Истечен

Важи од 02/07/2020 до 16/08/2020

Со секој купен QLED или UHD добивате ваучер за користење на HBO GO услугите, да уживате во гледање на хит филмови и серии.

*Ваучер за 12 месеци користење на HBO GO со купен QLED 8K или Q90/95.
*Ваучер за 9 месеци користење нa HBO GO со купен QLED Q60 или Q70.
*Ваучер за 6 месеци користење на HBO GO со купен UHD TU8000 или TU8500.

Уживајте повеќе во времето поминато дома со извонредниот квалитет на слика на избраниот QLED или UHD модел и гледајте до една година хит филмови и серии нa HBO GO.

Samsung QLED моделите носат иновации по кои се разликуваат од сите останати. 8K резолуцијата на QLED моделите на екранот носи 33 милиони пиксели кои даваат извонредно јасна слика со бои, контрасти и длабочина за неверојатно визуелно искуство. QLED моделите од серијата Q90 и Q95 се карактеризираат со супериорна видливост на секој детал достапна со функцијата Direct Full Array 16X, која прецизно го контролира позадинското осветлување и го оживува секое делче од сликата и овозможува прикажување на секоја сцена до најситни детали. Благодарение на Quantum Dot технологијата присутна кај QLED серијата Q80 и Q85 ќе уживате во реалните, вистински и 100 % видливи бои и во темните и во светлите кадри на сликата. QLED моделите од серијата Q70 се карактеризираат со прекрасна видливост на секој детаљ достапна со функцијата Direct Full Array 4X, која управува со позадинското осветлување и овозможува прикажување на секоја сцена до најситни детали и подлабоки црни нијанси. QLED серијата Q60 благодарение на моќниот Quantum процесор со резолуција 4K дава појасна слика, a осветленоста и јачината на звукот ги прилагодува на просторијата и сликата прикажана на екранот.

Со моќната и паметна технологија, извонредниот квалитет на сликата и неверојатната функционалност – QLED телевизорите ги поместуваат сите граници. QLED моделите се засноваат на Quantum dot технологијата која е единствена на пазарот и обезбедува врвно искуство за гледање на содржини на големиот екран.

UHD телевизорите ви овозможуваат подобар квалитет на слика кој ќе ве воодушеви. Со леснотија ќе го забележите секој детаљ и во најтемните или најсветлите кадри. Специјалниот чип овозможува прикажување природни бои кои ќе ви дадат впечаток дека содржината ја гледате во живо. Уживајте во јасни и остри слики со 4K UHD резолуција. 4K UHD телевизорите на Samsung имаат 4x повеќе пиксели од FHD телевизорите.

Современиот и префинет дизајн на UHD телевизорите природно ги пополнува контурите на вашиот простор со својата префинетост. Затоа разубавете го вашиот ентериер и обезбедете си уште подобро доживување на гледањето на своите омилени содржини. Тенок, модерен и едноставен!

Купете QLED или UHD и Ве чека до 12 месеци уживање во хит филмовите и сериите на HBO GO!

За да остварите право на ваучер, морате да го регистрирате своето купување со испраќање на следните податоци на е-адреса ce.promotion@samsung.com и тоа во рок од 14 дена од датумот на издавање на сметката: име, презиме, е-адреса, приказ (скен) од фискалната сметка од продажното место, модел и сериски број на уредот.

По успешната регистрација, ваучерот му се испраќа на корисникот преку е-пошта во рок од најдоцна 14 дена.Промоцијата трае од 2.7. дo 16.8.2020 или до истекот на залихите и се однесува на купување на QLED телевизори од 2019 и 2020 година.

Деталите и условите за промоцијата можете да ги најдете тука.

Вашиот ваучер код искористете го со клик на линкот: АКТИВИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ HBO GO НАЛОГ  

По активирањето на налогот преземете ја HBO GO апликацијата за својот мобилен телефон, таблет или Smart TВ или гледајте ги HBO GO содржините на компјутер преку hbogo.mk

За активирање на HBO GO услугата потребна е кредитна картичка. За времетраењето на подарок периодот нема да Ви биде наплатен надомест за користење на HBO GO услугата. Доколку сакате да продолжите со користење на HBO GO услугата и по подарок перодот, услугата се наплатува од страна на HBO, во согласност со условите кои ги дефинира НВО.

Вашиот подарок ваучер можете да го искористите најдоцна до 30.9.2020.

Купете Samsung TB и уживајте со HBO GO дo 12 месеци!