Како да ги избришам сите лични податоци од мојот уред?

Кога купувате или се префрлате на нов уред, важно е да го ресетирате и да ги отстраните сите лични информации од стариот уред. Дознајте повеќе за тоа како да ги заштитите личните информации со ресетирање на уредот на фабричките поставки и бришење на сите податоци.

Пред да се обидете со препораките дадени во продолжение, задолжително проверете дали софтверот на уредот и поврзаните апликации се ажурирани до најновата верзија. За ажурирање на софтверот од мобилниот уред, постапете според следниве чекори:

Чекор 1. Одете на Settings (Поставки) > Software update (Ажурирање на софтверот).

Чекор 2. Допрете на Download and install (Преземи и инсталирај).

Чекор 3. Следете ги упатствата на екранот.

Проверка 1. Направете резервна копија од податоците пред ресетирање на фабрички податоци

Со ресетирањето на фабричките податоци, уредот засекогаш ќе ги отстрани сите ваши податоци и не може да се обноват. Важно е да ги преместите сите податоци на безбедно место однапред. Обидете се со Smart Switch за да го поврзете уредот со компјутер и безбедно да направите резервна копија од податоците.

Што е Smart Switch?

Smart Switch претставува компјутерска програма со која се прави резервна копија или се префрлаат копираните податоци на нови или постојни уреди и е погодна за ажурирање на софтверот до најновата верзија. Smart Switch е инсталирана стандардно кај повеќето модели на Galaxy и може да ја активирате ако одите на Поставки > Сметки и резервна копија > Smart Switch.

Чекор 1. Преземете ја Smart Switch PC на компјутерот. Кликнете овде за да ја преземете Smart Switch PC.

Чекор 2. По завршување на инсталацијата, отворете ја програмата Smart Switch. Поврзете ги уредот и компјутерот со помош на УСБ-кабел.

Добре дојдовте во Smart Switch

Чекор 3. На уредот изберете Дозволи кога ќе се појави скок-прозорец со пораката „Дозволи пристап до податоците од телефонот?“

Дозволи пристап до податоците од телефонот

Чекор 4. Откако ќе извршите успешно поврзување, на компјутерот ќе се појави скок-прозорец. Изберете Резервна копија во долниот лев агол на екранот.

Направете резерва копија од податоците

Чекор 5. Откако ќе ги проверите резервните датотеки, изберете OK.

Изберете категории за резервна копија од податоците

Чекор 6. Компјутерот автоматски ќе започне со процесот за правење резервна копија. Зависно од големината на податоците за копирање, може да потрае неколку минути. Откако ќе заврши, кликнете на OK.

Завршување со резервната копија од податоците

Забелешка:

  • Преку Smart Switch може да се префрлаат Контакти, Забелешки, Пораки, Календар, Неодамнешна историја, Содржини, Видеа, Музика, Фотографии, Документи, Апликации, Информации за сметката и Поставки, Аларм/Време, Информации за сметката за е-пошта, Почетен екран, Поставки итн. Меѓутоа, скриените датотеки и датотеките што се наоѓаат во Безбедната папка нема да бидат префрлени.
    За да ги префрлите скриените датотеки или датотеките во Безбедната папка, прво оневозможете ги поставките за сигурност.

Проверка 2. Бришење на Google сметка

Пред да го ресетирате уредот, исклучете ја сметката на Google поврзана со вашиот уред. Ако го ресетирате уредот на фабрички поставки дури е поврзан уредот со сметката на Google, уредот ќе бара автентикација со сметката на Google и лозинката.

Ако сте поврзани со повеќе сметки на Google, повторете ги чекорите подолу дури не ги избришете сите сметки.

Сметки и резервна копија Сметки и резервна копија

Чекор 1.Одете на Поставувања и до Сметки и резервна копија.

Управувај со сметките Управувај со сметките

Чекор 2. Изберете Управувајте со сметките.

Изберете сметка на Google Изберете сметка на Google

Чекор 3. Изберете Сметка на Google.

Отстранете сметка на Google Отстранете сметка на Google

Чекор 4. Допрете повторно на Избpиши сметка.

Потврдете и отстранете сметка Потврдете и отстранете сметка

Чекор 5. Потврдете ја сметката и допрете на Избpиши сметка.

Проверка 3. Ресетирање на фабрички податоци од Поставки

Функцијата Ресетирање на фабричките нагодувања од менито Поставувања нема засекогаш да ги избрише сите податоци, вклучувајќи датотеки и преземени апликации.

Управувај со сметка Управувај со сметка

Чекор 1. Одете на Поставувања и изберете Општо управување.

Ресетирај Ресетирај

Чекор 2. Изберете Ресетирање.

Ресетирање на фабричките нагодувања Ресетирање на фабричките нагодувања

Чекор 3. Изберете Ресетирање на фабричките нагодувања.

Ресетирање на фабричките нагодувања на апликациите Ресетирање на фабричките нагодувања на апликациите

Чекор 4. Откако ќе ги потврдите деталите за Ресетирање на фабричките нагодувања, допрете на Ресетирај.

бришење податоци бришење податоци

Чекор 5. Допрете на Избриши сè. Ќе бидат избришани сите зачувани податоци на уредот.

Забелешка:

  • Функцијата Ресетирање на фабричките нагодувања ќе го врати уредот на стандардните фабрички поставки и ќе ви ги избрише или ресетира личните податоци, како што се Преземања, Мелодија, Слики, Апликации, Контакти итн. што се наоѓаат во внатрешната меморија на уредот.
  • Кај уредите што поддржуваат помошна надворешна меморија, Ресетирање на фабричките нагодувања нема да ги избрише податоците зачувани на СД-картичка. Како таков, кога ќе го продавате или ќе префрлате сопствеништво врз уредот, задолжително исклучете ја сметката и извадете ја СД-картичката. Може да ги избришете сите податоци на СД-картичката ако одите на Поставувања > Батерија и грижа за уредот > Мемориски простор > СД-картичка > Форматирај > Форматирај СД-картичка.

Информации во врска со автентикацијата за Заштита од ресетирање на фабрички податоци FRP (Factory Reset Protection) откако ќе се изврши ресетирање на фабрички податоци

Согласно политиката за безбедност на Google, овој екран се прикажува на уреди со FRP што се пуштени во употреба почнувајќи од Android 5.1 (Lollipop OS). Оваа карактеристика беше овозможена со цел да спречи ресетирање или повторно користење на загубените телефони од страна на други лица и во такви случаи ќе бара автентикација за сметката на Google дека телефонот бил ресетиран или оперативниот систем бил подигнат на начини што не се вообичаени при нормално подигање на оперативниот систем или при Ресетирање на фабричките нагодувања во Поставки.

Ако ја заборавите лозинката за сметката на Google, се препорачува да одите до сервисен центар во близина и да разговарате со техничар во врска со решавањето проблеми.

Забелешка: сликите од екраните на уредот и менијата може да се разликуваат зависно од моделот на уредот и верзијата на софтверот.

Како да ја користите апликацијата Samsung Members

Ако забележувате тешкотии со мобилните телефони, таблетите или преносни уреди од Samsung, може да ни испратите прашање во апликацијата Samsung Members. Дознајте повеќе за испраќањето извештај за грешка.

Благодариме за повратните информации