WD5500K Комбинирана машина за перење со технологија Eco Bubble, 8kg/4,5kg
Пери во студена вода, заштеди енергија
Заштеди огромно количество енергија* со перење големи количества алишта на ниски температури со помош на технологијата Eco Bubble™. Меурчињата го активираат детергентот и тој брзо навлегува во ткаенината и со леснотија ја отстранува нечистотијата – дури и во студена вода (15°C).
*Тестирано во согласност со стандардот IEC 60456-2010 / 4 kg алишта за перење / Super Eco перење во студена вода (WF80F5E5U4W) наспроти перење на памучни алишта на 40° без технологијата Eco Bubble (WF0702WKU). Поединечните резултати може да се разликуваат.
Моќно чистење за помалку од еден час
Новата машина за перење Samsung може да го заврши перењето само за 59 минути. Таа користи брза прскалка за помоќно плакнење на облеката и ја зголемува брзината на центрифугата за да го заврши перењето само за 59 мин.
*Засновано врз исклучително брзо перење при разбирливи нагодувања за количествo алишта до 5 kg.
Дезинфицирај ја твојата облека со воздух
Технологијата Air Wash ја освежува и ја дезинфицира облеката така што таа секогаш ќе мириса свежо. Непријатните мириси и бактериите се елиминираат само со помош на врел воздух, без користење вода, детергенти и други хемикалии.
Интензивно отстранување дамки
Со допир на копчето технологијата Bubble Soak помага при отстранувањето на најразлични тврдокорни дамки. Меурчињата темелно навлегуваат во облеката и ги омекнуваат дамките што тогаш ефикасно се отстрануваат.*
*Тестирано во согласност со стандардот IEC 60456 5. издание / 8 kg алишта за перење / Bubble Soak перење (WF80F5E5U4) наспроти перење на памучни алишта на 40° / 60°, синтетика на 60° и тексас на 40° без технологијата Bubble Soak (WF0702WKU).
Гарантирана долготрајност
Моторот со дигитален инвертор обезбедува врвна енергетска ефикасност, минимална бучава и долготрајни перформанси и има сертифициран работен век од 20 години* и поддржан е со гаранција од 10 години.
*Сертификатот за долготрајност од 20 години е доделен од Здружението за електрични, електронски и информациски технологии во Германија (Verband Deutscher Elektrotechniker – VDE).
Едноставно решавање на проблемите
Проверката Smart, автоматски систем за надзор на грешки, ги открива и ги утврдува проблемите и дава едноставни решенија за отстранување на грешките со помош на апликацијата за телефони smart *. Значи, ќе заштедиш време и ќе избегнеш трошоци за повикување сервисер! **
*Достапно на уредите iPhone и Android. **Понекогаш ќе биде потребно да повикаш сервис и поправањето може да ти биде дополнително наплатено.
*Достапно на уредите iPhone и Android. **Понекогаш ќе биде потребно да повикаш сервис и поправањето може да ти биде дополнително наплатено.
Чистење на барабанот без хемикалии
Исклучително практичната технологија за еколошко чистење на барабанот ја одржува свежината на твојата машина за перење со фронтално полнење без употреба на силни хемикалии. Дури може автоматски да те извести кога е потребно чистење.
Заштеди време на помали количества алишта
Програмата за брзо перење е совршено решение за твојот забрзан живот – брзо и ефикасно ја чисти облеката со мали нечистотии, па може да одвоиш повеќе време за себе.
Нега на чувствителни ткаенини
Единствениот „благо спирален“ дизајн со дијамантски барабан со мазни издигнувања во форма на дијамант исклучително е погоден за нежно перење на алишта. Неговите мали отвори за одвод на водата, исто така, ја заштитуваат ткаенината и спречуваат заглавување на облеката.
Спецификации
-
Капацитет на перење (kg) 8 kg
-
Капацитет на сушење (kg) 4,5 kg
-
Класа на енергетска ефикасност A
-
Брзина на центрифуга 1400 rpm
-
Нето димензии (ШxВxД) 600x850x600 mm
-
Нето тежина 72 kg
Поддршка
Пронајди одговори на прашањето што го имаш за производот
-
Упатство за корисниците
- Верзија 01
- 95.01 MB
- 13/03/2018
АНГЛИСКИ, АЛБАНСКИ, БУГАРСКИ, ХРВАТСКИ, ЧЕШКИ, ЕСТОНСКИ, ГРЧКИ, УНГАРСКИ, ЛЕТОНСКИ, ЛИТВАНСКИ, МАКЕДОНСКИ, РОМАНСКИ, СРПСКИ, СЛОВАЧКИ, СЛОВЕНЕЧКИ -
Брз водич
- Верзија 1.0
- 3.31 MB
- 03/11/2011
АНГЛИСКИ -
Брз водич
- Верзија 1.0
- 3.31 MB
- 05/09/2011
АНГЛИСКИ, ФРАНЦУСКИ, ГЕРМАНСКИ, ИТАЛИЈАНСКИ, ПОРТУГАЛСКИ, РУСКИ, ШПАНСКИ
Најчести прашања
- Што можам да направам кога мојата машина за перење ненадејно ќе застане за време на работата?
- Како да користите различни режими на работа на машината за перење
- Провери ги информативните кодови на мојата машина за перење
- Како да го активирам режимот за калибрација на машината за перење
- Отворање на врата на машина за перење за време на работа
{{family.currentModel.displayName}}
{{family.currentModel.modelCode}}
Price with discount: {{model.prices.currentPriceDisplay}}
Price before: {{model.prices.priceDisplay}}
-
{{summary.title}}
-
{{summary.title}}
Спореди ги моделите
Спореди со слични предмети