Galaxy A72
-
Екран
-
OIS
-
IP67
-
батерија 5.000 mAh (типично)
*Симулирана слика. **Достапноста на боите може да се разликува во зависност од земјата или операторот. ***Galaxy A72 е оценет како IP67. Според условите за тестирање за потопување во слатка вода длабока најмногу 1 метар во временски период до 30 минути. Не се препорачува употреба на плажа, во базен или вода со сапуница. Во случај да истурите течности што содржат шеќер на телефонот, исплакнете го уредот во чиста вода во сад, притискајќи ги копчињата. Заштитен е само од вода со слаб притисок. Високиот притисок на вода, како што е проточната вода од чешма или туш, може да го оштети уредот.
Генијален екран, непречено лизгање
Зголеми го видикот до максимум со воодушевувачкиот 6,7-инчен Infinity-O екран. FHD+ Super AMOLED дисплејот достигнува 800 нити¹ за јасност дури и на силна дневна светлина. Плус, Eye Comfort Shield² ја намалува сината светлина, а карактеристиката за навистина фино лизгање Real Smooth прави глетката да биде фина, без разлика дали играш или лизгаш.
*Сликите се симулирани за илустрација. **Измерено дијагонално, големината на екранот е 6,7 инчи како цел правоаголник и 6,6 инчи кога се сметаат заоблените агли. Вистинската површина што се гледа е помала поради заоблените агли и отворот за камера. 1. Ако адаптивното осветлување е вклучено во поставките. Кога дисплејот е изложен на над 20,000 лукси кои ги препознава сензорот за светлина на телефонот, како на пример во опкружување со силно амбиентално осветлување или директна сончева светлина, тогаш осветлувањето може да се зголеми до 800 нити. Вредностите за осветлувањето кои ги мери сензорот може да се разликуваат во зависност од аголот на светлината. 2. Дисплејот на Galaxy A72 (SM-A725) доби сертификат за грижа за видот од страна на SGS врз основа на неговата способност да ги намали штетните влијанија на сината светлина. Сертификатот може да се најде на https://www.sgs.com.
- *Достапноста на боите може да се разликува во зависност од земјата или операторот.
Генијална камера, секогаш изострена и стабилна
Премини на ултрависока резолуција со главната камера од 64 MP со OIS за фотографирање на јасни, чисти фотографии во текот на денот. Прошири го аголот на гледање со широкоаголната камера. Зумирај во нови далечини со 3х оптичкиот зум и 30X Space Zoom на Телефото камерата со OIS.
*OIS: Оптичко стабилизирање на фотографии **30X Space Zoom вклучува дигитален зум, што може да предизвика нарушување на квалитетот на сликата.
Снимај детали, дури и на слаба осветленост со OIS
Кажи им збогум на матните фотографии и видеозаписи. OIS (Оптичкото стабилизирање на фотографија) помага да се стабилизираат сликите за движењето да биде фино, а фотографиите јасни — дури и на слабо осветлување. Камерата повлекува повеќе светлина за да ги осветли слабо осветлените слики.
*Сликите се симулирани за илустрација.
- *Сликите се симулирани за илустрација. **Снимањето (фотографии/видеоснимки) под ултраширок агол е поддржано само за задната камера.
Macro Camera ги доловува и најситните детали
Пријди поблиску со Macro Camera од 5 MP и откриј ги ултрафините детали на сликата. На твоите слики им додава природен „bokeh“ ефект со што го истакнува она што го сликаш од заднината.
*Сликите се симулирани за илустрација. **Карактеристиката Macro Camera е поддржана само за задната камера.
*Сликите се симулирани за илустрација. **Карактеристиката Macro Camera е поддржана само за задната камера.
Предна камера со висока резолуција за „селфи“ како на суперѕвезда
Предната камера од 32 MP на Galaxy A72 снима чисти „селфи“ фотографии со висока резолуција во текот денот. А, со ефектот Bokeh, со кој се прави благо заматување на заднината, твоето лице е во центарот на вниманието.
*Сликите се симулирани за илустрација.
*Сликите се симулирани за илустрација.
