Скопје, 13. март 2021. години – Компанијата Samsung Electronics ја претстави линијата на Flex фрижидери со четири врати за пазарите низ целиот свет, со три нови модели - Stainless Steel, Bespoke и Family Hub™. Flex фрижидерите за прв пат беа претставени на CES 2021 саемот во јануари оваа година, а нивната продажба ќе започне овој месец во Северна Америка, со Bespoke моделот, со што потоа следи продажба и на избрани пазари[1] во Јужна Америка, Европа, Азија, Блискиот исток и Северна Африка. во првата половина на годината.
Флексибилноста е клучна карактеристика на Flex фрижидерот со четири врати, кој нуди флексибилни опции кои се однесуваат на надворешноста и внатрешноста на уредот. Овие фрижидери носат комплетно нов Beverage Center™ систем, кој овозможува брз пристап до диспензерот за вода и бокалот, кој автоматски се полни. Исто така, тука е и Dual Auto Ice Maker, составен од две независни машини за мраз, кои истовремено прават стандардни и помали коцки мраз, задоволувајќи ги различните вкусови на корисниците кога станува збор за ладење пијалоци.
„Преиспитување и оптимизирање на животниот простор што им го олеснува секојдневниот живот на корисниците е еден од нашите приоритети, во свет кој постојано се прилагодува на новите норми. Затоа, нашата нова Flex линија на фрижидери со четири врати носи специјализирани решенија што одговараат на различните животни стилови“, изјави Hyesoon Yang, потпретседател и директор на тимот за корисничко искуство во одделот за апарати за домаќинство во Samsung Electronics.
Уреди по мерка на корисникот
Новите Flex фрижидери се симбол на постојаната посветеност на компанијата Samsung кон носење на иновациите што им помага на клиентите да живеат точно како што сакаат, благодарение на флексибилните, прилагодливи карактеристики:
· Променлива надворешност
Корисниците сега можат да дадат свој личен допринос во дизајнот на кујната, со креативно комбинирање на материјали, текстури и бои - Bespoke верзијата не Flex фрижидерот нуди можност за промена на надворешните панели кои доаѓаат во широк спектар на бои и завршни слоеви.
· Флексибилна внатрешност
Flex фрижидерите овозможуваат и прилагодување на внатрешноста, благодарение на флексибилните полици и фиоки за складирање на различни видови храна во оптимални услови. Овие модели ја имаат познатата Samsung Flex зона, независно контролирана преграда што лесно може да се претвори од фрижидер во замрзнувач, благодарение на можноста за прилагодување на температурата на еден од петте понудени режими на ладење. Сите верзии на фрижидерот доаѓаат со Flex Crisper™ фиока, идеална за складирање свежи производи, месо или риба, и Crisper+™ преграда што ја одржува свежината на овошјето и зеленчукот
· Уникатни препораки за секој корисник
Family Hub™ моделот на фрижидер ги носи сите предности на прилагодениот софтвер, кој е заснован на вештачка интелигенција, нуди услуги што го подобруваат корисничкото искуство на целото семејство. Автоматизираната Meal Planner програма нуди идеални предлози за оброци, ги информира корисниците за рокот на истекување на намирниците, овозможува правење списоци за купување, како и нарачување намирници директно преку Family Hub™ екранот.