Управувајте со известувања на Samsung Galaxy Watch

Добивате многу известувања за спам е-пошта на Galaxy Watch? Не грижете се, можете да изберете кои апликации да Ви праќаат известувања на Galaxy Watch и количината информации кои се прикажуваат на екранот. Откако ќе го приспособите според Вашите желби, ќе ги гледате само потсетниците и пораките што ги сакате.

Galaxy Watch

Забелешка: Достапните екрани и поставки можат да се разликуваат во зависност операторот, телефонот или часовникот.

Прилагодете ги поставките за известувања

Можете да управувате со поставките за известувања во апликацијата Galaxy Wearable.

1. Отворете ја апликацијата Galaxy Wearable допрете на Поставки за часовникот, а потоа допрете на Известувања.

2. Тука можете да изберете да се прикажуваат известувањата за телефонот на Вашиот часовник.

3. Потоа, лизгајте и допрете на Напредни поставки за известувања. Достапни се следните опции:

Листа на Напредни поставки за известувања на апликацијата Galaxy Wearable.
  • Понказател за известување: Прикажи индикатор на лицето на часовникот за непрочитани известувања.
  • Читај. ги известувањата на глас: Читај ги известувањата на глас кога слушалките се поврзани со часовникот. Оваа функција нема да работи кога слушалките се поврзани со телефонот.
  • Прикажи со детали: Автоматски прикажувај ги деталите за новите известувања.
  • Вклучи екран: Вклучи го екранот на часовникот кога се примаат известувања.
  • Вклучи за нови апликации: Автоматски вклучи ги известувањата за новоинсталираните апликации.

Управувајте со известувања од апликации

Доколку сакате да гледате известувања само за неколку апликации, може да ги исклучите известувањата во апликацијата Galaxy Wearable.

1. Отворете ја апликацијата Galaxy Wearable допрете на Поставки за часовникот, а потоа допрете на Известувања.

2. Допрете на Известувања за апликации, потоа допрете на стрелката за надолу, потоа изберете Сите за да ги видите сите инсталирани апликации.

3. За да вклучите или исклучите известувања за поединечни апликации, допрете го прекинувачот веднаш до посакуваната апликација.

4. За да ги вклучите или исклучите известувањата за сите апликации, допрете го прекинувачот на горниот дел од екранот веднаш до Сите апликации.

Листа на апликации со прекинувачи во апликацијата Galaxy Wearable

Можеби ќе сакате да примените уникатен звук за известувањата на часовник, како мелодија. Или, можеби претпочитате предупредувања со вибрација. Може да ги поставите звуците на часовникот да одговараат на Вашите желби, без разлика дали добивате пораки, е-пошта или предупредувања од апликации. Овие опции може да се применат од Вашиот часовник или од апликацијата Galaxy Wearable на поврзаниот телефон.

Листа на Звуци за известувања во апликацијата Galaxy Wearable.

Проверете дали гласноста на звукот за известувањата е овозможена за да не пропуштите ништо. Отворете ја апликацијата Galaxy Wearable на поврзаниот телефон, потоа допрете на Звуци и вибрација, потоа прилагодете ги поставките за Гласност и звук за известувања.

Благодариме за повратните информации