Како да го најдете вашиот часовник и Buds со користење на Galaxy Wearable?

Доколку не знаете каде го имате оставено вашиот Galaxy Watch или Buds, можете лесно да ги најдете благодарение на една од најкорисните карактеристики на апликацијата Galaxy Wearable.

Лого на Galaxy Wearable над Galaxy Watch и Galaxy Buds.

Откако ќе го поврзете Galaxy Watch или вашите Buds со паметниот телефон, може да ги најдете со користење на менито на Galaxy Wearable.

Најдете го својот Galaxy Watch

Приказ на главниот екран на апликацијата Galaxy Wearable со истакната опција „Најди го мојот часовник" . Приказ на главниот екран на апликацијата Galaxy Wearable со истакната опција „Најди го мојот часовник" .

Чекор 1. Отворете ја Galaxy Wearable и допрете на „Најди го мојот часовник“.

Приказ на локацијата на Galaxy Watch со поминување со прстот нагоре во скок-прозорецот со наговестување. Приказ на локацијата на Galaxy Watch со поминување со прстот нагоре во скок-прозорецот со наговестување.

Чекор 2. Поминете со прстот нагоре на скок-прозорецот. Допрете на „Движи се“ за да го најдете вашиот часовник преку Google™ Maps или на „Ѕвони“ за вашиот часовник да ѕвони за полесно да го најдете.

Имајте предвид: За да го најдете часовникот со апликацијата Galaxy Wearable преку Google™ Maps, мора да ја имате инсталирано апликацијата Smartthings на вашиот паметен телефон. 

Исто така, можете да го вклучите преклопното копче „Извести кога ќе се заборави“ во случај да ги оставите вашите уреди подалеку од вашиот телефон, и „Сподели ја локац. на овој уред“ за да ја споделите локацијата со некоја од вашите конекции од апликацијата Samsung Members.

Имајте предвид: За да ја споделите локацијата на вашиот уред со друг член, мора да ги повикате со покана или QR-код.

Најдете ги вашите Galaxy Buds

Приказ на главниот екран на апликацијата Galaxy Wearable со истакната опција „Најди ги моите слушалки" . Приказ на главниот екран на апликацијата Galaxy Wearable со истакната опција „Најди ги моите слушалки" .

Чекор 1. Отворете ја Galaxy Wearable и допрете на „Најди ги моите слушалки“.

Приказ на локацијата на Galaxy Buds со поминување со прстот нагоре во скок-прозорецот со наговестување. Приказ на локацијата на Galaxy Buds со поминување со прстот нагоре во скок-прозорецот со наговестување.

Чекор 2. Поминете со прстот нагоре на скок-прозорецот. Допрете на „Движи се“ за да ги најдете вашите Buds преку Google™ Maps или на „Ѕвони“ за вашите слушалки да ѕвонат за полесно да ги најдете.

Имајте предвид: За да ги најдете вашите Buds со апликацијата Galaxy Wearable преку Google™ Maps, мора да ја имате инсталирано апликацијата Smartthings на вашиот паметен телефон.

Исто така, можете да го вклучите преклопното копче „Извести кога ќе се заборави“ во случај да ги оставите вашите уреди подалеку од вашиот телефон, и „Сподели ја локац. на овој уред“ за да ја споделите локацијата со некоја од вашите конекции од апликацијата Samsung Members.

Имајте предвид: За да ја споделите локацијата на вашиот уред со друг член, мора да ги повикате со покана или QR-код.

Благодариме за повратните информации