Како да снимате видеа со режимот SuperSteady од Galaxy

SuperSteady е функција на акционата камера која ви овозможува да снимате стабилни видеа кога се движите со голема брзина. Во такви ситуации, функцијата SuperSteady од Galaxy овозможува стабилно снимање како да користите гимбал или уред за стабилизација.

Приказ на објективот од камерата и иконата за SuperSteady.

Како да го активирате режимот SuperSteady на Galaxy

Приказ на означената икона за апликацијата Камера. Приказ на означената икона за апликацијата Камера.

Чекор 1. Отворете ја апликацијата Камера.

Приказ на означената икона за режимот за видео. Приказ на означената икона за режимот за видео.

Чекор 2. Допрете на „Видео“.

Приказ на означената икона за SuperSteady. Приказ на означената икона за SuperSteady.

Чекор 3. Допрете ја иконата за SuperSteady.

Имајте предвид:

  • Режимот SuperSteady може да ги намали брзините на затворање на блендата и тоа може да влијае врз квалитетот на видеото и да генерира шум на сликата при слаба осветленост. Потрудете се SuperSteady секогаш да го користите во добро осветлени средини.
  • При абнормални услови на осветлување (како што е флуоресцентно осветлување), режимот SuperSteady може да ги зголеми брзините на затворање на блендата, а зачестеноста на треперењето може да предизвика појава на црни ленти на екранот.
  • Акционата камера со Super Steady може да снима во резолуција QHD/FHD и не може да се користи истовремено со опцијата за видео HDR10+.
  • Кога ќе се активира режимот SuperSteady, се препорачува да снимате со растојание од најмалку еден метар помеѓу камерата и фокусната точка. Снимањето на блиско растојание или со режим на зумирање од 0,6 пати може да предизвика замаглен екран.

Благодариме за повратните информации