Galaxy A33 5G

SM-A336BZKGEUC

  • Екран FHD+ sAMOLED 90Hz
  • Камера OIS
  • Батерија која трае 2 дена

Одбери боја

Боја :

Одбери Склад

  • Отпорен на прашина, паѓања и прскања
    Отпорен на прашина, паѓања и прскања
  • Генијален екран, спектакуларно живописни бои
    Екран FHD+ sAMOLED 90Hz
  • OIS. Конечно на Galaxy A33 5G
    OIS. Конечно на Galaxy A33 5G
  • Генијална батерија, трае два дена¹
    Генијална батерија, трае два дена

"*Сликата е симулирана за илустрација. **Достапноста на боите и моделите може да се разликува во зависност од земјата или операторот. ***Galaxy A33 5G е оценет како IP67. Се заснова врз услови за тестирање за потопување во слатка вода длабока најмногу 1 метар, во временски период до 30 минути. Заштитен е само од вода со слаб притисок."

5G. Веќе сме поврзани

На мобилната мрежа на податоци, моќта на брзите 5G брзини го променува начинот на кој ја доживуваш и споделуваш содржината — од суперфин гејминг и стриминг, до ултрабрзо споделување и преземање.

*Достапноста на 5G мрежа и реалната брзина може да се разликуваат во зависност од земјата, мрежниот провајдер и корисничката средина.

Чиста моќ на обработка на податоци

Засилен со Octa-core процесор од 5 nm, твојот Galaxy е изграден за да се справи и со најголемиот мултитаскинг. RAM Plus ги чита обрасците на користење и овозможува дополнителен виртуелен RAM за екстра засилување.

"*Моделите со 8 GB RAM поддржуваат внатрешна меморија до 8 GB, а моделите со 6 GB RAM поддржуваат до 6 GB внатрешна меморија што може да се користи како виртуелна меморија за да се подобрат перформансите на апликациите. **Споредено со Galaxy A32 5G, вредностите се засновани врз резултати од тестови извршени во внатрешна лабораторија."

Огромна меморија, плус простор за многу повеќе нешта

Со меморија од 128 GB за фотографии и видеа, плус поддршка за microSD картичка до 1 TB, добиваш огромен простор за зачувување на омилените моменти.

*Капацитетот на RAM и внатрешната меморија може да се разликуваат во зависност од земјата. Достапноста на меморијата може да се разликува во зависност од софтверот кој е претходно инсталиран. *MicroSD картичката се продава посебно. Достапноста може да се разликува во зависност од земјата.

Неверојатно едноставен

Направи повеќе со помалку. Сега, Galaxy A33 5G е потенок и пософистициран со мат финиш, квалитетна рамка и беспрекорен отвор за камера со Ambient Edge.

*Достапноста на боите може да се разликува во зависност од земјата или операторот.

Погледни во 360°

Отпорен на прашина, паѓања и прскања

Оценет како IP67 за отпорност од вода и прашина, Galaxy A33 5G е отпорен на потопување во слатка вода до 1 метар во време до 30 минути.1 А благодарение на дополнителната заштита од Gorilla Glass 5, овој уред е поцврст и помалку подложен на гребнатини.

1. Galaxy A33 5G е оценет како IP67. Според условите за тестирање за потопување во слатка вода длабока најмногу 1 метар во временски период до 30 минути. Не се препорачува користење на плажа, во базен или ви близина на насапунета вода. Заштитен е само од вода со слаб притисок.

Генијален екран, спектакуларно живописни бои

Прошири го твоето гледиште со 6,4-инчниот Infinity-U екран на Galaxy A33 5G и види што си пропуштал. Дури и на надворешна светлина може да искусиш сè што сакаш во живописна висока резолуција и реалистични бои благодарение на FHD+ Super AMOLED технологијата за екрани.

