Истечен

Важи од 02/07/2020 до 16/08/2020

Со купување на QLED Q80T или Q95T добивате на  подарок попуст за купување на soundbar звучник* и 12 месеци уживање со содржините на HBO GO! 

 

*За изборот на достапни soundbar звучници проверете на продажното место.

 

Ваучер или линк за регистрација за 12 месеци HBO GO услуга и повеќе информации пронајдете овде

 

Телевизорите Samsung QLED поставуваат највисоки HDR стандарди и обезбедуваат извонредно искуство за гледање на ТВ, без страв од ефектот „Burn-in“. Само Samsung е толку сигурен во квалитетот на своите екрани што обезбедува 10-годишна гаранција * без ефектот "Burn-in". За да го остварите правото на гаранција, потребно е да регистрирате купувањето на ce.promo@samsung.com. Деталите и условите на промоцијата можете да ги најдете тука

 

Промоцијата трае од 2.7.2020 до 16.8.2020 или до истекот на залихите.

 

Зачекорете во возбудливиот свет на живописните бои. Quantum Dot технологијата Ви овозможува нова димензија на гледање со над милијарда бои. Со помош на интелигентниот 4К процесор имате можност на револуционерен начин да уживате во модерниот квалитет на сликата. 

 

QLED Q80T внесува реалност и стопроцентна видливост на боите и во темни и во светли кадри со помош на технологијата на квантна точка. Секој детаљ од сликата ќе биде прикажан до најситни детали.  QLED моделите се одликуваат со функцијата Direct Full Array 6X којашто овозможува подлабоки црни нијанси и овозможува совршена острина на секоја сцена  од екранот. Со пошироката слика доаѓа и поголемото воодушевување! Ќе бидете поблизу до секој спортски пренос, ќе ја почувствувате секоја филмска експлозија и ќе уживате во реалистичниот приказ на Вашата омилена серија. Ако сте гејмер, пред Вас е целосно ново и единствено искуство. Сега ништо не може да Ве забави. QLED телевизорот користи FreeSync (VRR) технологија којашто го скратува одѕивот на командата и овозможува играње во реално време без прекинување на сликата. Уживајте во своите омилени игри! 

 

Со QLED Q95T доживејте ја најмоќната 4K резолуција. Каде и да седите, сликата којашто Ви ја овозможува QLED Q95T ќе биде извонредна. Ова Ви го овозможува современата Ultra Viewing Angle технологија на новата генерација. Сликата на телевизорот е секогаш сјајна, без оглед на опкружувањето коешто се менува, затоа што екранот активно се прилагодува на автоматското поставување на светлината. Без оглед на тоа кое време е од денот или која содржина ја гледате, Вашето искуство во гледањето ќе биде единствено. 

 

Samsung soundbar звучникот одлично се поврзува со QLED телевизорите. Директно од Samsung Audio лабораторијата, со примена на напредни технолошки методи од страна на врвни инженери, се роди единствено доживување кое носи исклучително урамнотежен звук во целата просторија и таа комбинација од soundbar звучник и QLED телевизор дава вистинска хармонија. Samsung soundbar звучникот Ви дава можност и за паметно слушање со помош на апликацијата SmartThings преку која во својата мрежа од паметни уреди можете да ги додадете звучниците и така да го збогатите својот дом со уште еден паметен уред.

 

Кога сето тоа е подготвено за совршена атмосфера пред телевизорот, тогаш Вам Ви е потребна содржина која ќе Ве воодушеви. Со оваа акција добивате и 12 месеци гледање на одлични серии, филмови и цртани филмови со HBO GO програмата којашто можете да ја гледате кога и да посакате.Уживајте во врвните содржини на Вашиот нов екран!

Зголемете го Вашето доживување со исклучителен звук

Нијанси за уживање

QLED Q80T - Телевизор на новата генерација

Доживејте го тоа што досега не сте можеле на конвенционалните телевизори. Поголемиот екран и целосните бои овозможуваат широка слика и врвни сцени на Вашата омилена содржина. Функцијата за ултраширок агол Ви овозможува да не мора да седите директно пред телевизор. Сега секое место е удобно за гледање телевизија.

Нова реалност

QLED Q95T - Напреден звук во сите насоки

QLED Q95T внесува силни реални бои коишто ја оживуваат секоја нијанса. Тоновите се пресликуваат динамично и овозможуваат живописна хармонија меѓу сликата и звукот. HDR10+ технологијата го регулира поставувањето на боите и контрастите и овозможува најдобро искуство во гледањето.

Единствена Quantum Dot технологија на бои којашто ја доловува сцената со 100 % тридимензионален опсег!

Звук за уживање

Soundbar звучник HW-Q70T - звук кој ќе Ве обземе

Со почист звук секое искуство станува незаборавно. Со звукот прилагодлив на просторот се овозможува јасен тон дури и кога звукот е тивок. Така и многу тивките разговори се слушаат разбирливо и јасно. Прилагоден е на професионалниот режим на видеоигрите.

Поврзувањето на звучникот со телевизорот преку Wi-Fi врска или Bluetooth врска е едноставно.
Лесно поврзете, внимателно слушајте и максимално уживајте!