Како да ја сокриете лентата за навигација на уреди Galaxy

Уредите Galaxy ви даваат можност да ги конфигурирате како што претпочитате. На овој начин може да го приспособите уредот за да го направите поедноставен, подинамичен и поинтуитивен за употреба, зависно од вашите потреби. Од таа причина, уредите Galaxy ви дозволуваат да ја конфигурирате лентата за навигација.

Приказ на главниот екран на Galaxy со нагласена стандардна лента за навигација.

Со криењето на лентата за навигација ви се овозможува да ги прикажувате датотеките и да ги користите апликациите на поширок екран. Доколку сакате да ја скриете лентата за навигација, само следете ги овие чекори:

1 Отворете ги вашите „Поставки“ и допрете на „Екран“.
2 Лизгајте надолу до опцијата „Лента за навигација“ и допрете на неа.
3 Овде може да избирате помеѓу „Копчиња“ и „Гестови за поминување со прст“. „Копчиња“ е стандардна опција. Доколку сакате да ја скриете лентата за навигација, изберете ја опцијата „Гестови за поминување со прст“.
4 Во оваа опција може да избирате помеѓу „Поминете се прст оддолу“ и „Поминете се прст од страните и оддолу“. За да го направите овој избор, допрете на копчето „Повеќе опции“ под опцијата „Гестови за поминување со прст”.
5 Кога избирате „Поминете се прст од страните и оддолу“, може да ја конфигурирате „Чувствителноста на гестовите“.

Имајте предвид: Ако користите футрола, може да биде тешко да правите гестови на работ на екранот. Во овој случај се препорачува да изберете поголема чувствителност. Доколку понекогаш ненамерно правите гестови, обидете се со помала чувствителност.

Доколку ја изберете опцијата „Гестови за поминување со прст“, лентата за навигација ќе биде скриена и ќе се појават предлози за гестови. Доколку сакате да ги скриете предлозите за гестови во долниот дел на екранот кога ќе избирате „гестови за поминување со прст“ допрете на прекинувачите за предлози за сугестии што ќе ги исклучат.

Лентата за навигација содржи копчиња што ќе ви овозможат да лизгате преку екраните и апликациите колку е можно побрзо.

Кога ќе го вклучите екранот, меките копчиња ќе се појават во лентата за навигација во долниот дел на екранот.

Имајте предвид: Функциите на копчињата може да се менуваат, зависно од апликацијата што се користи или околината на користењето.

Не. Копчињата се конфигурирани стандардно и не може да се менуваат. Опциите се:

  • Копче Неодамнешни.
  • Копче Почетна страница.
  • Копче Назад

Благодариме за повратните информации