*Сликите се симулирани за илустрација. **Измерено дијагонално, големината на екранот е 6,4 инчи како цел правоаголник и 6,2 инчи кога се сметаат заоблените агли. Вистинската површина што се гледа е помала поради заоблените агли и пресекот за камера.

Фино. Свиленкасто фино

Гледај сè на суперглаткиот екран од 90 Hz на твојот Galaxy A33 5G за да видиш што значи „свиленкасто“ искуство на гледање. Помалку заматување, повеќе детали и живописен контраст ги карактеризираат суперглатките видеа и слики.

Каков поглед

Фантастична камера, фати го секој детаљ

Камерата со повеќе објективи на Galaxy A33 5G ги носи сликите на следното ниво. Добиј појасни, почисти слики со OIS камерата од 48 MP, прошири го аголот на гледање со ултрашироката камера, приспособи го фокусот со камерата за продлабочување и приближи се до деталите со макро камерата.

*OIS: Оптичко стабилизирање на фотографии. **Сликата на екранот е симулирана за илустрација.

OIS. Конечно на Galaxy A33 5G

Долови го светот, во движење. Со OIS, твојот Galaxy A33 5G снима пофини видеа и помали детали, дури и при слабо осветлување.

*Сликата е симулирана за илустрација.

Подобри слики со AI Image Enhancer

Моќниот AI на овој разубавувач на слики автоматски ги подобрува фотографиите, така што веднаш може да ги усовршиш.

*Слики симулирани за илустративни цели. **Вистинскиот интерфејс може да се разликува во зависност од верзијата на софтверот на вашиот уред

Забавни моменти со режимот за забава

Сними ги најсмешните моменти со новите Snapchat ефекти што редовно се ажурираат во режимот за забава. Пребарувај и пробај ги омилените, сликни го најдобриот изглед и сподели го тоа со своите пријатели.

*SNAPCHAT е трговска марка на SNAP INC. Филтрите на Snapchat ефектите може да се разликуваат во зависност од земјата или регионот. Snapchat ефектот прикажан на сликата е симулиран за илустрација. **Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува во зависност од софтверската верзија на вашиот уред.

Твоето лице. Во центарот на вниманието

Со двојниот објектив за камерата за продлабочување, исто така засилена со AI, може да ги снимиш фините карактеристики што го прават секое лице уникатно. Нежно замати ја заднината со bokeh ефектите и истакни ги деталите што ја оживуваат сликата во рамката.

1. Една жена стои на уличка, обоена со разнобојни графити. Меѓутоа, се активира иконата за портрет режим, заднината се заматува, а жената е истакната во кадарот. 1. Една жена стои на уличка, обоена со разнобојни графити. Меѓутоа, се активира иконата за портрет режим, заднината се заматува, а жената е истакната во кадарот.
*Сликите се симулирани за илустрација.
2. A woman is standing in front of an alleyway painted with colorful graffiti. With the Portrait Off icon above activated, the background is clear and portrays both the woman and the alleyway accurately. 2. A woman is standing in front of an alleyway painted with colorful graffiti. With the Portrait Off icon above activated, the background is clear and portrays both the woman and the alleyway accurately.
*Сликите се симулирани за илустрација.

Реалистичен surround-звук на твојата дланка

Повеќе не ти треба студио за да имаш просторно искуство. Задлабочи се во омилените филмови, песни и видеа со Dolby Atmos што ја збогатува секоја нота со неверојатен детаљ и јасност.

*Сликата на екранот е симулирана за илустрација.

Генијална батерија, трае два дена¹

Батеријата од 5.000 mAh (типична)² ти дава повеќе време за стриминг, споделување, гејминг и многу повеќе. Брзо оживеј го својот Galaxy уред благодарение на супербрзото полнење од 25 W и овозможи приспособливо зачувување енергија за да го подобриш целокупниот перформанс на батеријата.

