Galaxy A02s
-
Прошири го твоето гледиште со 6,5-инчниот Infinity-V дисплеј
-
Повеќе начини да го сликаш твојот свет со тројната камера
-
Управувај го денот со батерија која нема да ти застане на патот
Многу помала рамка, многу повеќе за гледање
Прошири го твоето гледиште со 6,5-инчниот Infinity-V дисплеј на Galaxy A02s и види како помал екран открива поголеми светови. Благодарение на технологијата HD+, содржината што ја гледаш секој ден изгледа совршено—изострено, чисто и јасно.
*Сликата е симулирана за илустрација.**Мерено дијагонално, големината на екранот е 6,5 инчи како цел правоаголник и 6,3 инчи со заоблените агли. Вистинската површина што се гледа е помала поради заоблените агли и пресекот за камера.
Одличен изглед за одлично чувство
Galaxy A02s е спој на естетски и ефикасен дизајн со класични бои. Префинетите облини овозможуваат удобно држење и лесна навигација на екранот. Модерниот мат финиш додава нежна текстура на површината и не создава отсјај, а доаѓа во црна, бела, црвена и сина боја.
*Достапноста на боите може да се разликува во зависност од земјата или операторот.
*Достапноста на боите може да се разликува во зависност од земјата или операторот.
Повеќе начини да го сликаш твојот свет со тројната камера
Сликни ги моментите за паметење со јасни детали со помош на главната камера од 13 MP. Приспособи го фокусот со Depth Camera или доближи се до деталите со Macro Camera.
Macro Camera ги доловува и најситните детали
Пријди поблиску со Macro Camera од 2 MP и откриј детали кои инаку би ги пропуштил. На твоите слики им додава природен „Bokeh“ ефект со што го истакнува она што го сликаш од заднината.
*Сликата е симулирана за илустрација. **Карактеристиката Macro Camera е поддржана само за задната камера.
*Сликата е симулирана за илустрација. **Карактеристиката Macro Camera е поддржана само за задната камера.
Стави го фокусот во преден план со Depth Camera
Depth Camera од 2 MP ти овозможува да ја контролираш длабочината на полето во твоите слики. Со еден едноставен допир можеш фино да го приспособиш затемнувањето на заднината зад она што го сликаш за да добиеш квалитетни портрети што навистина се издвојуваат од другите.
Предна камера, за „селфи“ фотографии вредни за споделување
Со предната камера од 5 МР на Galaxy A02s и Live Focus, сега е лесно да направиш одлични „селфи“ фотографии кои во преден план те ставаат тебе, а ја занемаруваат заднината.
*Сликата е симулирана за илустрација.
*Сликата е симулирана за илустрација.
Моќ што те тера да продолжиш
Управувај го денот со батерија која нема да ти застане на патот. Батеријата од 5000 mAh (типична)* ти овозможува да работиш, без прекини. А со Adaptive Fast Charging од 15 W, Galaxy A02s брзо ја надополнува батеријата.
*Типична вредност тестирана во лабораториски услови на трети страни. Типична вредност е проценетата просечна вредност, земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците од батерија тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот (минимален) капацитет е 4900 mAh. Реалното времетраење на батеријата може да се разликува во зависност од мрежната средина, начинот на употреба и други фактори.**Полначот 15 W за AFC(Adaptive Fast Charging) се продава одделно.
Овозможи си поголем простор за играње
Galaxy A02s комбинира Octa-core моќ на процесирање со 2 GB/3 GB/4 GB RAM за брзи и ефикасни перформанси за она што го правиш во моментот. Уживај во 32 GB/64 GB внатрешна меморија или додај уште повеќе простор со MicroSD картичката од 1 TB.
*Капацитетот на RAM и внатрешната меморија може да се разликуваат во зависност од земјата. Реално достапната меморија може да се разликува во зависност од претходно инсталираниот софтвер.**MicroSD картичката се продава одделно.
Направен за фокусирање со помош на One UI Core
One UI Core ти помага да се фокусираш на она што ти е важно. Хардверот и софтверот работат заедно, со лесно достапни содржини и карактеристики за да можеш да дојдеш до нив полесно. Користи го темниот режим за попријатно искуство во темница, а со јасниот и интуитивен екран користењето на твојот телефон ти станува навика.
*Сликата на уредот и екранот е симулирана за илустрација.**Достапноста на карактеристики One UI Core, апликации и услуги може да се разликува во зависност од уредот, верзијата на оперативниот систем и земјата.
Одлично Android™ искуство, секогаш
Преземи ги најновите Google апликации на Android OS, целосно поддржани на твојот Galaxy A02s.
*Достапноста на Google апликации може да се разликува во зависност од земјата или јазикот.
*Достапноста на Google апликации може да се разликува во зависност од земјата или јазикот.
Секогаш тука за тебе, каде било, кога било
Уживај во мирот кога ќе одлучиш да купиш Galaxy смартфон. Интерактивната дијагностика и оптимизацијата на апликацијата Samsung Members го олеснуваат приспособувањето на перформансите на твојот уред, додека нашата корисничка поддршка ти овозможува да ги решиш проблемите кога ти е потребна дополнителна помош.
*Сликата е симулирана за илустрација.**Достапните функции и карактеристики за апликацијата Samsung Members може да се разликуваат во зависност од земјата и уредот.
Разгледај ја новата серија Galaxy A за да го најдеш вистинскиот уред за тебе
Ти ја претставуваме новата серија на телефони што ѝ овозможуваат на денешната генерација да го прави она што другите не можат. Запознај го новиот Galaxy A. За сите да ја почувствуваат генијалноста.
Спецификации
-
Тежина (g) 198
-
Процесор 1.8GHz
-
Големина на ROM (GB) 32
{{family.currentModel.displayName}}
{{family.currentModel.modelCode}}
-
{{summary.title}}
-
{{summary.title}}
Спореди ги моделите
Спореди со слични предмети