Истечен

Важи од 01/09/2020 до 30/09/2020

Ова е единствена можност да купите една од најмоќните, а притоа и најлесните правосмукалки, Samsung Jet, бидејќи за секое купување до крајот на септември добивате на подарок и дополнителна батерија.

Едноставно чисти различни видови подови со лесната, но силна безжична стапчеста правосмукалка. Аеродинамичниот дизајн на воздушниот систем го оптимизира и движењето на воздухот, додека мултициклонското филтрирање на воздух ги задржува ситните честички прашина. Оваа правосмукалка поседува силна турбо четка која ги собира ситните честички прашина од тепихот, како и од тврдите подови. Ротира 3.750 пати во минута, додека главата која ротира 180 степени овозможува лесно да ја смените насоката и да го исчистите секој агол. Ротирачкиот барабан може лесно да го одржувате со тоа што ќе го одвоите со еден клик. Ова е посебно важно за сите вас кои го делите домот со домашно милениче. Не грижете се, вашите „влакнести“ пријателчиња може да бидат темпераментни до бескрај, бидејќи оваа правосмукалка моќно ги собира сите влакна кои, играјќи, ги оставаат зад себе.

Не заборавајте на важниот аспект на здравјето. Samsung Jet го одржува воздухот чист благодарение на петслојниот ХЕПА систем за филтрирање. На почетокот главниот циклон и металниот мрежест филтер ги одвојуваат и фаќаат големите честички прашина. Млазниот циклон и микро филтерот ја фаќаат ситната прашина. На крајот, ултрафиниот филтер за прашина собира 99,999 % прашина и алергени. Вдишете чист воздух и овозможете му на вашето семејство поздраво животно опкружување.

Ќе уживате во ергономската удобност што ја нуди оваа правосмукалка. Ќе го исчистите вашиот дом без напор со лесното управување и движење. Лесниот дизајн обезбедува максимална употребливост и го намалува оптеретувањето на зглобот. Исто така можете да ја прилагодите должината на телескопската цевка на 4 нивоа. И не изненадувајте се ако, доколку чистите и ја слушате омилената песна на радио, во еден момент сфатите дека веќе сте ја исчистиле целата куќа!

Промоцијата на правосмукалки Samsung Jet во која како подарок добивате дополнителна батерија, важи од 1.9. до 30.9.2020. За да остварите право на подарок, треба најдоцна во рок од 30 дена од датумот на издавање на сметката да се регистрирате на е-адресата ce.promo@samsung.com со испраќање на следните податоци: име, презиме, е-адреса, домашна адреса (за доставување на подарокот), приказ (скен) од фискалната сметка од продажното место, модел и сериски број на уредот.

Деталите и условите на промоцијата може да ги пронајдете тука.

Моќна, а лесна

Jet 90E multi

Извонредна вшмукувачка моќ

Уживајте во почист воздух и извонредна вшмукувачка моќ со високоефикасната и мултициклонска структура на системот на млазниот циклон. Оптималниот воздушен пат го намалува отпорот на воздух, а неговите 9 циклони со 27 отвори за воздух ја сведуваат загубата на вшмукување на минимум. Исто така хигиенски ги одвојува ситните честички прашина од воздухот.

Jet 90E
premium

Одделива и долготрајна батерија

Уживајте во долг период на чистење без полнење. Батеријата со висока ефикасност (1800 mA) одржува вшмукување до 40 минути. Задржува 70 % од првобитните перформанси до 500 циклуси. Може лесно да ја отстраните и замените резервната батерија за да чистите до 80 минути.

VS7000 Jet 70
turbo

Правосмукалка со млазен циклон, турбо четка и дигитален екран

Полесно одржувајте ги чисти подовите со помош на опционалниот чистач што се врти. Двојните подлошки што се вртат овозможуваат ефикасно чистење со помалку напор. Може да користите или подлошки за чистење со микровлакна за повеќекратна употреба или влажни крпи за еднократна употреба.

VS7500 Jet 75
complete

Понапредни перформанси на чистење

Уживајте во почист воздух и извонредна вшмукувачка моќ со високоефикасната и мултициклонска структура на системот на млазниот циклон. Оптималниот воздушен пат го намалува отпорот на воздух, а неговите 9 циклони со 27 отвори за воздух ја сведуваат загубата на вшмукување на минимум. Ја задржува и најситната прашина вшмукана во правосмукалката.

VS7500 Jet 75
easy

Моќно чистење

Чисти различни видови подови со максимална моќ на вшмукување. Дигиталниот инвертер мотор Samsung создава вшмукувачка моќ од 200 W. Аеродинамичниот дизајн на воздушниот систем, од четката до филтерот, го оптимизира движењето на воздухот, додека мултициклонското филтрирање на воздухот ги задржува ситните честички прашина.