Искористете ги сјајните погодности за купување Samsung телевизор во рамки на понудата која трае од 10 февруари до 21 март 2021 година, бидејќи со купување на QLED 8K и одредени QLED и UHD модели, подаруваме soundbar-звучник!

За оние кои го сакаат најдоброто, ги препорачуваме врвните модели на QLED 8K телевизори, со чие купување од 10 февруари до 21 март подаруваме soundbar-звучник HW-Q800T. Ќе ја почувствувате моќта на секој од 33 милиони пиксели по кадар, со совршено јасна слика и четири пати поголема резолуција од 4K. Quantum процесорот 8K ќе се погрижи целосната моќ на 8K да ја чувствувате секогаш, без разлика на тоа со каков квалитет е оригиналната содржина. Користете ја Quantum Dot технологијата, иновативен полуспроводен материјал кој емитува светлина со големина на наночестички. Она што ја издвојува Quantum Dot технологијата е одржливата способност за функционирање без да се изгуби квалитетот. QLED телевизорите се одликуваат со ефикасност во силно осветлен простор, како и врвен приказ на бои на еден телевизор како никогаш досега. Вградениот светлосен сензор го детектира нивото на осветленост во опкружувањето и автоматски врши приспособување на поставките на телевизорот, со што се добива оптимална осветленост и контраст, без разлика на тоа како се менува осветлувањето во вашето опкружување. Само седнете, опуштете се и дозволете QLED да го направи своето.

Доколку се определите за QLED моделите Q80 или Q95 од 55“ или повеќе, подаруваме soundbar-звучник HW-Q60T. Овие телевизори ви даваат можност да го видите секој детаљ од кој било агол. Дури и под најширокиот агол на гледање, благодарение на функцијата Ultra Viewing Angle, сликата останува непроменета. Секое место е најдобро место за гледање, а не само строгиот центар на дневната просторија. Сликата активно се приспособува на опкружувањето во кое се наоѓате, преку автоматско приспособување на осветлувањето. Доживејте ја совршената слика, без разлика на времето во денот или содржината на она што го гледате.

Soundbar-звучникот HW-T550 доаѓа со моделите Q60T и Q70T од 75'' или повеќе. И овие модели се одликуваат со Quantum процесор 4K, кој е заслужен за оптимизирање на квалитетот на сите слики сè до одличните услови за гледање, подобрувајќи ја секоја ваша содржина. Богатите, реални бои и подлабокиот контраст ја оживуваат секоја нијанса и детаљ. Ќе го согледате значењето и на најситните детали благодарение на динамичното пресликување на тонови, со кои HDR10+ ги приспособува бојата и контрастот од сцена во сцена.

Исто така, подаруваме soundbar-звучник HW-T550 доколку вашиот избор е некој од UHD моделите со имресивна дијагонала од 82'' или дури и неверојатни 85''. Ќе ве воодушеви квалитетот на слика за кој е заслужен само еден чип со кој се усогласуваат боите, се приспособува контрастот и се контролира HDR. Со 4 пати повеќе пиксели од обична FHD резолуција, сликата е јасна и остра, токму онаква каква што заслужуваат вашите очи. Видете ја сцената како да сте навистина во неа.

Промоцијата трае од 10.2. до 21.3.2021 или до истекување на залихите. Со купување на QLED 8K модели од 2020 година добивате soundbar-звучник HW-Q800T. Со купување на QLED моделите Q80 и Q95 од 55“ или повеќе, добивате soundbar-звучник HW-Q60T. Со QLED Q60 и Q70 од 75“ или повеќе, и UHD моделите од 82“ и 85“, подаруваме soundbar-звучник HW-T550. За да остварите право на подарок, потребно е да го регистрирате вашето купување на ce.promotion@samsung.com, а детален список на уреди и повеќе информации може да најдете овде!

Уживајте во звукот кој ве опкружува

8K QLED TV

Уште денес е подготвен за иднината

Доживејте милијарда нијанси на една боја со Quantum dot технологијата која дава прекрасна слика. Со можност за приказ на 100 % тридимензионален опсег на бои, Quantum Dot технологијата ја претвора светлината во восхитувачки бои кои остануваат исти без разлика на нивото на осветлување. Нијансите на боите со Dual LED технологијата се менуваат според она што го гледате. Она што го гледате во моментот, го гледате на вистински начин.

QLED TV

Ги оживува и темните и светлите сцени

Реални, вистински бои. Онакви какви што треба да бидат. Благодарение на единствената Samsung технологија на квантни точки, QLED телевизорите даваат стопроцентна видливост на бои и во темни и во светли кадри. QLED телевизорите се одликуваат со функцијата Direct Full Array 4X која овозможува прикажување на секоја сцена до најситните детали и подлабоки црни нијанси.

UHD TV

Повеќе детали, повеќе уживање

Гледајте ја својата омилена содржина со природни бои кои ги прикажуваат деталите толку јасно, како да гледате во живо. Доживејте поживописно искуство на гледање. Квалитет на слика кој ќе ве воодушеви, а којшто е овозможен преку само еден чип кој управува со боите, го оптимизира контрастот и го контролира HDR.

Soundbar-звучник HW-Q800T

Совршен спој со QLED

Истражете ја длабочината на звукот со Dolby Atmos и DTS:X форматите. Додека звукот се шири околу и над вас, овие два формати ви овозможуваат да ги слушнете и најмалите финеси на звукот, токму онака како што би звучел во реалноста.

Soundbar-звучник HW-Q60T

Звук кој ве обвиткува

Моќта на создавање surround звук преку Samsung Soundbar-звучникот е поддржана од DTS Virtual:X форматот на звук. Тоа значи дека звукот кој го слушате ќе има нова 3D форма.

Soundbar-звучник HW-T550

Слушајте поквалитетно

Преку soundbar-звучникот кој поддржува 2.1 surround звук и нискотонски звучник од 6,5 инчи, ќе почувствувате моќен, длабок бас додека ве опкружува цел спектар на различни звуци.