Galaxy Watch Active2 40mm
key features
-
Прошири го твојот простор
-
Цел тренинг на твојот зглоб
-
Следење на отчукувањата на срцето
-
Секаде доаѓа со тебе
Watch Active2
Остани поврзан со животниот стил и партнерот за здравје што го носиш на рака, кој ти дава совети во секој момент. Добивај попрецизни информации за твоето здравје на поголем екран со часовник кој ја следи твојата состојба. Galaxy Watch Active2 ти кажува што треба да знаеш токму во моментот кога ти треба.
Дизајн
Приспособена удобност на твојот зглоб
Избери го изгледот и удобноста на твојот партнер за здравје кој ќе сакаш да го носиш 24/7. Приспособи го Galaxy Watch Active2 со сите елементи,
до Bluetooth или LTE, куќиште од 44 mm или 40 mm, не’рѓосувачки челик или алуминиум и разни ремчиња. Покажи го твојот стил во разни бои,
овојпат збогатени со новата розе златна боја. 1
- * Розе златна е достапна само за 40 mm Bluetooth.
Прошири
го просторот
Зголеми го просторот на екранот за непрекинато гледање, на елегантно тело сместено во рамка на допир за побрза контрола.
Galaxy Watch Active2 има зголемен дисплеј со чист црн екран и граница која речиси и не постои за да имаш повеќе простор
за да го гледаш она што ти треба.
Земи го оној
што ти одговара
на изгледот
#withGalaxy
Сликни ја
облеката што ќе ја
носиш и дотерај се
Изрази се со куќиште кое одговара на твојот изглед и расположение. Кога ќе сликнеш како си облечен, Galaxy Watch Active2 ќе пронајде изглед на бројчаникот што ти одговара.
Избери си соодветно
ремче за секунда
Комплетирај го твојот стил со бројчаник кој одговара на бојата и материјалот на твоето ремче. Кога купуваш ремче за часовникот и го скенираш QR кодот на пакувањето, ќе добиеш линк до Galaxy Store за да преземеш бројчаник за часовникот кој одговара на ремчето. 2 3 4
- * Ремчињата во разни бои се продаваат одделно.
- * QR Code е трговска марка на Denso Wave Inc.
Искуство
Следи
ја вежбата
од рака
Galaxy Watch Active2 ги следи твоите движења, така што само стави го и почни да вежбаш. Автоматското следење сега е дополнето со пливање, така што сега имаш седум вежби, а рачното следење работи за сите активности што ги следиш. Функцијата тренер за трчање ти дава совети што може да ги извршуваш во реално време. 5 6
- Пешачење
- трчање
- возење велосипед
- веслање
-
тренинг на
елиптична справа -
динамично
вежбање - пливање
Покажи го
натпреварувачкиот дух
Вежбањето повеќе исполнува кога се прави во друштво. Откријте кој ќе направи најмногу чекори во Group Challenge.
Тренирај со пријатели или пријави се за јавен натпревар за да се мотивираш и да ги постигнеш своите фитнес цели. 7
Здравото живеење
започнува
со бистар ум
Одржувај здраво тело и здрав дух со часовник кој се грижи и за двете. Користи ја опцијата за следење стрес за да го следиш стресот кога чувствуваш напнатост и следи ги предложените вежби за дишење за да се смириш. 5 8 9
Погледни колку
добро спиеш
Sleep Score го анализира времето кое го поминуваш во будна состојба или во фаза на РЕМ, лесен и длабок сон, а потоа те известува за квалитетот на одморот. Подобри го резултатот со корисни совети и информации од National Sleep Foundation кои ќе ги добиваш директно од раката. 5 9 10
Пријателски потсетник да ги миеш рацете
Биди во најдобра форма кога станува збор за личната хигиена со помош на потсетниците за миење раце. Постави ги да те известуваат во редовни временски интервали. Дури и има практичен одбројувач за да се погрижи дека доволно долго ги миеш рацете. Само пријателски потсетник да внимаваш на здравјето. 11
Мери го крвниот притисок
и во движење
Проверувај си го крвниот притисок преку апликацијата Samsung Health Monitor без да ти треба манжетна. Пред првата употреба,
треба да се калибрира со манжетна, а потоа паметните сензори го мерат крвниот притисок преку анализа на пулсните бранови додека го носиш часовникот. Проверувај секој
ден за да ги следиш вредностите и да добиваш извештаи директно на телефонот. 12 13 14 15 16 17 18 19 20
Следи го ритамот
на срцето со ЕКГ
Допри го задното копче на часовникот и задржи до 30 секунди за неговите вградени електродни сензори да го
измерат срцевиот ритам.
Ова ЕКГ проверува
атријална фибрилација (Afib), а потоа веднаш ги покажува резултатите.
