Како да ги решите проблемите со грешките во апликацијата Камера

Ако се појави на екранот предупредување „Не се активира камерата“ или ако уредот замрзне или работи побавно при користењето на апликацијата Камера, видете во следниов водич како да го решите проблемот.

Пред да се обидете со препораките дадени во продолжение, задолжително проверете дали софтверот на уредот и поврзаните апликации се ажурирани до најновата верзија. За ажурирање на софтверот од мобилниот уред, постапете според следниве чекори:

Чекор 1. Одете на Settings (Поставки) > Software update (Ажурирање на софтверот).

Чекор 2. Допрете на Download and install (Преземи и инсталирај).

Чекор 3. Следете ги упатствата на екранот.

Ресетирајте ја апликацијата Камера

 

Ако се обидете да фотографирате или да снимите видеа со помош на апликацијата Камера, но постојано паѓа или се појавува предупредувањето „Camera Failed“ (Не се активира камерата), со ресетирање на апликацијата Камера може да се реши проблемот. Ве молиме следете ги чекорите во продолжение.

 

Отворете ги поставките за Камера Отворете ги поставките за Камера

Чекор 1. Отворете Камера и изберете Поставки.

Ресетирајте ги поставките за апликацијата Камера Ресетирајте ги поставките за апликацијата Камера

Чекор 2. Изберете Ресетирај поставувања.

Ресетирајте ги поставките за апликацијата камера Ресетирајте ги поставките за апликацијата камера

Чекор 3. Допрете на Ресетирај за да ја ресетирате апликацијата Камера.

Престартувајте го уредот присилно

 

Ако уредот и понатаму е бавен или замрзнува дури и откако ќе ја ресетирате апликацијата Камера, обидете се да го престартувате уредот присилно за да го решите проблемот.

Притиснете ги и држете ги копчињата за Намалување гласност и Страничното копче за да го изгаснете уредот Притиснете ги и држете ги копчињата за Намалување гласност и Страничното копче за да го изгаснете уредот

Чекор 1. Изгаснете го уредот држејќи на Копче за намалување гласност и Странично копче, а потоа изберете Исклучување.

Притиснете ги и држете ги копчињата за Намалување гласност и Страничното копче Притиснете ги и држете ги копчињата за Намалување гласност и Страничното копче

Чекор 2. Кога ќе стане екранот црн, притиснете и држете на Копче за намалување гласност и Странично копче.

Отпуштете ги копчињата Отпуштете ги копчињата

Чекор 3. Кога ќе се појави логото од Samsung на екранот, отпуштете ги двата прста од копчињата.

Забелешка:

  • Податоците и датотеките ќе бидат зачувани дури и ако присилно го изгаснете уредот.
  • Местоположбата на копчето за Гласност и Страничното копче може да се разликува зависно од моделот на уредот.
  • Сликите од екраните на уредот и менијата може да се разликуваат зависно од моделот на уредот и верзијата на софтверот.

Како да ја користите апликацијата Samsung Members

Ако забележувате тешкотии со мобилните телефони, таблетите или преносни уреди од Samsung, може да ни испратите прашање во апликацијата Samsung Members. Дознајте повеќе за испраќањето извештај за грешка.

Благодариме за повратните информации