Web Accessibility
Водич за глобална навигација
Ја користи лентата за глобална навигација на нашиот вебсајт
Како да најдеш подмени на нашата лента за глобална навигација
ЧЕКОР 1
За да најдеш подмени на некоја ставка на нашата лента за глобална навигација, притискај го копчето Tab сè додека не ја најдеш ставката. Кога фокусот е на ставката, притисни го копчето Enter за да ги отвориш подменијата и користи го копчето Tab за да стигнеш до следното подмени.
ЧЕКОР 2
За да отидеш до наредната група на нашата Лента за Глобална Навигација, притискај го копчето Tab сè додека не ги поминеш сите подставки од групата каде што си во моментот. Следниот елемент во фокус ќе биде следната група.
На пример, за да отидеш до наредната група на менија притискај го копчето Tab сè додека не ги поминеш сите подставки во групата каде што си во моментот. Откако ќе ја притиснеш опцијата Tab на последната подставка од групата, тастатурата ќе го пренесе фокусот на главната ставка од следната група.
ЧЕКОР 3
За да се вратиш на претходната ставка на нашата Лента за Глобална Навигација, истовремено притискај Shift и Tab. Со ова тастатурата ќе го пренесе фокусот на претходната ставка. Ако е потребно да се вратиш назад можеш да ги притиснеш копчињата Shift+Tab повеќе пати. На пример, за да се вратиш на „Galaxy S“ кога фокусот на тастатурата е на „Galaxy Note“, притискај истовремено Shift+Tab.
ЧЕКОР 4
За да ги затвориш отворените подменија, користи го копчето Tab за да се движиш до опцијата „затвори мени (close menu)“ и притисни го копчето Enter.
Како да најдеш подмени на нашата лента за глобална навигација на мобилен телефон
ЧЕКОР 1
За да ги прегледуваш менијата, притисни го копчето Tab за да го најдеш копчето за мени.
Откако ќе го притиснеш копчето Enter, менијата автоматски ќе се прикажат и можеш да започнеш да ги пребаруваш Глобалните Менија (Global Menus).
ЧЕКОР 2
За да ги пребаруваш Глобалните Менија (Global Menus), притисни го копчето Tab за да се движиш.
ЧЕКОР 3
За да пребаруваш низ подставките на некоја група на нашите Глобални Менија (Global Menus), притисни го копчето Enter кога фокусот е на главната ставка.
ЧЕКОР 4
За да пребаруваш низ подставките на некоја група на нашите Глобални Менија (Global Menus), притисни го копчето Tab.
ЧЕКОР 5
За да се префрлиш на друго Глобално Мени, користи ја врската „Back to 1 depth“ во отвореното подмени за да го затвориш и користи го копчето Tab за да се движиш.
ЧЕКОР 6
За да се вратиш на претходната ставка на нашата Лента за Глобална Навигација истовремено притискај Shift и Tab. Со ова тастатурата ќе го пренесе фокусот на претходната ставка. Ако е потребно да се вратиш назад можеш да ги притиснеш копчињата Shift+Tab повеќе пати.
На пример, за да се вратиш на „SUPPORT“ кога фокусот на тастатурата е на „BUSINESS“, притискај истовремено Shift+Tab.
ЧЕКОР 7
За целосно да ги затвориш Глобалните Менија, користи го копчето Tab за да се движиш до опцијата „затвори мени (close the menu)“ и притисни го копчето Enter.
- Home Home
- Пристапност Пристапност
- Глобална Навигација Глобална Навигација