Види ги резултатите
на твојот телефон,
добивај извештаи и сподели
ги за подобар увид. 21 22 23 24 25 26 27
Следење
на пулсот
за
спокоен ум
Дозволи
си
помошник
животот
Биди пред сите со паметен асистент на твојата рака. Контролирај ја камерата за да го збогатиш искуството во снимање, прегледи и допаѓања на друштвените мрежи и преведувај во движење. Новододадената икона On-going на екранот ги прикажува апликациите кои се вклучени за полесно да им се пристапува, а може дури и да примаш дојдовни повици со Wi-Fi. 29 30 31 32
Остани поврзан без телефон
Понеси ги со себе контактите, пораките и музиката на LTЕ асистент со кој може да го оставиш телефонот дома. Оди трчај спокојно знаејќи дека си поврзан, а не ти тежи телефонот. Музиката не прекинува додека си во движење, а можеш и да преземаш предвреме за кога ќе се најдеш на места со слаба конекција.
Изведба
Држи
чекор со тебе
каде и да одиш
Носи го часовникот со себе на несекојдневни места. Galaxy Watch Active2 оди секаде со тебе со IP68 и 5ATM оценка за отпорност на вода и прашина, плус издржливост според воени стандарди, за да издржи во разни околности и да можеш да го носиш што подалеку за секакви доживувања. 35 36
Апликации
кои те мотивираат да напредуваш
Подобри го животот со апликации од Galaxy или голем број разни апликации од други производители кои може да се преземаат.
Преземај апликации за да создадеш сопствена постава за паметни совети во движење кои секогаш ќе одат со тебе. 37
Поврзи се
со твојот уред
Компатибилност со голем број уреди, и Galaxy и уреди кои не се Galaxy.
Започни со тоа што ќе видиш кои уреди се компатибилни
со Galaxy Watch Active2.
- * Android: Android 5.0 (L OS) или понова верија, RAM поголема од 1,5 GB (Samsung/други)
- * iOS: iPhone 5 и понови верзии, iOS 9.0 или понови верзии.
Спецификации
-
OS
Работи на Tizen
Носив уред OS 4.0 -
Капацитет на батерија
340 mAh / 247 mAh -
Дневна активност
Следење на дневни активности,
Автоматско детектирање
Вежби: Повеќе од 7 вида -
Издржливост
5ATM / IP68
MIL-STD-810G
- 1. Достапноста на бои, големини, модели и ремчиња може да се разликува во зависност од земјата или регионот.
- 2. Достапните модели на ремчиња може да се разликуваат во зависност од земјата.
- 3. Сликата е симулирана за илустрација.
- 4. My Style работи со паметни телефони со андроид спарени со Samsung Galaxy Watch Active2. Комбинирањето на бројчаник и ремче на часовникот со QR код работи со паметни телефони спарени со Samsung Galaxy Watch Active2.
- 5. Наменето само за следење на општа добросостојба и физички активности.
- 6. Следењето на физичката активност на часовникот може да се користи како самостојна функција, но податоците кои се зачувуваат на часовникот може само делумно да се прикажуваат по одреден временски период. Се препорачува спарување со паметен телефон за да се зачуваат сите податоци.
- 7. Group Challenge поддржува до 10 луѓе.
- 8. Опцијата за стрес е достапна во сите земји освен Ангола, Кипар, Алжир, Канада и Тајланд.
- 9. Функцијата на часовникот за следење на спиењето/стресот може да се користи како самостојна функција, но податоците кои се зачувуваат на часовникот може само делумно да се прикажуваат по одреден временски период. Се препорачува спарување со паметен телефон за да се зачуваат сите податоци.
- 10. Функциите на часовникот за следење на спиењето (РЕМ фази, длабок сон и вкупно време на спиење) може да се користат самостојно, но се препорачува спарување со паметен телефон за да можеш да ги прегледуваш резултатите од спиењето. Прегледот е можен само на спарен паметен телефон.
- 11. За користење на функцијата Hand Wash, апликацијата мора да се преземе од Galaxy Store.
- 12. За точни резултати, корисниците треба да го калибрираат својот уред најмалку еднаш на четири недели.
- 13. Корисниците треба да го мерат крвниот притисок кога се во мирување, исто како со обичен апарат, и да не го мерат притисокот додека вежбаат, пушат цигари или пијат.
- 14. Достапноста може да се разликува во зависност од пазарот. (Ќе биде достапен откако ќе добие согласност/одобрение/дозвола од регулаторен орган.)
- 15. Историјата на мерења на крвниот притисок може да се прегледа со апликацијата Samsung Health Monitor на спарен паметен телефон.
- 16. За спарување, потребен е Galaxy паметен телефон со Android 7.0 OS или понова верзија и Galaxy Watch Active2 или следните Galaxy Watch уреди. Поддржувањето на функцијата зависи од верзијата на OS на часовникот.
