Galaxy Tab A9 (Wi-Fi)

Одбери боја

Боја :

Одбери поврзување

Одбери Склад

  • Може да се види жена како скока на празен пат опкружен со дрвја. Зад неа се гледа рамката на Galaxy Tab A9+ за да се илустрира големиот и светлиот дисплеј на уредот.
    Екран
  • Фотографиите се прикажани во две хоризонтални линии. На врвот на фотографиите е рамката на Galaxy Tab A9+, за да се илустрира големото складирање на уредот.
    Меморија
  • Galaxy Tab A9+ може да се види со екранот поделен на три за да се покаже функцијата со повеќе прозорци. На екранот се наоѓаат апликацијата Samsung Note, апликацијата Галерија и функцијата за видео повик.
    Multi Tasking

Galaxy Tab A9 | Tab A9+

*Сликата е симулирана. Достапноста и боите може да се разликуваат во зависност од земјата или операторот.

Класично и современо

Модерни и со доза елеганција. Galaxy Tab A9 и Tab A9 имаат префинет дизајн и елегантно тело. Уживај во препознатливиот дизајн за таблети на Samsung, и тоа во графитна, сребрена и темно сина боја, при што секоја нијанса го истакнува нивниот шарм.

*Galaxy Tab A9 и Tab A9+ се достапни во графитна, сребрена и темно сина боја. Достапноста на боите може да се разликува во зависност од земјата или операторот.**Galaxy Tab A9 има дебелина од 8,0 mm. Galaxy Tab A9+ има дебелина од 6,9 mm.

Широки, светли слики што се движат беспрекорно

Искуси како се ужива во забавата на голем, светол екран. Високата стапка на освежување екран на Galaxy Tab A9+ ти овозможува да уживаш во сликите со беспрекорно и флуидно движење. Дури и кога си надвор, нурни во извонредниот свет на омилените содржини.

*Сликата е симулирана за илустрација.**Мерено дијагонално, големината на екранот на Galaxy Tab A9 е 8,7 инчи како цел правоаголник без заоблените агли. Големината на екранот на Galaxy Tab A9+ е 11,0 инчи како цел правоаголник без заоблените агли. Вистинската површина што се гледа е помала поради заоблените агли.***Стапката на освежување екран на Galaxy Tab A9 е до 60 Hz. Стапката на освежување екран на Galaxy Tab A9+ е до 90 Hz.

Зачувај повеќе од она што го сакаш

Galaxy Tab A9 и Tab A9+ имаат меморија до 8 GB RAM, така што нема толку доцнење додека вршиш мултитаскинг. Покрај тоа, вградената меморија од 128 GB ги зачувува сите видеа, слики и датотеки со висока резолуција. А, меморијата може да ја прошириш со microSD картичка до 1 TB. Зачувај повеќе од она што го сакаш, а бриши помалку.

*Сликата е симулирана за илустрација.**Опциите за меморија и достапноста може да се разликуваат во зависност од земјата или регионот.***Достапноста на меморијата може да се разликува во зависност од софтверот кој е претходно инсталиран.****За Galaxy Tab A9 и Tab A9+ има две достапни опции за меморија и простор за складирање: меморија од 4 GB и простор за складирање од 64 GB, меморија од 8 GB и простор за складирање од 128 GB.*****MicroSD картичката се продава одделно. Сите модели поддржуваат MicroSD картички со меморија до 1 TB. Надворешната меморија може да се користи за зачувување медиумски датотеки (слики, видеа и музички датотеки), но не апликации. Достапноста може да се разликува во зависност од земјата и производителот.

Подели го екранот на три дела. Зголеми ја својата продуктивност

Справи се со неколку задачи одеднаш. Со Galaxy Tab A9+, може да скицираш градежни планови и да бираш воодушевувачки слики и да вршиш видеоповик – до три апликации на еден екран, без да затвориш ниту едно прозорче.

