Перформанси

Доживеј ново ниво на моќ.

Симулирана рендгенска снимка на хардверот во внатрешноста на апаратот Galaxy Note9, гледано оддолу

Времетраење на батеријата

Телефон што работи цел ден

Остави ги екстерните батерии и кабли дома - батеријата со капацитет од 4000 mAh обезбедува целодневна работа со само едно полнење. Продолжи со работа во овој константно поврзан мобилен свет со целодневната батерија на апаратот Galaxy Note9.1

Безжично полнење

Полнење без кабли

Кога батеријата ќе се испразни, брзото и погодно безжично полнење ќе го врати твојот Galaxy Note9 на 100% без потреба од кабли. Напредното безжично полнење го прави овој апарат Galaxy моќен, а во исто време едноставен за употреба. Само спушти го телефонот и полнењето почнува.2

Два апарата Galaxy Note9 на безжичниот полнач duo - еден на држачот, а другиот на подлогата

Wi-Fi и LTE

Екстремно брзо преземање и праќање податоци

Брзина - тогаш кога ти е најпотребна. Префрлај податоци во движење, стримувај видео каде и да се наоѓаш и преземај и праќај фајлови без прекин. Со вградените функции LTE и Wi-Fi со гигабитен пренос и антената 4x4 MIMO, Galaxy Note9 ти овозможува исклучително голема брзина до 1,2 Gb/s.3

Galaxy Note9 прикажан под благ агол во хоризонтална положба со симулирана слика на пренос во живо на екранот

* Симулирана слика за потребите на илустрирањето.

10 nm AP и 6 GB RAM

Врвен процесор проектиран за големи брзини

Без разлика дали станува збор за видеоигри, стримување или за мултитаскинг, процесорот од 10 nm и меморија 6 GB RAM поседува перформанси што прават разлика. Благодарејќи на екстремно брзиот пренос на податоци на мрежата, за миг ќе завршиш сѐ што посакуваш.4

Побрз CPU
55%
Побрз CPU
23%
RAM
6GB
Galaxy Note9 гледан одзади во хоризонтална положба, анимирано отворање и прикажување на слоевите на хардверот, со S pen пред него

*Во однос на Galaxy Note8.

*Моделите со 6 GB RAM имаат само интерна меморија од 128 GB.

Меморија од 128 GB

Не мора да бришеш спомени за да ослободиш меморија

Внатрешна
128GB
Надворешна до
512GB

Galaxy Note9 поставува нов стандард со почетен капацитет на меморија од 128 GB.5 Освен тоа, меморијата може да се прошири со помош на картичка microSD за уште половина терабајт. Тоа е револуционерно решение во споредба со другите мобилни телефони. Затоа сега може да ги чуваш твоите датотеки и фотографии токму таму каде што ти е потребно - во твојот телефон.

* Симулирана слика за потребите на илустрирањето.

Картичка Samsung microSD од 512 GB

*Дополнителната меморија до 512 GB со надворешна картичка microSD се продава посебно. Достапноста и датумот на пуштање во продажба зависат од земјата.

Galaxy Note9 гледан оддесно, анимиран со слики што излегуваат од задната страна

Картичка HYBRID SIM

Тоа е како да имаш два телефона во еден

Galaxy Note9 има опција за две SIM-картички, па ќе можеш да користиш два различни броја и пакети LTE за пренесување на податоци на истиот апарат. Нагоди ги бизнис и приватниот налог или додади друга SIM-картичка кога патуваш и ќе бидеш онлајн и дома и во странство. Кога не ти е потребна дополнителна SIM-картичка, едноставно стави картичка microSD за уште повеќе дополнителен простор.

*SIM-картичката се продава посебно. Достапноста на услугата Dual SIM може да се разликува во зависност од државата или од оператерот.

*Картичката MicroSD се продава посебно.

Многу крупен кадар на апаратот Galaxy Note9 со извлечен држач за SIM-картичка и две SIM-картички во него

Стереозвучници

Звук што го менува доживувањето на играњето

Стереозвучниците што ги потпишува AKG обезбедуваат уште поживописен и погласен звук. Производите Dolby Atmos те опкружуваат со тродимензионален звук со четири однапред нагодени режими што те сместуваат во центарот на киносала, без оглед дали гледаш филм или слушаш музика на твојот паметен телефон.

