Дизајн

Нашиот најголем дисплеј Infinity досега.

Многу крупен кадар на апаратот Galaxy Note9 што го прикажува заоблениот раб на дисплејот Infinity

Дисплеј Infinity

Запливај во кинодоживување

  • Пиксели на инч 516
  • Резолуција 2960 x 1440

Уживај во непопречениот приказ на дисплејот Infinity со целосна ширина со Quad HD+ Super AMOLED екран. Скенерот за очи е скриен во горниот раб за да биде акцентот на дисплејот Infinity.

Многу крупен кадар на апаратот Galaxy Note9 од полупрофил, гледано однапред

*Дисплеј Infinity: екран со цела ширина, со предно стакло речиси без рамка.

Екран од 6,4 инчи

Пространо платно за одлични идеи и инспирации

6.4

За карактеристичниот S Pen потребна е еднакво елегантна подлога за пишување. Затоа Galaxy Note9 има 6,4-инчен дисплеј што речиси нема рабови и со видлива површина во цела ширина, неограничена како и твојата имагинација.1

Поглед однапред на Galaxy Note9 со S Pen што се повлекува дијагонално преку површината за да се покаже големината на дисплејот Infinity

Осветлување и контраст

Обрни внимание на живописните детали на твоите фотографии, дури и среде бел ден

Прикажи јаки бои и брза акција на блескавиот Galaxy Note9 екран. Екранот го зголемува контрастот кога си надвор, а тоа значи дека ќе уживаш во јасните и видливи детали и во затворен простор и на директно сонце.2

Galaxy Note9 во хоризонтална положба со слика на екранот, а неговата сенкад се поместува однапред кон одзади, имитирајќи ги сенките на дневна светлина

Префинет дизајн

Фантастичен и напред и назад

Galaxy Note9 е подеднакво и убав и иновативен. Неговата метална рамка има сечени рабови, со што е постигнат врвен, фасетиран изглед што го издвојува од другите мобилни телефони. Задната камера се вклопува во задната маска заради постигнување монолитен изглед. Дизајниран комфорно да ти лежи во раката, а уште подобро да изгледа.

Два апарата Galaxy Note9s, еден гледан одзади, а друг однапред, со Ѕ Pen ставен на екранот

Стил

Живописен како што си и ти

Избери атрактивна боја за твојот Galaxy Note9 - како што е изразената океан сина, елегантната полноќно црна, импресивната виолетова лаванда, преубавите металик бакарни нијанси или префинетата боја на сребрен облак. Во куќиштето е S Pen со соодветна боја; кај апаратот со океан сина боја, S Pen е изразито жолт.

Што има во кутијата

*Содржината во кутијата може да се разликува во зависност од државата или од оператерот.

Содржина на кутијата: Апарат со S Pen, пинцета и врвови за S Pen, USB адаптер за полнење, Micro USB-конектор, USB-конектор (USB вид C), USB кабел, игла за исфрлање, слушалки, кутија. *Содржината во кутијата може да се разликува во зависност од државата.