Како да активирате Dolby Atmos на Вашиот паметен телефон Galaxy

Dolby Atmos

Повеќе паметни телефони Galaxy имаат аудиорежим Dolby Atmos, кој обезбедува висококвалитетен 3D опкружувачки звук. Освен тоа, достапни се и аудиорежими за да Ви помогнат на најдобар начин да го доживеете Вашето искуство со Galaxy.


На Galaxy S9/ S9+, S10e, S10, S10+ и Note9 Dolby Atmos е достапен за слушалки и со вградени стерео звучници.

 
Кај другите модели може да уживате во моќниот звук што Ве опкружува штом ќе поврзете слушалки или надворешни звучници за Вашиот паметен телефон. 


Во продолжение ќе дознаете како да ги активирате режимите за подобрување на звукот во нагодувањата или преку панелот за известување. 

Напоменуваме: За да го активирате Dolby Atmos на модели што не се Galaxy S9/ S9+, S10, S10e, S10+ и Note9, прво треба да поврзете слушалки или надворешни звучници. 

1 Притиснете на Нагодувања и отворете Звуци и вибрации.
2 Ако имате Android верзија 9.0, притиснете на Напредно нагодување на звукот а потоа на Квалитет и ефекти на звукот. Ако ја имате претходната верзија, само притиснете на Квалитет и ефекти на звукот.
Притиснете на Квалитет и ефекти на звукот
3 Поместете го со лизгање прекинувачот Dolby Atmos за да го активирате.
Префрлете се на Dolby Atmos
4 Исто така, достапни се различни звучни ефекти. Ако сакате да го смените овој режим, притиснете на Dolby Atmos и изберете аудиорежим.
SoundАlive режими

Напоменуваме: Некои звучни ефекти не се поддржани кога е вклучен Dolby Atmos.

Напоменуваме: За да го активирате Dolby Atmos на модели што не се Galaxy S9/ S9+, S10е, S10, S10+ и Note9, прво треба да поврзете слушалки или надворешни звучници.

1 Отворете го панелот за известувања со лизгање надолу од горниот дел на уредот. Проширете ги опциите во панелот за известување.
Панел за известување
2 Поместете го со лизгање панелот за известување во лево.
Проширен Панел за известување
3 Притистете на Dolby Atmos за да ја активирате функцијата.
Dolby Atmos во Панелот за известување

Напоменуваме: Понекогаш може да се слушне гласно шум кога слушате аудио или гледате видео, ако е активирана карактеристиката Dolby Atmos. Ако дојде до ова, препорачуваме деактивирање на оваа функција. 

Dolby Atmos за игри е достапен на Galaxy S10e, S10, S10+ и Note9 со Аndroid 9.0.


Постигнете реален Dobly Atmos звук автоматски кога ќе почнете да играте игри со лизгање на прекинувачот за Dolby Atmos за играње игри кон десно. 

Поместете го со лизгање Dolby Atmos прекинувачот за игри

Адаптирање на звук е карактеристика што Ви помага да пронајдете и да нагодите звук што најдобро соодветствува на Вашите потреби и што го користите за повици, музика и за видеа. 

Напоменуваме: Адаптирањето на звук можеби нема да функционира соодветно додека во нагодувањата Bluetooth е вклучен Media volume sync. 

За да го пронајдете најдобриот звук за Вас, следете ги чекорите подолу: 

1 Притиснете на Нагодувања и отворете Звуци и вибрација.
2 Ако имате Android верзија 9.0, притиснете на Напредни нагодување на звук и потоа Квалитет и ефекти на звукот. Ако имате претходна верзија, само притиснете на Квалитет и ефекти на звукот.
3 Притиснете на Адаптирање на звук.
4 Изберете меѓу опсегот на возраст за да ја изберете Вашата возраст (на пример, возраст од 30-60 години).
Изберете меѓу опсегот на возрасти
5 Ако сакате да креирате сопствен приспособен звучен профил, притиснете на Додај персонализиран звучен профил.
Притиснете на Додади персонализиран звучен профил
6 За креирање на овој профил ќе биде извршен тест на слушање. Поврзете слушалки и притиснете на Старт.
Притиснете на Старт

Благодариме за повратните информации