DV8800N Машина за сушење алишта со систем OptimalDry, 9kg

DV90N8287AW/LE
Боја БелаБела

The item is in the cart.

Технологија со топлотна пумпа

Технологија со топлотна пумпа

9.0 kg

Капацитет на сушење (kg)

A+++

Класа на енергетска ефикасност

600x850x600 mm

Физичка спецификација

Класа на енергетска ефикасност A+++

Заштеди пари и заштити ја средината со мала потрошувачка на електрична енергија Технологијата со топлинска пумпа нуди поефикасен, поекономичен и понежен начин за сушење алишта. Енергетската класа А+++ се постигнува со употреба на „разладни средства“ наместо електрична енергија заради загревањето на воздухот коешто потоа повторно се користи и со тоа се штеди енергија.

Класа на енергетска ефикасност A+++

*Тестирано во согласност со IEC 61121:2013/8kg носивост/памук подготвено за орман со топлинска пумпа (DV80F5E4HGW) во споредба со системот без топлинска пумпа (DV80H4100CW). Поединечните резултати може да се разликуваат.

Паметно сушење

Лесно и без мака до подобри резултати од сушењето! Системот OptimalDry користи 3 сензори за постигнување најдобри резултати. Тој ја следи влажноста и го нагодува времето на сушење, па облеката брзо се суши со минимална потрошувачка на електрична енергија. Истовремено ја штити облеката од оштетувања. Исто така те потсетува кога треба да го исчистиш менувачот на топлина.

Паметно сушење

Суво за 81 минути

Чиста и подготвена облека за само 2 часа. Циклусот за брзо сушење може да исуши мешавина од памук и синтетика за само 81 минути*. Со супербрзата машина за перење можеш да испереш и исцентрифугираш облека за само 39 минути*. Односно, потребни се 2 часа за перење и сушење алишта.

Суво за 81 минути

*Тестирано со користење на IEC-стандардизирана количина облека од 3kg.** Тестирано на модел Samsung QuickDrive™ WW8800M со користење на IEC-стандардизирана количина облека од 3kg.

Помалку бучава и вибрации

Подготвена облека без вознемирување на соседите или будење на децата во текот на ноќта. Нечујно работење благодарение на вградениот систем за намалување бучава. Поседува материјали кои го впиваат звукот и алгоритам што го оптимизира бројот на вртежи на барабанот за максимално намалување на бучавата. Резултат: интензитет на бучава од само 60dB.

Помалку бучава и вибрации

Освежи ја облеката со воздух

Освежи ја облеката без перeње, растегнување, вриење или употреба на детергент. Технологијата Air Wash ја освежува и ја дезинфицира облеката и постелнината така што таа секогаш ќе мириса свежо. Непријатните мириси се елиминираат само со помош на врелиот воздух. Облеката изгледа како да е хемиски чистена и трае долго.

Освежи ја облеката со воздух
  • * Оваа услуга е достапна за апаратите Android и iOS и потребен е налог за Samsung апликација. Потребна е Wi-Fi врска. ** Ги чува корисничките податоци, преференци и обрасци за употреба и предлага најкорисни опции. *** Корисникот ќе биде исклучиво одговорен за каква било последица/и која може да настане, вклучувајќи но не ограничувајќи се на каква било штета или повреда, а која е предизвикана од неточни информации дадени од страна на корисникот. **** Препораки за циклусот на сушење се даваат само во поглед на траењето на сушењето, така што може да не бидат соодветни за сите видови материјал или за сите нивоа на валканост.

Лесно одржување

Можеш лесно да ја одржуваш машината за сушење и да ги оптимизираш перформансите на сушење и безбедност. Иновативниот филтер 2-во-1 има двослоен мрежест филтер. Со други зборови, нема потреба од дополнителен филтер на менувачот на топлина, што го олеснува одржувањето на машината. Тука се и двата аларма да те потсетат кога е потребно чистење на филтерот и на менувачот на топлина.

Лесно одржување

Лесна проверка на нивото на вода

Можеш многу лесно да ја провериш количината на кондензирана вода. Индикаторот за нивото на водата во резервоарот е едноставен мерач што покажува колкаво количество кондензирана вода е извлечено од алиштата. Веднаш ќе видиш дали е потребно да се испразни резервоарот со вода пред почетокот на нов циклус, така што машината нема ненадејно да престане да работи.

Лесна проверка на нивото на вода

Отстранува бактерии

Се грижиш за бактериите на облеката и другите алишта? Циклусот на дезинфекција чисти и дезинфицира и сува и влажна облека* без никакво влијание на резултатот од сушењето. Отстранува 99,9% од микробите и бактериите. Можеш да ги стерилизираш сите бактерии од облеката, постелнината, па дури и од детските играчки.

Отстранува бактерии

* 2kg сува облека или 4kg влажна облека.

Избери некој од 3-те режими

Заштеди пари и побрзо исуши ја облеката. Едноставно избери го режимот на сушење што одговара на твоите потреби. Избор меѓу 3 режими: Normal, Eco и Speed. Режимот Eco користи ниска температура, па троши помалку електрична енергија* и го намалува ризикот од термичко оштетување. Исто така, можеш да го избереш режимот Speed кој брзо ја суши облеката*.

Избери некој од 3-те режими

*Тестирано во согласност со енергетскиот стандард на ЕУ (EN61121).

  • 9.0 kg Капацитет на сушење (kg)
  • A+++ Класа на енергетска ефикасност
  • 600x850x600 mm Физичка спецификација
  • 54 kg Нето тежина

Како се совпаѓа едно со друго

Карактеристиките, спецификациите и визуелните елементи на производот се предмет на промена.