*Полначот за супербрзо полнење од 25 W се продава посебно. 1. Проценето според профилот на употреба на просечен/типичен корисник. Независно проценето од страна на Strategy Analytics во Обединетото Кралство во периодот 2022.01.20–01.31 со верзии за пред-издавање на SM-A336 во стандардни услови со користење на мрежите LTE и 5G Sub6 (НЕ Е тестирано во 5G mmWave мрежа). Вистинскиот век на траење на батеријата се разликува во зависност од мрежната средина, користените опции и апликации, фреквенцијата на повици и пораки, бројот на полнења на батеријата и многу други фактори. 2. Типична вредност тестирана во лабораториски услови на трети страни. Типична вредност е проценетата просечна вредност, земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците од батерија тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот (минимален) капацитет е 4.860 mAh.

Game Booster апликацијата ти дава предност

Оди на победа. Game Booster апликацијата го следи образецот на играње за да го оптимизира траењето на батеријата, температурата и меморијата, истовремено блокирајќи ги заднинските активности и известувања за да не ти се одвлекува вниманието.

*Фотографиите од уредот и екранот се симулирани за илустрација. **Компатибилноста со Game Booster апликацијата може да се разликува во зависност од играта.

Заштити го она што ти е важно

Платформата Samsung Knox, вградена во хардверот и софтверот на телефонот од самиот почеток, го штити Вашиот телефон од моментот кога ќе се вклучи. За повеќеслојна безбедност, таа ги штити Вашите најчувствителни информации од злонамерни софтвери и закани.

Едноставно допри за да отклучиш

Совршено се отклучува. Благодарение на вградениот сензор за отпечаток од прст на екранот можеш веднаш да ги отвориш апликациите и веб-локациите без да ја загрозиш безбедноста.

*Опцијата Web log-in na Samsung Pass е достапна само во Samsung Internet. **Компатибилноста и достапноста на функциите и карактеристиките Samsung Pass може да се разликува во зависност од апликациите

*Опцијата Web log-in na Samsung Pass е достапна само во Samsung Internet. **Компатибилноста и достапноста на функциите и карактеристиките Samsung Pass може да се разликува во зависност од апликациите

Твојата приватност е обезбедена

Нека твоите лични фотографии, видеа, датотеки, апликации и податоци останат безбедни во Secure Folder со професионалната безбедност на сигурносната платформа Samsung Knox, којашто ги штити твоите информации од секакви злонамерни напади. Додај лозинка или отпечаток од прст за само ти да можеш да пристапуваш до твоите податоци.

Твој Galaxy. Твој начин

Поседувај нешто вистински твое. Приспособи го својот Galaxy со помош на One UI 4 и дај му на телефонот модерен изглед што ќе одговара на твојата енергија. Креирај алатка, токму по твоја мерка, што ќе ти помага за беспрекорно извршување на задачите и ќе направи омилените функции да ти бидат веднаш достапни.

*Достапноста на карактеристики, апликации и услуги на One UI може да се разликува во зависност од верзијата на оперативниот систем и земјата. **Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

Поврзано слушање. Секаде

Беспрекорно внимателен

Buds Auto Switching прави да го слушаш токму тоа што треба. Кога гледаш филм на таблетот, дојдовниот повик на телефонот непречено ќе се префрли за да можеш да го прифатиш. А откако ќе спуштиш, може да продолжиш со гледање онаму каде што застана.

*Функцијата Auto Switch е достапна само на Galaxy паметни телефони и таблети со One UI 3.1 или понова верзија. Одредени уреди и апликации може да не поддржуваат Auto Switch. **Galaxy уредите мора да бидат најавени на иста Samsung корисничка сметка за да се овозможи Auto Switch. ***Buds Pro и Galaxy Tab S7 се продаваат одделно.

*Функцијата Auto Switch е достапна само на Galaxy паметни телефони и таблети со One UI 3.1 или понова верзија. Одредени уреди и апликации може да не поддржуваат Auto Switch. **Galaxy уредите мора да бидат најавени на иста Samsung корисничка сметка за да се овозможи Auto Switch. ***Buds Pro и Galaxy Tab S7 се продаваат одделно.

