Како да користите Always On Display

Always On Display е карактеристика којашто ве одржува поврзани со тоа што ќе ви дозволи да ги гледате известувањата на екранот за заклучување без да го допирате телефонот. Можете, исто така, да го приспособите екранот за заклучување за да го прикажува само тоа што сакате да го видите, како што се датум, време, временска прогноза, календар или Bixby Routines. За да дознаете повеќе начини како да го направите Always On Display што е можно поефикасен, тогаш прочитајте во продолжение. 

Приказ на функцијата Always On Display на телефон Galaxy.

Како да го активирам Always On Display?

За да го активирате Always On Display, постапете според следниве чекори: 

Приказ на почетниот екран на телефон Galaxy со означена икона за поставувања. Приказ на почетниот екран на телефон Galaxy со означена икона за поставувања.

Чекор 1. Од Вашиот Почетен екран, одете на Поставувања.

Приказ на екранот Поставувања со означена опција „Заклучување на екранот“. Приказ на екранот Поставувања со означена опција „Заклучување на екранот“.

Чекор 2. Допрете на „Заклучување на екранот“.

Приказ на менито „Екран за заклучување“ со означено преклопно копче за „Always On Display“. Приказ на менито „Екран за заклучување“ со означено преклопно копче за „Always On Display“.

Чекор 3. Допрете на преклопното копче за да го активирате „Always On Display“.

Приказ на екранот „Always On Display“ со означено преклопно копче. Приказ на екранот „Always On Display“ со означено преклопно копче.

Чекор 4. Допрете на „Always On Display“ за да ги проверите поставувањата.

Имајте предвид:

  • Always On Display и некои од неговите карактеристики се достапни само на одредени уреди. Ако Вашиот уред се разликува од прикажаните примери, веројатно не ќе можете да ги користите најновите карактеристики на Always On Display. Уверете се дека ја користите најновата верзија од софтверот.
  • Активирањето на Режимот за штедење енергија ќе го оневозможи Always On Display. За да ја користите функцијата Always On Display, мора да ја го исклучите режимот за штедење енергија. 

Како да ги променам поставувањата?

За да ги промените поставувањата за Always On Display, отворете Always On Display преку менито Поставувања. Оттаму изберете ги претпочитаните поставувања за Always On Display.

1. Изберете го претпочитаниот режим на прикажување:

  • Допрете за да се прикаже: Always On Display ќе се прикаже неколку секунди кога ќе го допрете екранот.
  • Прикажувај секогаш: Always On Display ќе биде прикажан цело време.
  • Прикажи според распоред: Always On Display ќе се прикажува само во поставеното време. Допрете на „Постави распоред“ за да го поставите времето за почеток и крај на прикажување.
  • Прикажи за нови известувања: Always on Display ќе прикажува само нови известувања.

2. Допрете на „Стил на часовник“, а потоа изберете ги претпочитаниот тип часовник од достапните стилови, бои и изгледи. Ако сакате, може да поставите Ваши сопствени фотографии или гиф-слики. Кога ќе завршите со приспособување на типот на часовникот, допрете на „Завршено“ за да го зачувате.

3. Допрете на преклопното копче за да активирате или деактивирате „Автоматска осветленост“.

4. Допрете на „Ориентација на екранот“, а потоа изберете „Исправено“ или „Пејзажно“.

5. Допрете на стрелката за назад за да ги зачувате промените.

Како да одберам кои апликации да се прикажуваат?

Ако е активна функцијата Always On Display, стандардно секогаш ќе ги прикажува часовникот и известувањата. Меѓутоа, секогаш можете да додадете други апликации за прикажување, како на пример музика, календар, временска прогноза или Bixby Routines ако ги следите следниве чекори:

Приказ на почетниот екран на телефон Galaxy со означена икона за поставувања. Приказ на почетниот екран на телефон Galaxy со означена икона за поставувања.

Чекор 1. Од Вашиот Почетен екран, одете на Поставувања.

Приказ на екранот Поставувања со означена опција „Заклучување на екранот“. Приказ на екранот Поставувања со означена опција „Заклучување на екранот“.

Чекор 2. Допрете на „Заклучување на екранот“.

Приказ на „Екран за заклучување“ со означена опција „Виџети“. Приказ на „Екран за заклучување“ со означена опција „Виџети“.

Чекор 3. Изберете „Виџети“.

Приказ на апликацијата „Виџети“ со означено преклопно копче за музика. Приказ на апликацијата „Виџети“ со означено преклопно копче за музика.

Чекор 4. Допрете на преклопните копчиња веднаш до секоја апликација што сакате да се прикажува на екранот за заклучување. Уверете се дека е активирано копчето „Always On Display“.

Благодариме за повратните информации