Што да правам ако температурата на клима-уредот не е доволно ниска?

Клима-уредите од Samsung се дизајнирани да бидат исклучително ефикасни. Режимот за брзо ладење овозможува брза промена во температурата на воздухот за брзо намалување на собната температура до определеното поставување. Ако забележите дека температурата на клима-уредот е погрешна иако сте ја поставиле правилно, проверете ги следниве услови во околината.

Прилагодете ги поставките за температура

  • Кога ќе почувствувате дека температурата на клима-уредот не доволно ниска, проверете дали избраната температура е поставена на ниска.
  • Притиснете на + или на - од копчето Temp (Температура) за да ја промените температурата на клима-уредот.
  • Собата треба да биде изолирана од топлина, а сите врати и прозорци да бидат затворени; во спротивно може да има слаб ефект на ладење.

Отстранете ги пречките околу клима-уредот

Ако има пречки пред внатрешната или надворешната единица, клима-уредот може да не работи правилно. (Производот не ќе може да влече доволно воздух.)

проверете дали има пречки околу клима-уредот

Земете го предвид капацитетот на просторот

Ако собата е поголема од капацитетот на клима-уредот, ќе треба подолго време за да се намали температурата. Поради тоа, препорачуваме да користите клима-уред соодветен за просторот во домот. Ако користите клима-уред со недоволен капацитет во однос на просторот во куќата, куќата нема да се излади, а сметката за струја ќе биде висока.

Проверете го филтерот за воздух

Кога во внатрешниот филтер за воздух има премногу прашина, клима-уредот не може да влече доволно воздух. Тоа може да биде причина за проблемот со температурата. Ви препорачуваме да го чистите филтерот на 2 недели или кога ќе се појави кодот CFна дисплејот од внатрешната единица. (Кодот CF на дисплејот е всушност потсетник за чистење на филтерот)

Проверете подолу кој е моделот на Вашиот клима-уред и упатството за чистење на филтерот за воздух. На тој начин ќе имате свеж и ладен воздух. 

Забелешка:

  • Прочитајте во прирачникот за корисникот на кој начин се откачува и се поставува филтерот. (Може да се разликува кај различни модели.)
  • Времето на чистење може да се разликува во зависност од користењето и околните услови.

Чекор 1. Лизгајте го филтерот надвор од единицата.

лизгајте го филтерот надвор од единицата

Чекор 2. Употребете мека четка или правосмукалка за да ја исчистите преостанатата прашина или нечистотија на филтерот

соберете ја прашината од филтерот со помош на четка

Чекор 3. Ако на филтерот има многу прашина, накиснете го филтерот околу 30 минути во сапуница и исплакнете го.

чистење на филтерот со вода

Чекор 4. По плакнењето на филтерот, исушете го на добро проветрено место.

исуши го филтерот

Чекор 5. Наместете го филтерот повторно.

Забелешка:

  • Не гребете го филтерот за воздух со тврда четка или со друга груба алатка.
  • Ако не се исуши филтерот за воздух целосно или ако се исуши во затворено (или влажно) место, може да се јави лоша миризба.
  • Не изложувајте го филтерот за воздух на директна сончева светлина за да го исушите.

Ако Вашиот клима-уред е стоечки тип со инвертер, проверете ги следниве чекори наведени подолу. Кај моделот на стоечки клима-уред со инвертер има два типа филтри.

  • Full HD филтер: ги филтрира големите честички од влезниот воздух.
  • Zero филтер: ги собира малите честички прашина во воздухот. Може да се пере и да се користи полупостојано.

Чистење на Full HD филтерот

Чекор 1. Извлечете го Full HD филтерот според насоките на стрелките прикажани на сликата подолу.

извлечете го hd-филтерот

Чекор 2. Соберете ја прашината со правосмукалка или со проточна вода.

соберете ја прашината

Чекор 3. Исушете го филтерот целосно на сенка.

исушете го hd-филтерот

Чекор 4. Турнете го Full HD филтерот докрај во насока на стрелката за да може да се фиксира целосно.

full hd-филтер на единицата

Забелешка:

  • Чистете го филтерот Full HD на секои 2 недели.
  • Времето на чистење може да се разликува во зависност од користењето и околните услови.

Чистење на Zero филтер

Внимавајте на острата задна површина на филтерот Zero. Може да ги повредите рацете.

Чекор 1. Извадете го долниот Full HD филтер. Фатете ја рачката на филтерот Zero и отстранете ја тргајќи во насока на стрелката прикажана на сликата.

извадете го долниот full hd филтер од zero филтерот

Чекор 2. Натопете го филтерот во вода и протресете горе-долу неколку пати.

натопете го филтерот

Чекор 3. Исушете го филтерот во проветрена област.

исушете го филтерот

Чекор 4. Турнете го филтерот Zero во насока на стрелката и уверете се дека е фиксиран во правилна положба. Вратете го долниот Full HD филтер назад.

турнете го филтерот zero и вратете го филтерот full hd назад

Забелешка:

  • Чистете го филтерот Zero на секои 3 месеци. (Базирано на користење од 8 часа на ден.)
  • Времето на чистење може да се разликува во зависност од користењето и околните услови.

Совети за повеќенаменскиот филтер за воздух

  • Држете ја решетката со една рака за да не падне.
  • Кога ќе ја извадете решетката целосно, отворете ги безбедносните куки на двете страни од решетката.
притиснете на копчето за да ја отворите решетката
отворете ги безбедносните куки на двете страни од решетката
целосно отстранете ја решетката за да го исчистите филтерот

Забелешка:

  • Вистинскиот изглед на клима-уредот може да се разликува во зависност од типот на моделот што го имате (или од регионот).
  • Темелно прочитајте ги предупредувањата и важните упатствата за безбедност во прирачникот.

Чистење на филтерот за воздух

Чекор 1. Извлечете го филтерот за воздух на десната страна.

Чекор 2. Отстранете ја сета прашина од филтерот за воздух со помош на правосмукалка или четка.

Чекор 3. Исчистете го филтерот со правосмукалка или со мека четка. Ако прашината е тешка за отстранување, исплакнете под проточна вода и исушете на проветрено место.

Чекор 4. Исушете го исчистениот филтер за воздух на добро проветрено место.

Чекор 5. Вратете го филтерот. (На обратен начин од откачувањето.) Потоа ресетирајте го филтерот за воздух.

Како да го ресетирате филтерот

  • Кај внатрешните единици со далечински управувач со жица, притиснете на копчето Filter Reset (Ресетирај филтер). 
  • Кај внатрешните единици со безжичен далечински управувач, притиснете на копчето Options (Опции) или на Filter Reset (Ресетирање на филтерот), а потоа притиснете на копчето SET (Постави). 

Благодариме за повратните информации