Што да направам кога водата не излегува правилно од диспензерот?

Ако имате проблеми со диспензерот за вода во ладилникот, може да ги спроведете следниве совети за решавање проблеми пред да се обратите во технички сервис затоа што решението за проблемот може да биде дадено во неколку чекори. 

Проверете го режимот на дисплејот

  • Кога водата не излегува од диспензерот, проверете дали е вклучен режимот Брава за деца. Ако е вклучено Брава за деца, притиснете и држете на копчето Брава за деца повеќе од 3 секунди за да деактивирате. 
  • Ако диспензерот не е заклучен, обидете се со притискање на копчето за Water (Вода), Cubed Ice (Коцки мраз) или Crushed Ice (Кршен мраз). Покрај тоа, уверете се дека сте го избрале копчето за турање вода (конкретните упатства се разликуваат зависно од моделот).
  • Можеби замрзнал резервоарот за вода затоа што поставената температура била прениска. Поставете повисока температура на дисплејот.
проверете дали се прикажува брава за деца и исклучете ја

Забелешка: вистинскиот изглед на дисплејот може да се разликува според моделот.

Проверете дали филтерот за вода е наместен правилно

Внатрешната инсталација на филтерот за вода може да предизвикува одредени проблеми. Проверете дали внатрешниот филтер за вода на ладилникот е наместен правилно. Ако филтерот за вода не е поврзан или вметнат добро, диспензерот за вода може да не работи. Проверете дали филтерот за вода е заклучен правилно на своето место. Затнатиот филтер за вода е често причина за слаб притисок на водата. Може да го зголемите притисокот на водата и ако го замените филтерот навремено.

уверете се дека филтерот за вода е наместен правилно

Проверете ја инсталацијата за вода и положбата на вентилот

  • Ако не излегува воопшто вода од диспензерот за вода, треба да ја проверите инсталацијата за вода.
  • Проверете дали надворешната инсталација за вода е правилно поврзана со ладилникот. Вентилот за довод на вода треба да биде отворен. 
  • Уверете се дека цревото е слободно и без никакви пречки. Цревото за довод на вода не треба да биде свиткано или стегнато.
  • Обично инсталацијата на водата и вентилот за довод на вода се наоѓаат на задната страна од ладилникот близу одводната цевка.
Проверете ја инсталацијата за вода и притисокот на водата

Забелешка: 

  • местоположбата на линијата за довод на вода може да се разликува зависно од производот и зависи од местоположбата на цевките за довод на вода во куќата.
  • Повеќе детали може да најдете во прирачникот за корисникот. 

Како да го тестирате притисокот на водата во ладилникот

  • Откако ќе ја проверите инсталацијата на водата, тестирајте го притисокот на водата. 
  • Непрекинато турајте вода 10 секунди. Ако со водата се наполнат 2/3 од филџан, треба да го зголемите притисокот на водата во ладилникот.
  • Се препорачува инсталацијата за водата да ја монтира професионален водоинсталатер. Поради тоа, ако не сте запознаени со постапката, обратете се во центарот за потрошувачи.

Совети како да го отстраните воздухот од линијата за вода

  • Отстранувањето воздух од инсталацијата за вода треба да се изврши кога филтерот за вода или инсталацијата за вода биле неодамна заменети или поврзани. 
  • За да го отстраните воздухот од инсталацијата за вода, држете ја рачката на диспензерот и обидете се да турате вода 5 минути. Ако водата почнува да тече, продолжете дури не запре целото распрскување и текот не биде стабилен (може да се потрошат до 7-10 литри вода).

Благодариме за повратните информации