Galaxy Note9 на рамна површина, гледано одлево, со анимирани, пулсирачки прстени што ги претставуваат стереозвучниците

Оптимизирани за играње

Кога играта кулминира, телефонот ја следи во чекор

Подобри го доживувањето на играње со новиот апарат Galaxy Note9 што е преполн со најмодерни функции за подобрување на перформансите. На само чекор до победа си и нема потреба да ја прекинуваш играта затоа што тука се моќната долготрајна батерија и револуционерниот водено-јаглроден систем за ладење што ги поддржуваат високите перформанси на телефонот. Истовремено, паметниот коректор на перформанси автоматски ги приспособува перформансите на играта заради постигнување оптимално искуство. Ова е досега наше најдобро доживување во играњето игри.6

Galaxy Note9 прикажан под благ агол во хоризонтална положба со играта Fortnite на екранот.

*Симулирана слика за потребите на илустрирањето.

© 2018 Epic Games, Inc. Имињата Epic Games, Fortnite и нивните логотипи се трговски марки или заштитени трговски марки на компанијата Epic Games во САД (регистрирани во Заводот за патенти и печати на САД) и во други земји. Сите права се задржани.

Steam Link за Galaxy

Стримување игри РС на Galaxy

Galaxy Note9 е толку моќен и може да преземе и игри направени за РС. Поврзи го телефонот со твојот налог Steam преку Steam Link за Galaxy и безгрижно играј игри без поврзување на компјутер. За да го подобриш уште повеќе доживувањето, стави го телефонот во џојпед за да може ти и твоите палци да имате совршена контрола врз играта.7, 8

Слика на жена што седи на кауч и игра игра преку Steam Link на апаратот Galaxy Note9 со приклучен џојпед

*Steam Link за Galaxy е достапен само за апликациите Galaxy во ограничен број земји.

*Џојпед се продава посебно и достапноста зависи од земјата

Отпорност на вода и прав

30 минути под вода и понатаму ќе работи

За повеќето телефони водата е како криптонит, но Galaxy Note9 и S Pen и понатаму работат беспрекорно и по потопување до длабочина од 1,5 метри. Имаат највисок степен на заштита кога станува збор за отпорност на вода и прав: IP68.9

Симулирана слика на Galaxy Note9 и S Pen под вода со вклучен екран и друг телефон во заднина со исклучен екран

1.5M

Samsung Knox

Заштита на хардверот, но и на сѐ друго

Штом ќе го вклучиш телефонот, твоите податоци ги чува Samsung Knox. За разлика од чисто софтверската безбедност на мобилниот телефон, Knox е интегриран и во хардверот и во софтверот во текот на самото производство - со повеќе слоеви на одбрана и безбедносни механизми што го штитат Galaxy Note9 од напади, вируси и злонамерни активности.

Икона за Samsung Knox
Контејнер Knox
SE за Андроид
TIMA
Режими за безбеден и сигурен почеток
Хардверски круг на заштита
Galaxy Note9 на рамна површина, гледано одлево, со симулирана анимација на екранот што се движи нагоре и открива пет слоеви на Knox

Биометриска проверка на идентитетот

Инстант отклучување на начин што најмногу ти одговара

Без оглед на осветлувањето, пристапи му лесно на твојот телефон Galaxy Note9 благодарејќи на технологијата што комбинира препознавање на лица и скенирање на зеницата на окото. Оваа технологија ги користи погодностите на двете функции за да потврди дека навистина тоа си ти во различно опкружување.10 Може да користиш и отпечатоци на прсти, лозинка, PIN и др. и така да им оневозможиш на другите да му пристапат на твојот телефон.

* Симулирана слика за потребите на илустрирањето.

  • Скенирање на зеницата на окото
  • Образец
  • Препознавање лице
  • Скенирање на отпечатоци на прстите
  • Лозинка
  • PIN
Galaxy Note9 и S Pen гледани оддесно, со интерфејс на функцијата за паметно скенирање на екранот