Слушалките кои го
менуваат начинот на кој го
доживувате звукот.
Galaxy Buds+
Претставување на Galaxy Buds+.
Ова се нашите први безжични слушалки со 2-насочни звучници
кои испорачуваат звук преку AKG со богат висок тон и длабок бас, со адаптивен систем од 3 микрофони
за кристално чисти повици и со долготрајна батерија
— и сето тоа за врвно доживување на слушањето.
само надвор од студиото
АУДИО
Избегај во твојата музика
Богатиот природен звук сега е проширен со новиот 2-насочен динамичен систем на звучници и засилен драјвер на Galaxy Buds+. Моќниот бас и јасните високи ноти ќе направат да се движиш по ритамот секаде каде што одиш.
Зборувај без
да мора да викаш
Уживај во кристално чисти повици и неспоредлив квалитет на гласот со 2 иновативни надворешни микрофони кои ти го подигнуваат гласот и го одржуваат посилен од надворешната врева.
Се адаптираат на вревата,
за ти да не мораш
Адаптивниот систем од 3 микрофони
на Galaxy Buds+ се грижи твојот глас да се слуша повеќе
од другите звуци. 2-та надворешни микрофони
работат заедно со внатрешниот микрофон
за да ги блокираат надворешните звуци додека разговараш.
Квалитет на звук кој
можеш да го слушнеш
Фати ги деталите на твојата музика и видеа во избалансирано и пространо аудио направено од AKG. Задоволувачкиот квалитетен звук е чист и природен, што го подобрува слушањето на под-кастови, аудио-книги и телефонски повици.
трае и трае…
БАТЕРИЈА
Моќност што те тера
да танцуваш
Слушај музика без да се грижиш колку ќе трае батеријата. Со кутијата за полнење на Galaxy Buds+ уживај до 11 часа непрекинато слушање со само едно полнење кое може да трае до вкупно 22 часа.1
- Само слушалки 11 часа Со кутија за полнење 22 часа
Брзо полнење
за кратки паузи
- Полнење 3 минути Време на слушање1 околу1 час
Безжични слушалки,
безжично полнење
Дополни ја својата батерија на кој било компатибилен безжичен Qi полнач или прескокни го полначот и сподели енергија на практичен начин, директно од твојот Galaxy телефон. 2
Дознај кога е време
да полниш
Научи го твојот смартфон да проверува уште колку батерија е преостанато на секоја слушалка и кутијата за полнење за да знаеш кога да полниш.
ДИЗАЈН
Привлечи внимание
со малку боја
Елегантното, компактно пакување на Galaxy Buds+ доаѓа во разни бои со специјално изработени ергономски продолжетоци и перничиња кои удобно се вклопуваат во твоето уво за да можеш да ги носиш подолго време. Движи се слободно додека твоите слушалки ја задржуваат музиката во твоите уши. 3
УДОБНОСТ
Слушни го тоа што
сакаш да го слушнеш
AОдреди колку сакаш да слушаш од надворешниот свет за да можеш да внимаваш и да бидеш поврзан со опкружувањето. Зголеми ја јачината на амбиенталниот звук кога сакаш да знаеш што се случува околу тебе без да мора да ги вадиш слушалките4
Само допри за да ги контролираш
Движи се низ твојата плејлиста, одговарај на повици и приспособувај ја јачината со едноставен допир на слушалките. Приспособи ги своите команди за допир за да имаш повеќе контрола и слобода од твојот телефон.
GALAXY ЕКОСИСТЕМ
Еден чекор до поврзување
Со само еден лесен чекор, поврзи ги твоите Galaxy Buds+ со компатибилни уреди на твојата корисничка сметка на Samsung Cloud. Нема потреба да се деконектираш, поврзувањето преку Bluetooth лесно се префрла од твојот телефон на твојот таблет или на други Samsung уреди.
Спари со компјутер за полесно работење
Поврзи ги Galaxy Buds+ со Windows 10 компјутер и заврши ја работата дома. Потребно е слушалките да бидат поставени на режим за спарување во близина на компјутерот за да може да ги препознае и спари преку Swift Pair. Така може лесно и едноставно да работите заедно иако сте оддалечени.6
Компатибилни со Android и iOS
Спари со паметни уреди преку Bluetooth. Користи ја апликацијата Galaxy Wearable на Android и апликацијата Galaxy Buds+ на iOS за да го добиеш најдоброто од слушалките.7
- 1) Според интерно тестирање. Времето на аудио репродукција е тестирано преку спарување на претпродажна верзија на Galaxy Buds+ со неодамна пуштен паметен телефон Galaxy со стандардни поставки (функцијата за амбиентален звук е исклучена). Адаптерот за патување на Samsung се користи за полнење. Вистинскиот век на траење на батеријата може да се разликува во зависност од условите на користење, бројот на полнења и многу други фактори.
- 2) Компатибилноста на Galaxy Buds + со функцијата за безжично полнење е достапна на Samsung Galaxy S20, S20+, S20 Ultra, Z Flip, Note10, Note10+, S10e, S10, S10+, S10 5G и Fold.
- 3) Достапноста на боите може да се разликува во зависност од земјата.
- 4) Дополнителните функции се достапни на менито Laboratory. Функциите на менито Laboratory може да се додаваат и бришаат.
- 5) Звук на свирење може да се јави поради несоодветна големина или разлабавени продолжетоци на слушалките. Во тој случај, замени ги продолжетоците и најди големина која ти одговара на увото или намали ја јачината на амбиенталниот звук.
- 6) Компатибилно со компјутери кои имаат Windows 10 верзија 1803 или подоцнежна верзија. За да овозможиш Swift Pair на компјутерот оди во „Bluetooth & other devices“ (Bluetooth и други уреди) и означи ја опцијата „Show notifications to connect using Swift Pair (Прикажи известувања за поврзување со користење на Swift Pair)“.
- 7) Компатибилно со паметни телефони и таблети кои функционираат со Android 5.0 или повисока верзија и кои имаат RAM меморија поголема од 1,5 GB. Компатибилно е и со iPhone7 или понови модели кои имаат iOS 10 или повисока верзија.
Поддршка
Пронајди одговори на прашањето што го имаш за производот
Најчести прашања
{{family.currentModel.displayName}}
{{family.currentModel.modelCode}}
Price with discount: {{model.prices.currentPriceDisplay}}
Price before: {{model.prices.priceDisplay}}
-
{{summary.title}}
-
{{summary.title}}
Спореди ги моделите
Спореди со слични предмети