- 17. Назив на класификација (BP): Сфигмоманометри и сфигмографи
- 18. Намена (BP): Тоа е мобилна апликација, преку којашто оптичкиот (PPG) сензор кој е поставен на мобилната платформа (паметен часовник) индиректно (неинвазивно) го мери крвниот притисок во капиларите на рачниот зглоб и го прикажува систолниот и дијастолниот крвен притисок и пулсот.
- 19. Предупредување: Овој производ е „софтвер како медицински уред“. Пред употреба, внимателно прочитајте го „Упатството за употреба“ и предупредувањата.
- 20. Преглед на реклама бр.: 2020-I10-28-2538
- 21. За спарување, потребен е Galaxy паметен телефон со Android 7.0 OS или понова верзија и Galaxy Watch Active2 или следните Galaxy Watch уреди. Поддржувањето на функцијата зависи од верзијата на OS на часовникот.
- 22. СНИМАЊЕТО СО ЕКГ ИЛИ АПЛИКАЦИЈАТА SAMSUNG HEALTH MONITOR НЕ СЕ НАМЕНЕТИ ЗА ОТКРИВАЊЕ СРЦЕВ УДАР. НЕ СЕ НАМЕНЕТИ ДА ГИ ЗАМЕНАТ ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ МЕТОДИ НА ПОСТАВУВАЊЕ ДИЈАГНОЗА ИЛИ ЛЕКУВАЊЕ.
- 23. Достапноста може да се разликува во зависност од пазарот. (Ќе биде достапен откако ќе добие согласност/одобрение/дозвола од регулаторен орган.)
- 24. Назив на класификација (ECG): Електрокардиографски анализатор
- 25. Намена (ECG): Овој софтвер генерира, снима, зачувува и пренесува сигнал за електрокардиограм (ЕКГ). Овој ЕКГ сензор поставен на мобилната платформа мери единечен (Lead I) ЕКГ сигнал и одредува дали има атријална фибрилација или нормален синусен ритам.
- 26. Предупредување: Овој производ е „софтвер како медицински уред“. Пред употреба, внимателно прочитајте го „Упатството за употреба“ и предупредувањата.
- 27. Преглед на реклама бр.: 2020-I10-28-2539
- 28. Функцијата на часовникот за следење на срцевиот пулс може да се користи како самостојна функција, но податоците кои се зачувуваат на часовникот може само делумно да се прикажуваат по одреден временски период. Се препорачува спарување со паметен телефон за да се зачуваат сите податоци.
- 29. Функцијата Camera Controller е компатибилна со моделите Samsung Galaxy S10, S10+, S10e, S10 5G, S10+ 5G, Note10, Note10+, Note10 5G, Note10+ 5G, Fold и Fold 5G.
- 30. Достапноста на апликациите за употреба може да се разликува во зависност од земјата, регионот и видот на поврзување (LTE/Bluetooth).
- 31. UI подлежи на промени.
- 32. Пред употреба, SNS Viewer, Translator и апликацијата Camera controller треба да се преземат одделно.
- 33. Реалното времетраење на батеријата се разликува во зависност од мрежната средина, користените функции и апликации, зачестеноста на повици и пораки, бројот на полнења на батеријата и многу други фактори.
- 34. Проценката е направена од страна на Samsung. Реалното траење на батеријата може да се разликува во зависност од мрежното опкружување, начинот на употреба и други фактори.
- 35.Galaxy Watch Active2 има проценка за отпорност на вода од 50 метри според ISO стандардот 22810:2010. Не е соодветен за нуркање или активности во вода со висок притисок. Ако уредот или рацете се влажни, мора добро да се исушат пред ракување.
- 36. Усогласено со Воениот стандард на САД (MIL-STD-810G)
- 37. Достапноста на апликации за уредите Galaxy Watch Active2 може да се разликуваат во зависност од операторот или земјата.
Спецификации
-
NFC Да
-
Верзија Bluetooth Bluetooth v5.0
-
Големина (Главен_Дисплеј) 1.2" (30.2mm)
-
Процесор 1.15GHz
-
Големина на ROM (GB) 4
-
Сензори Акцелерометар, Барометар, Гиро сензор, Сензор за светлина, Оптички сензор за отчукување на срцето
Поддршка
Пронајди одговори на прашањето што го имаш за производот
-
Упатство за корисниците
- Верзија 1.0
- 2.34 MB
- 02/10/2019
АЛБАНСКИ -
Упатство за корисниците
- Верзија 1.0
- 2.47 MB
- 02/10/2019
ХРВАТСКИ -
Упатство за корисниците
- Верзија 1.0
- 2.49 MB
- 02/10/2019
МАКЕДОНСКИ -
Упатство за корисниците
- Верзија 1.0
- 2.35 MB
- 02/10/2019
СРПСКИ
{{family.currentModel.displayName}}
{{family.currentModel.modelCode}}
Price with discount: {{model.prices.currentPriceDisplay}}
Price before: {{model.prices.priceDisplay}}
-
{{summary.title}}
-
{{summary.title}}
Спореди ги моделите
Спореди со слични предмети