif го отвора Netflix директно преку вградената апликација Netflix.

Како The Serif го преобликува твојот животен стил

„Прекрасен дизајн + првокласна технологија...Ако имате истенчен вкус за дизајн како мене, тогаш ова е вистинскиот телевизор за вас. Спој на преубава форма и практична функција...“


Паметен телевизор The Serif 55" Class QLED 4K UHD
- бел (2019), САД, samsung.com

* Сликите се само за илустрација и за да овозможат подобро разбирање.

Пронајди што ти одговара на стилот

The Serif 43 инчи
Профилот на 43-инчен The Serif во облак бела боја е покажан од левата страна. Профилот на 43-инчен The Serif во памук сина боја е покажан од левата страна.
Облак Бела
Capacity
Capacity
The Serif 49 инчи
Профилот на 55-инчен The Serif во облак бела боја е покажан од левата страна. Профилот на 49-инчен The Serif во памук сина боја е покажан од левата страна.
Облак Бела
Capacity
Capacity
The Serif 55 инчи
Prikazan je profil nebesko belog Serif televizora od 55" sa leve strane. Профилот на 55-инчен The Serif во памук сина боја е покажан од левата страна.
Облак Бела
Capacity
Capacity

Види како The Serif
се вклопува во твојот простор

The Serif во памук сина боја е поставен на црн држач во средината на светла и пространа спална соба. До него се наоѓа модел во облак бела боја со уникатниот профил во форма на буквата „I“ даден во крупен план. Подолу се наоѓа модел на The Serif во облак бела боја, поставен на црн држач на црвен тепих, гледано одозгора. Подолу од левата страна има слика од крупен план на модел на The Serif во облак бела боја, на кој е прикажан часовник во амбиентален режим на зелен и бел екран. Од десната страна, маж седи на кауч во дневна соба, држејќи мобилен телефон и гледајќи во модел на The Serif во облак бела боја, поставен без држач на ТВ конзола. На крај, крупен план од горниот агол на модел во облак бела боја со мали камчиња ставени одозгора.

Погледни што може
да правиш со The Serif

МОЖНОСТ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ

ТЕХНОЛОГИЈА QLED