*На Galaxy Tab A9, истовремено може да се прикажат најмногу две апликации. На Galaxy Tab A9+, истовремено може да се прикажат најмногу три апликации.**Одредени апликации може да не поддржуваат мултитаскинг.***Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

*На Galaxy Tab A9, истовремено може да се прикажат најмногу две апликации. На Galaxy Tab A9+, истовремено може да се прикажат најмногу три апликации.**Одредени апликации може да не поддржуваат мултитаскинг.***Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

Опкружи се со богат звук

Нурни во богатиот звук со звучниците кои испорачуваат звук што те обвиткува. Без разлика дали уживаш во филм или музика, Galaxy Tab A9+ ти овозможува целосно да се впуштиш во 3D звукот, со неверојатна длабочина и јасност.

*Сликата е симулирана за илустрација.**Galaxy Tab A9 вклучува двојни звучници (1.0 W). Galaxy Tab A9+ има Quad звучници (1.2 W).***И Galaxy Tab A9 и Galaxy Tab A9+ поддржуваат Dolby Atmos.

Осигури ги своите спокој и безгрижност

Нека твоите информации бидат на безбедно и сигурно место. Зачувај ги важните податоци во папката Secure Folder и следи го статусот на целокупната безбедност на својот уред на контролната табла за приватност. Извлечи го најдоброто од своето Samsung Galaxy искуство, без да се грижиш за безбедноста.

*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

Quick Share при хипербрзини

Quick Share

Споделувањето слики, видеа и документи е брзо и лесно со Quick Share. Со само неколку допири можеш за миг да праќаш податоци од својот Galaxy телефон, Tab или Book на Galaxy уреди во близина — па, дури и на повеќе уреди. Сакаш да испратиш датотека на уред што не е Galaxy? Прелесно е, како да праќаш врска.

Не излегувај од колосек

Продолжи со апликациите на други уреди

Продолжи онаму каде што си застанал, во секое време. Со едноставно најавување на истата сметка на Samsung, може да се вратиш на своите белешки или пребарувањето на интернет, без да започнуваш одново, слободно префрлувајќи се помеѓу двата уреда.

Прошири ги своите хоризонти

Копирај и залепи

Креирај, испорачувај и постигнувај надвор од границите благодарение на беспрекорното копирање и залепување на уредите. Без разлика дали креираш табла за расположение или внесуваш податоци во слајдовите на PowerPoint презентација, твојата продуктивност и креативна енергија ќе течат послободно и поефикасно.

Спарувај за миг

Auto Sync

Нека долготрајното рачно спарување на твоите омилени уреди остане во минатото. Од лаптопот и слушалките, до Galaxy Watch, ќе видиш дека сите уреди што биле спарени со твојот Samsung Galaxy телефон автоматски се појавуваат во списокот со Bluetooth уреди на Galaxy Tab A9 или Tab A9+.

  • *Сите функции се поддржани од One UI 5.1. Достапноста на One UI 5.1 може да се разликува во зависност од уредот, земјата, регионот и операторот.**Секој уред треба да има One UI 5.1, да има вклучен Bluetooth и да е поврзан на истата сметка на Samsung.***Апликацијата Continue на други уреди е компатибилна само со Samsung Internet и Samsung Notes. За да функционира оваа функција, двата уреди што ќе ги користите мора да се најавени на иста сметка на Samsung и поврзани на истата Wi-Fi мрежа, при што функцијата Bluetooth и Continue за продолжување на други уреди се овозможени на двата уреди.****Сликите на екранот се симулирани за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

Спецификации

{{family.currentModel.displayName}}

{{family.currentModel.modelCode}}

Боја : {{chip.displayName}}
{{model.prices.currentPriceDisplay}}
Од {{model.prices.monthlyPrice}} / месечно за {{model.prices.months}} мин
или {{model.prices.currentPriceDisplay}}
Price without VAT: {{model.prices.vatFreePriceFormatted}}

Price with discount: {{model.prices.currentPriceDisplay}}

Price before: {{model.prices.priceDisplay}}

{{model.prices.priceDisplay}} {{model.prices.savePrice}}
  • {{summary.title}}

    {{summary.value}}{{summary.unit}}

  • {{summary.title}}

Спореди ги моделите

Спореди со слични предмети

НЕОДАМНА ПРЕГЛЕДАНО

Карактеристиките, спецификациите и визуелните елементи на производот се предмет на промени.