Креирање корисничка сметка на Samsung

Ви честитаме за вашиот нов Samsung телевизор. Ако сѐ уште немате корисничка сметка на Samsung, ќе треба да ја креирате при првичното поставување на телевизорот. Сѐ што е потребно е телефонски број или адреса за е-пошта. Следете ги брзите и едноставни упатства во ова видео.

Откако ќе ја поставите мрежата при првичното поставување, може да ја поставите својата корисничка сметка на Samsung така што ќе изберете „Start Setup“ (Започни со поставување).

Со камерата на телефонот скенирајте го QR-кодот на телевизорот.

Кога ќе се појави скок-прозорецот, допрете на „Sign it in now“ (Најави се сега).

Допрете на „Create account“ (Креирај сметка). Или допрете на „Sign in with Google“ (Најави се со Google) за да користите сметка на Google.

За да продолжите со сметка на Google, изберете некоја од списокот.

Ако треба, проверете го списокот со барања за пристап. Потоа, лизнете и допрете на „Allow“ (Дозволи).

Следете ги упатствата на екранот за да се најавите на својата корисничка сметка. 

Ако избравте „Create account“ (Креирај сметка), тогаш, допрете на „More“ (Повеќе).

Прочитајте и прифатете ги Условите и одредбите, Условите за користење и Известувањето за приватност на корисничка сметка на Samsung.  Допрете на „Agree“ (Се согласувам).

За да креирате сметка, наведете ја својата адреса за е-пошта како корисничка сметка и пополнете го образецот. Потоа, допрете на „Create account“ (Креирај сметка).

За дополнителна заштита, потребна е верификација во два чекори. Корисниците на телефон што не е Galaxy ќе можат да го завршат овој чекор подоцна.

Внесете го својот телефонски број и допрете на „Send“ (Испрати).

Впишете го кодот што ќе ви стигне на телефонот преку текстуална порака.

Проверете го дојдовното сандаче на е-поштата и изберете „Verify account“ (Потврди ја сметката) на самата е-порака.

Успешно креиравте корисничка сметка на Samsung.

Допрете на „Sign in“ (Најави се) за да ја завршите постапката.

Успешно се најавивте на телевизорот.

Потоа, може да ја регистрирате својата кредитна картичка. Може да допрете и на „Later“ (Подоцна) за да прекинете во оваа фаза.

Прифатете ги Условите за користење и завршете ги преостанатите поставки што ќе се прикажат на ТВ екранот.  

Откако ќе завршите со поставките, може да ги користите апликациите и паметните карактеристики.

 

Одрекување од одговорност

За пристап до Smart Hub, нашата паметна услуга базирана на мрежа што вклучува апликации (како на пример апликации за стриминг услуги) и до нашите други паметни карактеристики достапни на вашиот уред, потребна е корисничка сметка на Samsung. Можеби ќе треба да користите посебен уред (лаптоп, десктоп компјутер или мобилен телефон) за да креирате корисничка сметка на Samsung или за да се најавите на неа. Ако изберете да не се најавите на корисничка сметка на Samsung, ќе може да поврзувате само екстерни уреди (како HDMI и терестријална телевизија со антена). Прикажаните слики во видеото може да се разликуваат на уредите во зависност од моделот или географското подрачје.

 

SAMSUNG

Благодариме за повратните информации