Куќни
апарати
Пристапност
Фрижидер
Пристапен екран
Пристапниот екран им помага на децата и корисниците во инвалидска количка да ја користат Family Hub.
Странична навигација
Главниот управувач е странично поставен и корисниците може да ја прилагодуваат неговата висина.
Големина на фонт
Ако текстот на екранот ти е премногу ситен, може да ја прилагодите големината на фонтот за уредот.
Сива скала/
негативна боја
За подобра видливост, превртете ги боите на екранот или префрлете се на сивата скала.
Титлови/Аудио
опис
За речиси сите телевизиски програми во Обединетото Кралство се обезбедени титлови. Дијалогот визуелно се прикажува како текст на ТВ-екраните.
Рачка за лесно отворање
Рачката за лесно отворање нуди нов начин на отворање врати и лесен пристап без никакви тешкотии. Ја создадовме оваа иновативна рачка за да одговориме на потребата за удобност и практичност на корисниците и да им овозможиме полесно отворање на цврстата врата на новиот фрижидер на Samsung.
Предупредување за отворена врата
Ако има контролна табла во фрижидерот, светлото во фрижидерот трепка за да предупреди дека вратата е отворена. Оваа карактеристика служи за предупредување на лицата со оштетен слух.
Машина за перење
Add Wash
Ја вклучивте машината за перење, но навистина се нервирате кога ќе сфатите дека сте заборавиле да ставите некој чорап или кошула што ви треба за утре. Не грижете се! Имаме решение и за тие парчиња облека за перење. Вратата Add Wash на машината за перење Samsung WR9900M овозможува едноставно и брзо да додадете заборавени парчиња облека или дополнителен детергент откако ќе започне циклусот на перење. Може лесно да додадете и рачно испрана облека што само сакате да се исплакне или исцеди.
Рерна
Двојна врата
Рерната Flex Duo на Samsung има уникатна двојна врата со шарка на средината, со којашто рерната се дели на две и се овозможува посебен пристап до горната и долната половина. Ова ви овозможува максимално да го искористите целиот простор на рерната и да заштедите енергија.
Робот правосмукалка
Чистење одредени точки
Лице во инвалидска количка може да го користи далечинскиот управувач за отстранување на нечистотиите од одредени точки.
Индукција
Virtual Flame Technology™
Со Virtual Flame Technology™, корисниците може да проверат дали е вклучена индукциската плотна и колку е загреана.
FlexZone и магнетен потенциометар
Со детекцијата на садот, може да се избегне избирањето на ринглата или менувањето на положбата на садот, а магнетниот потенциометар може да се постави или отстрани од горниот дел на индукциската плотна заради лесно контролирање на температурата.
Општо
Пристапен звук
Корисничко доживување
Лицата со оштетен вид може да ги разликуваат карактеристиките со звучна скала.
SmartThings
Можете да го проверувате и да управувате со состојбата на апаратот во секое време и од секаде, како и да им се даваат гласовни повратни информации на корисниците со оштетен вид.