Сега е отпорен на истурање, прскање и плискање
Оценет како IP67 за отпорност од вода и прашина, овој телефон е отпорен на потопување во вода до 1 метар во време до 30 минути.¹ Така што можеш да продолжиш да играш и снимаш и покрај тоа што телефонот е малку наводенет.
1. Galaxy A72 е оценет како IP67. Според условите за тестирање за потопување во слатка вода длабока најмногу 1 метар во временски период до 30 минути. Не се препорачува употреба на плажа, во базен или вода со сапуница. Во случај да истурите течности што содржат шеќер на телефонот, исплакнете го уредот во чиста вода во сад, притискајќи ги копчињата. Заштитен е само од вода со слаб притисок. Високиот притисок на вода, како што е проточната вода од чешма или туш, може да го оштети уредот.
1. Galaxy A72 е оценет како IP67. Според условите за тестирање за потопување во слатка вода длабока најмногу 1 метар во временски период до 30 минути. Не се препорачува употреба на плажа, во базен или вода со сапуница. Во случај да истурите течности што содржат шеќер на телефонот, исплакнете го уредот во чиста вода во сад, притискајќи ги копчињата. Заштитен е само од вода со слаб притисок. Високиот притисок на вода, како што е проточната вода од чешма или туш, може да го оштети уредот.
Surround-звук на твојата дланка
Благодарение на двата звучника — еден одозгора и еден одоздола — може да добиеш стерео звучно доживување без слушалки. Однеси ги филмските вечери или омилените игри на следното ниво со помош на звукот како на кино кој те внесува во сцената.
Генијална батерија, трае два дена¹
Батеријата од 5.000 mAh (типична)2 ти дава повеќе време да го правиш она што го сакаш — стриминг, споделување, гејминг и многу повеќе. Управувањето овозможено со AI детектира и приспособува според твоите навики на користење за батеријата да трае подолго. А со супер брзото полнење од 25 W, Galaxy A72 брзо ја надополнува батеријата.
1. Проценето според профилот на употреба на просечен/типичен корисник Независно проценето од страна на Strategy Analytics во Обединетото Кралство во периодот 20.1.2021-31.1. со верзии за пред-издавање на SM-A725, SM-A525, SM-A526, SM-A325, SM-A326 во стандардни услови со користење на мрежите LTE и 5G Sub6 (НЕ Е тестирано во 5G mmWave мрежа). Реалното времетраење на батеријата се разликува во зависност од мрежната средина, користените функции и апликации, зачестеноста на повици и пораки, бројот на полнења на батеријата и многу други фактори. 2. Типична вредност тестирана во лабораториски услови на трети страни. Типична вредност е проценетата просечна вредност, земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците од батерија тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот (минимален) капацитет е 4.860 mAh. Реалното времетраење на батеријата може да се разликува во зависност од мрежната средина, начинот на употреба и други фактори.
Генијален перформанс за да направиш повеќе одеднаш
Без разлика дали си сконцентриран на една задача или повеќе задачи одеднаш, Galaxy A72 ги подобрува перформансите благодарение на подобрениот Осмојадрен процесор и меморија до 6 GB RAM. Складирај повеќе и бриши помалку благодарение на интерната меморија до 128 GB. А ако тоа не е доволно, додај до 1 TB со microSD картичката.
*Капацитетот на RAM и внатрешната меморија може да се разликуваат во зависност од земјата. Просторот за складирање кој е на располагање може да се разликува во зависност од софтверот кој е претходно инсталиран. **MicroSD картичката се продава посебно.
Game Booster ти дава предност
Доведи ги перформансите до максимум со Game Booster. Исклучи ги работите што ти го одземаат вниманието и подобри ги игрите со наменет интерфејс и лесно достапно мени. Frame Booster овозоможува графиката да има непрекинато, вистинско движење. И, играј најдобро што можеш, затоа што Game Booster го учи твојот начин на употреба за да може да ги оптимизира батеријата, температурата и меморијата.
*Фотографиите од уредот и екранот се симулирани за илустрација. **Компатибилноста со Game Booster може да се разликува во зависност од играта.
Заштити го она што ти е важно
Платформата Samsung Knox, вградена во хардверот и софтверот на телефонот од самиот почеток, го штити твојот телефон од моментот кога ќе се вклучи. За повеќеслојна безбедност, таа ги штити твоите најчувствителни информации од злонамерни софтвери и закани.
