Што да направите кога се прекинуваат повиците или нема мрежен сигнал на телефонот Galaxy

Ако прекинувањето на повиците се случува нагло или нема мрежен сигнал на уредот Galaxy, тоа може да биде поради поставките на уредот или проблем поврзан со операторот. Следете го водичот подолу за да ја проверите состојбата на уредот.

Пред да се обидете со препораките дадени во продолжение, задолжително проверете дали софтверот на уредот и поврзаните апликации се ажурирани до најновата верзија. За ажурирање на софтверот од мобилниот уред, постапете според следниве чекори:

Чекор 1. Одете на Settings (Поставки) > Software update (Ажурирање на софтверот).

Чекор 2. Допрете на Download and install (Преземи и инсталирај).

Чекор 3. Следете ги упатствата на екранот.

Проверете во поставките на уредот

Можеби поставките на уредот ја попречуваат способноста за испраќање или примање повици. Проверете дали е овозможен Режим за летало или уредот блокира повици од непознати или приватни броеви.

Исклучете го Режим за летало

Чекор 1. Отворете Поставувања и допрете на Конекции.

Чекор 2. Ако е вклучен Режим за летало, исклучете го и проверете дали се стабилизирала конекцијата.

исклучете го режимот за летало

Проверете дали уредот блокира непознати или приватни броеви

проверка дали уредот блокира непознати броеви чекор 1 проверка дали уредот блокира непознати броеви чекор 1

Чекор 1. Отворете ја апликацијата Телефон и допрете на Повеќе (три точки во горниот десен агол.)

проверка дали уредот блокира непознати броеви чекор 2 проверка дали уредот блокира непознати броеви чекор 2

Чекор 2. Допрете на Поставувања.

проверка дали уредот блокира непознати броеви чекор 3 проверка дали уредот блокира непознати броеви чекор 3

Чекор 3. Допрете на Блокирајте броеви.

проверка дали уредот блокира непознати броеви чекор 4 проверка дали уредот блокира непознати броеви чекор 4

Чекор 4. Исклучете Блок. непознати/приватни броеви и проверете дали можете да примате повици.

Можеби ќе треба да ги ресетирате мрежните поставки ако ви се прекинуваат повиците или ако уредот постојано губи мрежен сигнал.

ресетирај ги мрежните поставувања чекор 1 ресетирај ги мрежните поставувања чекор 1

Чекор 1. Отворете Поставувања и допрете на Општо управување.

ресетирај ги мрежните поставувања чекор 2 ресетирај ги мрежните поставувања чекор 2

Чекор 2. Допрете на Ресетирање.

ресетирај ги мрежните поставувања чекор 3 ресетирај ги мрежните поставувања чекор 3

Чекор 3. Допрете на Ресетирај мрежни поставувања.

ресетирај ги мрежните поставувања чекор 4 ресетирај ги мрежните поставувања чекор 4

Чекор 4. Проверете ги информациите на екранот и допрете на Ресетирај поставувања.

ресетирај ги мрежните поставувања чекор 5 ресетирај ги мрежните поставувања чекор 5

Чекор 5. Допрете на Ресетирај.

Забелешка:

  • Имајте предвид дека ресетирањето на мрежните поставки ќе ги ресетира и Wi-Fi, Bluetooth, но и други мрежни поставки.

Неточните поставки за APN (Назив на точка за пристап) може да пречат при поврзувањето со мрежата. Следете ги чекорите подолу за да ги преконфигурирате поставките за APN.

ресетирај ги мрежните поставки чекор 1 ресетирај ги мрежните поставки чекор 1

Чекор 1. Отворете Поставувања и допрете на Конекции.

ресетирај ги мрежните поставки чекор 2 ресетирај ги мрежните поставки чекор 2

Чекор 2. Допрете на Мобилни мрежи.

ресетирај ги мрежните поставки чекор 3 ресетирај ги мрежните поставки чекор 3

Чекор 3. Допрете на Имиња на пристапната точка.

ресетирај ги мрежните поставки чекор 4 ресетирај ги мрежните поставки чекор 4

Чекор 4. Допрете на Повеќе (три точки) во горниот десен агол и допрете на Ресетирај на основните вредности.

ресетирај ги мрежните поставки чекор 5 ресетирај ги мрежните поставки чекор 5

Чекор 5. Допрете на Ресетирај за да ги реконфигурирате поставките за APN.

Проблемот може да се појави кога уредот ќе биде поврзан со оператор за којшто не сте пријавени. Следете ги чекорите подолу за да го изберете операторот.

ресетирај ги мрежните поставки чекор 1 ресетирај ги мрежните поставки чекор 1

Чекор 1. Отворете Поставувања и допрете на Конекции.

ресетирај ги мрежните поставки чекор 2 ресетирај ги мрежните поставки чекор 2

Чекор 2. Допрете на Мобилни мрежи.

ресетирај ги мрежните поставки чекор 3 ресетирај ги мрежните поставки чекор 3

Чекор 3. Допрете на Мрежни оператори.

ресетирај ги мрежните поставки чекор 4 ресетирај ги мрежните поставки чекор 4

Чекор 4. Исклучете Избери автоматски и одберете го операторот.

Забелешка: сликите од екраните на уредот и менијата може да се разликуваат зависно од моделот на уредот и верзијата на софтверот.

Како да ја користите апликацијата Samsung Members

Ако забележувате тешкотии со мобилните телефони, таблетите или преносни уреди од Samsung, може да ни испратите прашање во апликацијата Samsung Members. Дознајте повеќе за испраќањето извештај за грешка.

Благодариме за повратните информации