Galaxy Tab S5e (2019, Wi-Fi)
Многу поголем таблет со многу потенка рамка
Поголем таблет, потенка рамка. Ја намаливме големината, а таблетот и понатаму ги има сите потребни функции. Вистински парадокс. Помалку навистина станува повеќе со Galaxy Tab S5e.
Ултралесен за носење
Лесна конструкција што удобно те поврзува со тоа што најмногу го сакаш. Со дебелина од само 5,5 mm и тежина од околу 400 g, Galaxy Tab S5e е доволно лесен за удобно носење. Додека се одмораш или шеташ слободно гледај филмови или проверувај ги апаратите за домаќинство* без да ти биде здодевно или напорно.
*Работи само со компатибилни апарати поврзани со апликацијата SmartThings. Компатибилноста на апаратот може да се разликува во зависност од земјата. Провери ја компатибилноста на адресата www.samsung.com/smartthings.
Преубав дизајн што може да го видиш и да го почувствуваш
Дизајн што му одговара на твоето стилско чувство. Galaxy Tab S5e има полирано метално едноделно куќиште со софистицирана метална површина. Освен тоа, таблетот се испорачува во три еднобојни варијанти - златна, сребрена и црна - што беспрекорно се вклопуваат во твојот животен стил.
*Боите на производот може да зависат од државата, регионот и од провајдерот.
Фокусирај се само на тоа што сакаш да го видиш.
Гледај само тоа што го сакаш, кога и да посакаш. Со One UI, Galaxy Tab S5e го намалува претрупувањето на екранот на минимум задржувајќи ја само содржината што ти е најпотребна. Само допри и фокусирај се на тоа што сакаш да го видиш и прочиташ, едно по едно, за многу по балансирано доживување на работата на таблетот.
Екран што мора да се види за да се поверува дека навистина постои
Извлечи повеќе од содржините што сакаш да ги гледаш. Galaxy Tab S5e има живописен 10,5-инчен дисплеј sAMOLED што обезбедува импресивна репродукција на бои и оптимални нивоа на осветленост на екранот. Сега може сосема да уживаш во омилените филмови или Netflix* TV-сериите.
*Услугите и содржините Netflix зависат од земјата. Пред поаѓање во некоја друга земја провери кои услуги и содржини Netflix ќе ти бидат достапни.
Совршено прилагоден за врвна репродукција на звук
Galaxy Tab S5e користи аудиосистем AKG со четири звучници и ти овозможува да слушаш богата и достојна репродукција на звук на омилената музика. Со тридимензионалниот опкружувачки звук што го обезбедува Dolby Atmos сосема ќе се соживееш со настаните на екранот.
* Аликацијата Spotify е достапна само во земјите што поддржуваат Spotify.
Таблет што ги слуша твоите команди
Galaxy Tab S5e ја разбира твојата потреба секогаш да бидеш во движење. Затоа во него се интегрирани функциите Bixby Voice. Сѐ што е потребно е едноставна команда и Bixby да го пушти твојот денешен избор на музички нумери или да ги провери апаратите за домаќинство* додека не си дома.
*Работи само со компатибилни апарати поврзани со апликацијата SmartThings. Компатибилноста на апаратот може да се разликува во зависност од земјата. Провери ја компатибилноста на адресата www.samsung.com/smartthings
*Работи само со компатибилни апарати поврзани со апликацијата SmartThings. Компатибилноста на апаратот може да се разликува во зависност од земјата. Провери ја компатибилноста на адресата www.samsung.com/smartthings
Сподели со најблиските за да бидете во контакт
Вклучи ги сите во оваа забава. Со Делење со семејството, Galaxy Tab S5e ти овозможува лесно да се поврзеш со членовите на семејството и со нив да разменуваш фотографии, потсетници, белешки и информации за случувања. Сега си чекор поблиску до собирање на сите нив.
Конечно една причина да го спуштиш телефонот
Остани во контакт и кога телефонот ти е надвор од опсег. Galaxy Tab S5e беспрекорно се синхронизира со мобилните телефони Galaxy, со што нема да пропуштиш ниту еден дојдовен повик. Исто така, ти овозможува да одговориш на итни текстуални пораки, па секогаш ќе бидеш во тек со настаните.
*Функцијата на континуитет на повиците и пораките ја поддржуваат апаратите Samsung што имаат оперативен систем Android P и RAM 3GB или повеќе. Датумот на достапност на оваа услуга може да зависи од регионот, провајдерот или од апаратот. **Дејството на оваа функција зависи од оддалеченоста и од квалитетот на мрежата; двата апарата мора да бидат поврзани на мрежа за да може да се користи оваа функција.
Повеќе енергија тогаш кога навистина ти е потребна
Добрите времиња нека траат и траат. Galaxy Tab S5e се испорачува со брзополнечка батерија од 7040 mAh (типично)* наменета за продолжена употреба. Тоа значи дека може да уживаш во дури 15 часа гледање без грижа дека ќе останеш без струја.
*Tипичната вредност е тестирана во независна лабораторија. Типичната вредност е проценетата средна вредност, земајќи ги предвид отстапувањата во капацитетот на батериите меѓу примероците на батериите што се тестирани според стандардот IEС 61960. Номиналниот (минимален) капацитет е 6840 mAh. Вистинското времетраење на батеријата зависи од мрежното опкружување, образецот на употреба и од други фактори.
Моќна безбедност вградена специјално за тебе
Само тебе ти е дозволен пристап. Galaxy Tab S5e има функција за препознавање лице, со што ќе бидеш единствената личност што може да ги види твоите приватни податоци. Освен тоа, користејќи скенирање на отпечатоци на прсти директно преку копчето за вклучување може да го прескокнеш внесувањето долги лозинки кога мора брзо да му пристапиш на апаратот.
Замислен секогаш да биде чекор пред тебе
Galaxy Tab S5e се испорачува со 4 GB RAM и 64 GB ROM, како и со поддршка за надворешна меморија во вид картичка microSD со големина од дури 512 GB. Сега апаратот може да работи со оптимална потрошувачка на батеријата во текот на играње или пренесување содржини од мрежата.
*Реалната големина на меморијата зависи од земјата или од регионот. *Картичката MicroSD се продава посебно. Достапноста зависи од државата и од производителот.
Спецификации
-
CPU-брзина 2GHz, 1.7GHz
-
Големина (Главен_Дисплеј) 10.5" (267.2mm)
-
Задна камера - Резолуција 13.0 MP
-
Тежина (g) 400
-
Време не репродуцирање видео (часови) До 15
Поддршка
Пронајди одговори на прашањето што го имаш за производот
{{family.currentModel.displayName}}
{{family.currentModel.modelCode}}
Price with discount: {{model.prices.currentPriceDisplay}}
Price before: {{model.prices.priceDisplay}}
-
{{summary.title}}
-
{{summary.title}}
Спореди ги моделите
Спореди со слични предмети