Каде ќе бидете за 5 години?

Едно е сигурно - ќе уживате, бидејќи со купување одредени уреди од бела техника на Samsung ве очекуваат 5 години безгрижност.

Затоа што знаеме дека за 5 години може да се случат многу нешта, ви даваме 5 години гаранција на одредени модели на Samsung фрижидери, машини за перење, вградни кујнски апарати и правосмукалки купени во периодот од 1.2. до 31.12.2022 година.

Изберете еден или повеќе модели на Samsung бела техника и бидете безгрижни.

За да остварите право на наведените 3 години дополнителна гаранција, треба да се регистрирате на интернет страницата samsung5godinigarancija.mk најдоцна до 30 дена од датумот на купување.

Списокот на производи кои се дел на оваа промоција може да го видите овде.

Деталите и условите за промоцијата можете да ги видите тука.

Информациите за класата на енергетска ефикасност прочитајте ги на www.samsung.mk.

5 години гаранција за Вашата безгрижност

Посвежо и повкусно

RB7300 BESPOKE Фрижидер со долен замрзнувач

Фрижидерот Bespoke нуди мултифункционален и персонализиран дизајн со 6 различни материјали: сатен-стакло, глам-стакло, чисто стакло, теракота метал, вистински не'рѓосувачки челик и челик-метал. Сите материјали може да се комбинираат со разни понудени бои според стилот во домот и во кујната. Екстраголемиот фрижидер од 390 литри* со неговите 600 mm длабочина одговара на стандардите за кујнски елементи и се порамнува со нив. Негова предност се исклучително тенките ѕидови во коишто е вградена технологијата SpaceMax™ со навистина ефикасна изолација.

Преполовете го времето за перење

WW9800T Машина за перење со технологија QuickDrive, 9 kg

Машината за перење QuickDrive™ го скратува времето на перење и до 50 %, а потрошувачката на енергија до 20 %, без да влијае на квалитетот на перењето. Q-Drum™ има главен барабан и заднинска плоча што се вртат независно, балгодарение на што облеката се врти динамички. Резултатот е брзо, моќно, а сепак нежно перење. Тука е и вратичката Add Wash™ за лесно и брзо да ги додадете заборавените алишта откако ќе ја вклучите машината, како и Eco Bubble™ за моќно чистење, дури и на ниски температури.

Полесно со голем екран

DV8000T Машина за сушење алишта со систем OptimalDry, 9 kg

Заштедете пари со помала потрошувачка на енергија, со технологијата на топлинска пумпа со, којашто нуди енергетски ефикасен, поекономичен и понежен начин на сушење на облеката и ѝ ја обезбедува на машината ознаката за врвната енергетска класа A+++. Благодарение на системот OptimalDry кој користи 3 сензори за да постигне најдобри резултати, облеката се суши брзо со минимална потрошувачка на електрична енергија.

Една врата, две зони

NV7000N Вградена рерна со флексибилна врата

Уживајте во подготвувањето различни јадења користејќи ја флексибилната врата со горна и долна зона на печење и отворање. Технологијата Dual Cook Flex™ овозможува подготовка на две јадења во две зони, на две температури, со можност за пристап до целата рерна или само до горната половина, без да се прекинува печењето во долниот дел. Со Dual Cook Flex™ заштедувате време и енергија (20 %), бидејќи не се загрева целата рерна.

Повеќе јадења одеднаш!

NZ6000K SMART Вградена плоча со Virtual Flame технологија

Уживајте во готвењето со интиутивната и јасна контрола на температурата. Единствената технологија Virtual Flame™ ви овозможува интиутивна визуелна контрола со јасна и безбедна видливост на интензитетот на температурата на индукциската плоча. Во зоната Flex Plus гответе повеќе јадења, во повеќе садови. Оваа широка отворена површина може да го детектира бројот на садови, величината и формата, со минимално користење енергија и без „мртви зони“.

Лесно до чистота

Jet 90E multi Правосмукалка со Jet Cyclone технологија, Tурбо четка и Z-станица

Сега можете лесно и едноставно да ги исчистите подовите со моќната, а лесна стап правосмукалка, која има дигитален инвертер мотор со моќ на вшмукување до 150 W. Истовремено ќе имате можност да дишете чист и свеж воздух благодарение на петослојниот HEPA филтрирачки систем, чиј главен циклон ги фаќа големите, млазниот циклон малите ситни честички, а ултрафиниот филтер за прашина на крајот собира околу 99,999% најситна прашина и алергени.