Ми падна уредот во вода

Случајно Ви падна уредот во вода, но не можете да појдете веднаш во локалниот сервисен центар? Прво, треба да го изгаснете уредот. Тоа се прави за да не се појави штета или корозија во внатрешната матична плоча од жештината што ја генерира уредот. Продолжете со читање за да дознаете повеќе во врска со мерките што може да ги преземете ако ви паднал уредот во вода.

Проверка 1. Изгаснете го уредот

Ако во уредот има навлезено вода, веднаш исклучете го (изгаснете го) уредот. Влагата во уредот може да предизвика сериозно оштетување или корозија на матичната плоча. Ако се вади батеријата, брзо извадете го капакот од куќиштето, батеријата, СИМ-картичката итн. Доколку уредот е понов модел и не се вади батеријата, веднаш изгаснете го уредот.

Изгаснете го уредот Galaxy

Забелешка:

за да ги изгаснете уредите Galaxy со батерии што не се вадат, истовремено притиснете и задржете на долното копче за гласност и на страничното копче 3-4 секунди.

Проверка 2. Отстранете ја влагата

Откако ќе го изгаснете уредот, брзо исушете го телефонот. Отстранете колку што можете повеќе влага од батеријата, СИМ-картичката, мемориската картичка итн. со помош на сува крпа. Бидете особено темелни кога ги сушите местата каде што може да влезе вода, како на пример приклучокот за слушалки или портата за полнење. Употребете стапче за уши со памук за да ја извлечете целата влага.

Исушете го уредот Galaxy

Проверка 3. Отстранете туѓа нечистотија

Ако во уредот влезат течности како пијалаци, морска вода, хлорирана вода од базен итн., исклучително е важно да ја отстраните соленоста или нечистотијата што побрзо. Вака се постапува зашто туѓата нечистотија може да ја забрза корозијата на матичната плоча. Откако ќе го изгаснете уредот, извадете ги сите делови што се вадат, натопете ги со чиста вода приближно 1~3 минути и исплакнете ги. Потоа, следете ги чекорите во Проверка 2 и темелно исушете го уредот.

Проверка 4. Воздушно сушење

Откако ќе ја отстраните влагата или нечистотијата, оставете го уредот да се суши во добро проветрено место или на сенка со ладен воздух (од фен). Воздушното сушење се препорачува за уреди во кои навлегла вода. Имајте предвид дека ако се обидете да го исушите уредот брзо со помош на фен или жежок воздух, може да го оштетите уредот. Во уредот може да има влага дури и по периодот на сушење, па затоа е најдобро да не го вклучувате уредот дури не појдете во сервисен центар за да го проверат. По сушењето со воздух, донесете го уредот во кој навлегла вода во сервисен центар на Samsung што побрзо.

воздушно сушење на уред со вода или сушење со фен

Проверка 5. Проверете ја оцената за водоотпорност

Повеќето модели на Galaxy се отпорни на прашина и вода и располагаат со највисока оцена од IP68. Иако оваа највисока оцена се однесува на водоотпорност од 30 минути при длабочина од 1,5 m, не треба да се користи во подлабоки места или на места со висок притисок. Во телефонот ќе навлезе вода ако биде на длабочина од 1,5 m подолго од 30 минути.

Забелешка:

  • Поддршката за отпорност на прашина и вода се разликува според моделот на уредот, па проверете во прирачникот за уредот.
  • Ознаката IP (Идентификациски код за заштита) се однесува на кодот за заштита од цврсти и течни материи и претставува оценка воспоставена од Меѓународната електротехничка комисија (IEC) во врска со издржливоста на електронските уреди при надворешно влијание и туѓа нечистотија. Првата цифра ја претставува оцената за заштита од прашина (0~6), а втората цифра ја претставува оцената за водоотпорност (0~8). Општо земено, оцената за отпорност на вода од 4 или повисока се смета за водоотпорно.
  • Сликите од екраните на уредот и менијата може да се разликуваат зависно од моделот на уредот и верзијата на софтверот.

Како да ја користите апликацијата Samsung Members

Ако забележувате тешкотии со мобилните телефони, таблетите или преносни уреди од Samsung, може да ни испратите прашање во апликацијата Samsung Members. Дознајте повеќе за испраќањето извештај за грешка.

Благодариме за повратните информации