*Архитектура за мерење интегритет базирана врз TrustZone.
Заштити со едноставен допир
Сензорот за отпечаток од прст на екранот на Galaxy A72 го препознава твојот единствен отпечаток од прстот, овозможувајќи ти лесен и безбеден начин да го заклучиш телефонот. А со услугите за биометриска автентикација Samsung Pass, твојот отпечаток од прстот овозможува побрз, побезбеден начин на автентикација за најава на некоја апликација или веб-локација.
*Опцијата Web log-in na Samsung Pass е достапна само во Samsung Internet. **Компатибилноста и достапноста на функциите и карактеристиките Samsung Pass може да се разликува во зависност од апликациите.
*Опцијата Web log-in na Samsung Pass е достапна само во Samsung Internet. **Компатибилноста и достапноста на функциите и карактеристиките Samsung Pass може да се разликува во зависност од апликациите.
Оптимизиран за да ти олесни
Уживај во финото движење и воодушевувачкиот дизајн со One UI. Оптимизирано за секоја големина на екран, ти дозволува да се фокусираш на она што е важно на пријатен и интуитивен начин. One UI ти овозможува да го приспособиш телефонот за да ти одговара тебе, така што целосно ќе уживаш во пријатното Galaxy доживување.
*Достапноста на карактеристики, апликации и услуги на One UI може да се разликува во зависност од уредот, верзијата на оперативниот систем и земјата. **Фотографијата од уредот и екранот е симулирана за илустрација.
*Достапноста на карактеристики, апликации и услуги на One UI може да се разликува во зависност од уредот, верзијата на оперативниот систем и земјата. **Фотографијата од уредот и екранот е симулирана за илустрација.
Одлично Android™ искуство, секогаш
Преземи ги најновите Google апликации на Android OS, целосно поддржани на твојот Galaxy A72.
*Достапноста на Google апликации може да се разликува во зависност од земјата или јазикот. **Google, Android, Google Play, YouTube и другите ознаки се трговски марки на Google LLC.
*Достапноста на Google апликации може да се разликува во зависност од земјата или јазикот. **Google, Android, Google Play, YouTube и другите ознаки се трговски марки на Google LLC.
Користи ги своите Galaxy Buds Pro за да го подобриш своето Galaxy A72 доживување
*Galaxy Buds Pro се продаваат одделно.
Лесно пронајди ги своите Galaxy Buds Pro со помош на SmartThings Find
*Сите уреди мора да бидат регистрирани со SmartThings за да добиваат паметни известувања. Потребна е најава на корисничка сметка на Samsung, поврзување на Wi-Fi или мобилен интернет и потребно е да се конфигурираат поставките во апликацијата SmartThings Find.
*Сите уреди мора да бидат регистрирани со SmartThings за да добиваат паметни известувања. Потребна е најава на корисничка сметка на Samsung, поврзување на Wi-Fi или мобилен интернет и потребно е да се конфигурираат поставките во апликацијата SmartThings Find.
Секогаш тука за тебе, каде било, кога било
Уживај во мирот кога ќе одлучиш да купиш Galaxy смартфон. Интерактивната дијагностика и оптимизацијата на апликацијата Samsung Members го олеснуваат приспособувањето на перформансите на твојот уред, додека нашата корисничка поддршка ти овозможува да ги решиш проблемите кога ти е потребна дополнителна помош.
* Достапните функции и одлики за апликацијата Samsung Members може да се разликуваат според земјата и уредот. ** Уредот и сликата на екранот се симулирани за илустрација.
Запознај го новиот Galaxy A. За сите да ја почувствуваат генијалноста.
Спецификации
-
Процесор 2.3GHz, 1.8GHz
-
Тежина (g) 203
-
Време на репродуцирање аудио (часови) До 146
Поддршка
Пронајди одговори на прашањето што го имаш за производот
Најчести прашања
{{family.currentModel.displayName}}
{{family.currentModel.modelCode}}
-
{{summary.title}}
-
{{summary.title}}
Спореди ги моделите
Спореди со слични предмети