Со суперголем телевизор, секој натпревар станува голем натпревар! Изберете Neo QLED, QLED или Crystal UHD модел од 75" или поголем и земете си подарок за уште поголемо уживање во играта.

Со купување на кој било од 8K моделите, односно 75" и 85" Neo QLED, QLED или Crystal UHD модел од сериите 7, 8 или 9 од 2021 година, ќе го надополните своето навивачко доживување, бидејќи ви подаруваме soundbar-звучник. Со Neo QLED 8K подаруваме soundbar-звучник HW-Q700A, а со 75" и 85" Neo QLED моделите, soundbar-звучник HW-Q600A. Со 75" и 85" QLED модели добивате soundbar-звучник HW-A550, а со 75" и 85" Crystal UHD, soundbar-звучник HW-A450.

Правото на подарок го остварувате со регистрација на купувањето на ce.promotion@samsung.com, а условите на промоцијата и листа на уредите што се вклучени во промоцијата може да најдете тука.

Промоцијата трае од 3.5. до 11.7.2021 година или до истекот на залихите.

Доколку одлучите да купите 8K, Neo QLED и QLED модел од 2021 година во периодот од 1.4. па сè до 30.6.2021 г., остварувате и право на 5 години гаранција. За повеќе информации за листата на сите модели вклучени во промоцијата и пријавата за остварување 5 години гаранција, посетете ја страницата samsung5godinagarancija.mk, а условите на промоцијата најдете ги тука.

Повеќе информации за енергетските ознаки на поединечните модели на телевизори побарајте во продолжение.

Не пропуштајте ниеден детаљ

Neo QLED 8K

Поместете ги границите на гледањето

Навивајте од трибините од вашиот дом, со процесорот Neo Quantum Pro 8K којшто овозможува напредни визуелни детали и технологијата Quantum Dot којашто донесува 100 % тридимензионален опсег и милијарда нијанси на една боја.

Neo QLED 4K

Моќно доживување на 4K резолуцијата

Уживајте и во најситните детали и нијанси, благодарение на динамичното пресликување тонови што секоја сцена од вашиот омилен филм ја пренесува на екранот баш онака како што замислил режисерот.

QLED 4K

Синергија на звук и слика

Моќниот Quantum Processor 4K интелигентно ги приспособува сликата и звукот, со што добивате сè што е потребно за целосно уживање во сцените што оставаат без здив.

Crystal UHD

Истражете свет на живописни бои

Потонете во море од безброј нијанси и најразлични бои со технологијата Dynamic Crystal Color. High Dynamic Range го зголемува опсегот на нивоата на светлина на телевизорот, така што можете да уживате во огромен спектар на бои и детали и во темните сцени.

Soundbar звучници HW-Q700A

Хармонија на звукот

Уживајте во совршена синергија на звук и слика, бидејќи овој soundbar-звучник се синхронизира со Samsung телевизорот, создавајќи звук што освојува. Dolby Atmos и DTS:X форматите овозможуваат да ги слушнете и најмалите финеси на звукот, баш како да се во вашиот дом.