Како се користи апликацијата Календар на смартфонот Samsung?

Систематското планирање и правење распоред може да помогнат на патот кон успехот бидејќи на тој начин времето се користи поефикасно. Дознајте како да управувате со распоредот со едноставната и ефикасна апликација Samsung Calendar. Со помош на нејзините многубројни опции организирајте го денот за да ги завршите сите задачи и да го организирате секојдневниот живот.

Пред да ги испробате следниве препораки за да го решите овој проблем, проверете дали софтверот на вашиот уред и потребните апликации се ажурирани. Проверете како да го ажурирате софтверот на уредот според следните чекори. 

 

Чекор 1. Одете во Поставки > Ажурирање на софтвер.

Чекор 2. Допрете Преземање и инсталација.

Чекор 3. Следете ги упатствата на екранот.

Основна навигација во апликацијата Календар

Пред да почнете со употреба на Календарот, важно е да го разберете значењето на иконите, бидејќи така полесно ќе научите како да ги користите.

1. Мени: допрете за повеќе опции.

2. Избор на датум: ако ви треба одреден датум, допрете тука за брзо менување на денот, месецот и годината.

3. Цртање: Оваа опција е достапна само кога е отворен месечниот преглед на одредени уреди кои имаат S Pen. Користете го овој начин за да цртате по календарот како да виси на ѕид.

4. Денес: со помош на ова копче брзо ќе дојдете до тековниот датум.

5. Настан: можете да го видите наслов о на настанот на календарот. За повеќе информации допрете го настанот.

6. Рамка: рамката околу датумот го прикажува датумот што сте го одбрале. Кога ќе го отворите календарот, тековниот датум ќе се избере автоматски.

7. Тековен датум: Тековниот датум е истакнат за подобро да го воочите.

8. Додадете настан: допрете го ова копче за да креирате настан. Датумот на настанот се внесува автоматски според датумот кој е означен со помош на рамката.

  • Повлечете со прст налево или надесно: повлечете со прст налево или надесно за да го смените месецот што моментално го гледате.
  • Повлечете со прст нагоре: Повлечете со прст нагоре еднаш или двапати за повеќе информации за датумот што сте го избрале.

 Кога првпат почнувате да ја користите апликацијата, можете да се поврзете со вашиот календар со избирање сметка: Samsung сметка, Exchange (Outlook), Google или Microsoft. Откако ќе ја внесете адресата на е-поштата и лозинката, вашите постоечки распореди ќе се синхронизираат.

 

Како да се променат поставките на календарот

Чекор 1. Отворете ја апликацијата Календар и допрете Мени (три хоризонтални цртички).

Чекор 2. Допрете ја иконата Поставки.

  • Прв ден во неделата: можете да го изберете денот, од седумте дена во неделата, што сакате да биде прв ден во неделата.
  • Алтернативен календар: Samsung Calendar нуди пет алтернативни календари. Тоа се корејски лунарен, кинески лунарен, виетнамски лунарен, хиџри и шамси.
  • Прикажи броеви на неделите: оваа поставка овозможува во календарот да додадете број што го прикажува бројот на недела.
  • Скриј ги одбиените настани: можете да ги скриете настаните што сте ги одбиле.
  • Истакни кратки настани: можете да истакнете настани кои кратко траат.

Чекор 1. Отворете ја апликацијата Календар и потоа кликнете на датумот што сакате да го додадете во распоредот.

Чекор 2. Допрете ја иконата + > променете го Насловот на настанот

Чекор 3. Ако сакате да го забележите времетраењето на настанот, поставете го датумот и часот на Почетокот и Крајот.

Чекор 4. Ако е потребно, внесете ја Локацијата и видот на поставката Известувања (начин, време, повеќекратен аларм, повторување), а потоа Зачувајте го настанот.

Како да избришете или уредите настан

 

Чекор 1. Допрете го датумот на настанот што сакате да го избришете или уредите > допрете и држете го настанот.

Чекор 2. Допрете Избриши или Уреди за да ги уредите деталите за настанот.

Чекор 1. Отворете ја апликацијата Календар и допрете Мени (три хоризонтални цртички).

Чекор 2. Изберете адреса на е-пошта и допрете ја сметката

Чекор 3. Допрете Синхронизирај сега.

Чекор 1. Кликнете на датумот што сакате да го споделите > допрете и држете го настанот.

Чекор 2. Допрете Сподели > изберете Сподели како фајл од календар или текст.

Чекор 3. Допрете ја апликацијата.

Забелешка: Снимките на екранот на уредот и менито може да се разликуваат во зависност од моделот на уредот и верзијата на софтверот.

Благодариме за повратните информации