Слушај со твоите Buds Together

Освојте го тротоарот ти и твојот најдобар пријател. Buds Together ти овозможува едноставно, но непобедливо искуство на слушање песни, заедно и во движење.

*Buds Pro се продава одделно.

*Buds Pro се продава одделно.

Секогаш тука за тебе, каде било, кога било

Уживај во мирот кога ќе одлучиш да купиш Galaxy паметен телефон. Интерактивната дијагностика и оптимизацијата на апликацијата Samsung Members го олеснуваат приспособувањето на перформансите на твојот уред, додека нашата корисничка поддршка ти овозможува да ги решиш проблемите кога ти е потребна дополнителна помош.

*Достапните функции и карактеристики за апликацијата Samsung Members може да се разликуваат во зависност од земјата и уредот. **Фотографијата од уредот и екранот е симулирана за илустрација.

Запознај го новиот Galaxy A. За сите да ја почувствуваат генијалноста.

Спецификации

  • Процесор 2.4GHz, 2GHz
  • Тежина (g) 186

{{family.currentModel.displayName}}

{{family.currentModel.modelCode}}

Боја : {{chip.displayName}}
{{model.prices.currentPriceDisplay}}
Од {{model.prices.monthlyPrice}} / месечно за {{model.prices.months}} мин
или {{model.prices.currentPriceDisplay}}
Price without VAT: {{model.prices.vatFreePriceFormatted}}

Price with discount: {{model.prices.currentPriceDisplay}}

Price before: {{model.prices.priceDisplay}}

{{model.prices.priceDisplay}} {{model.prices.savePrice}}
  • {{summary.title}}

    {{summary.value}}{{summary.unit}}

  • {{summary.title}}

Спореди ги моделите

Спореди со слични предмети

НЕОДАМНА ПРЕГЛЕДАНО

* Мрежа: пропусниот опсег што го поддржува уредот може да се разликува во зависност од регионот или давателот на услуги.

* Батерија: вистинскиот век на батеријата варира во зависност од мрежното опкружување, функциите и апликациите што се користат, зачестеноста на повиците и пораките, бројот на пати на полнење и многу други фактори.

* Достапна меморија за корисникот: вистинската корисничка меморија ќе се разликува во зависност од операторот и може да се промени откако ќе се извршат надградбите на софтверот.

*Проценето според профилот на употреба на просечен/типичен корисник. Независно проценето од страна на Strategy Analytics во Обединетото Кралство во периодот 2022.01.20–01.31 со верзии за пред-издавање на SM-A336 во стандардни услови со користење на мрежите LTE и 5G Sub6 (НЕ Е тестирано во 5G mmWave мрежа). Вистинскиот век на траење на батеријата се разликува во зависност од мрежната средина, користените опции и апликации, фреквенцијата на повици и пораки, бројот на полнења на батеријата и многу други фактори.

*Типична вредност тестирана во лабораториски услови на трети страни. Типична вредност е проценетата просечна вредност, земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците од батерија тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот (минимален) капацитет е 4.860 mAh.

*Измерено дијагонално, големината на екранот е 6,4 инчи како цел правоаголник и 6,2 инчи кога се сметаат заоблените агли. Вистинската површина што се гледа е помала поради заоблените агли и пресекот за камера.

*Galaxy A33 5G е оценет како IP67. Според условите за тестирање за потопување во слатка вода длабока најмногу 1 метар во временски период до 30 минути. Не се препорачува користење на плажа, во базен или ви близина на насапунета вода. Заштитен е само од вода со слаб притисок.

*Корисничката меморија е помала од вкупната меморија на уредот заради оперативниот систем што се користи за работа и функционалност на уредот. Достапната меморија на корисниците ќе варира во зависност од вашиот оператор и надградбите на оперативниот систем.