Како да го исчистите уредот Galaxy

Секојдневната употреба на уредот може да остави отпечатоци или дамки на екранот. Ако се собере некаква туѓа нечистотија на уредот, се препорачува веднаш да ја исчистите. Следете го водичот подолу за да дознаете како да го исчистите правилно уредот Galaxy и да го користите хигиенски.

Пред чистењето на уредите Galaxy

Чекор 1. Пред да го чистите уредот, задолжително изгаснете го и откачете го од сите кабли.

Чекор 2. Извадете ја футролата или лепенките на уредот.

Како правилно да го исчистите уредот

Следете ги чекорите подолу за да ги исчистите стаклените, керамичките и металните површини на уредот.

Чекор 1. Подгответе крпа од микрофибер што не остава влакна. За чистење на уредот може да користите и посебна крпа за чистење леќи.

Исчистете ги површините на уредот со крпа од микрофибер

Чекор 2. Избришете ги со крпата предната и задната страна на уредот применувајќи умерена сила.

• Може да го исчистите уредот со крпа натопена во дестилирана вода. Внимавајте да не го изложите уредот на прекумерна влага.
• За да го исчистите уредот, може да користите и крпа натопена во средства за дезинфекција врз база на алкохол, како што е 70 % изопропил алкохол или етил алкохол.
• Не потопувајте го уредот во дестилирана вода или во раствор за чистење.
• Избегнувајте да влезе влага или средство за чистење во отворите, како што се приклучокот за слушалки или портата за полнење.

 

Забелешка:

• Избегнувајте да користите компримиран воздух за чистење затоа што може да ја оштети површината на уредот.
• Никогаш не користете белило за чистење на уредот.
• Во овој водич е опишан начин на чистење конкретно за уреди Galaxy, Galaxy Tabs и часовници Galaxy (со исклучок на ремчето). Имајте предвид дека начинот на чистење може да се разликува за производите што не се спомнати, како на пример Galaxy Buds или тастатура.
• Сликите од екраните на уредот и менијата може да се разликуваат зависно од моделот на уредот и верзијата на софтверот.

Како да ја користите апликацијата Samsung Members

Ако забележувате тешкотии со мобилните телефони, таблетите или преносни уреди од Samsung, може да ни испратите прашање во апликацијата Samsung Members. Дознајте повеќе за испраќањето извештај за грешка.

Благодариме за повратните информации