Како да престартувате замрзнат уред Galaxy

Ако замрзнува екранот или уредот не реагира при користење, може присилно да го престартувате држејќи ги истовремено копчето за намалување гласност и страничното копче. Ако се јавува проблемот и по престартувањето, обидете се со чекорите наведени подолу.

Пред да се обидете со препораките дадени во продолжение, задолжително проверете дали софтверот на уредот и поврзаните апликации се ажурирани до најновата верзија. За ажурирање на софтверот од мобилниот уред, постапете според следниве чекори:

Чекор 1. Одете на Settings (Поставки) > Software update (Ажурирање на софтверот).

Чекор 2. Допрете на Download and install (Преземи и инсталирај).

Чекор 3. Следете ги упатствата на екранот.

Ослободете меморија и простор во складот

Уредот може да замрзне или да престане да реагира поради недоволно Меморија и простор во Складот. Во тој случај, обидете се со следниве чекори.

Прво, проверете во просторот за Меморија и Складот на уредот.

  Чекор 1. Одете на Поставувања и изберете батерија и Грижа за уред.
  Чекор 2. Проверете колку има преостанато простор во складот така што ќе изберете Складот и простор во меморијата ако изберете Меморија.

Проверете колку има преостанато простор во складот и во меморијата

Ако има недоволно простор во уредот, може да ја исчистите кеш-меморијата преку оптимизирање на уредот. Со оптимизацијата се затвораат апликациите што работат во заднина, се управува со абнормалното користење на батеријата и се врши скенирање за паднати апликации и злонамерен софтвер. Следете ги чекорите подолу за да го оптимизирате уредот.

 Грижа за батеријата и уредот  Грижа за батеријата и уредот

Чекор 1. Одете на Поставувања и изберете батерија и Грижа за уред.

 Грижа за уредот Оптимизирај сега  Грижа за уредот Оптимизирај сега

Чекор 2. Допрете на Оптимизирај сега.

Допрете на Направено за да ја завршите Оптимизацијата Допрете на Направено за да ја завршите Оптимизацијата

Чекор 3. По оптимизацијата, допрете на Готово за да завршите.

Ако уредот не реагира, за тоа може да бидат причина апликации од трета страна. Бидејќи во Безбеден режим се оневозможени сите апликации од трети страни, може да проверите дали некоја апликација од трета страна е причина што ви замрзнува уредот. Прво, вклучете го Безбеден режим за да видите дали телефонот нема да реагира. Ако уредот не замрзне во Безбеден режим, значи дека некоја апликација од трета страна е причина за проблемите што ви се појавуваат.

 Притиснете ги и држете ги копчињата за Намалување гласност и Страничното копче  Притиснете ги и држете ги копчињата за Намалување гласност и Страничното копче

Чекор 1. Притиснете и држете на Копчето за намалување гласност и Страничното копче.

Изберете Изгасни Изберете Изгасни

Чекор 2. Изберете Исклучување.

 Притиснете ги и држете ги копчињата за Намалување гласност и Страничното копче  Притиснете ги и држете ги копчињата за Намалување гласност и Страничното копче

Чекор 3. Откако ќе се исклучи екранот, притиснете и задржете на Копчето за намалување гласност и Страничното копче истовремено.

 Отпуштете го Страничното копче, но држете го копчето за намалување гласност  Отпуштете го Страничното копче, но држете го копчето за намалување гласност

Чекор 4. Откако на екранот ќе се појави логото на Samsung, отпуштете го Страничното копче, но држете го Копчето за намалување гласност.

 Ажурирање во Безбедносен режим  Ажурирање во Безбедносен режим

Чекор 5. Кога ќе се појави Безбеден режим во долниот лев агол на екранот, отпуштете го копчето.

Ако уредот започнал да не реагира неодамна, утврдете ги апликациите што сте ги презеле последни и отстранете ги во Безбеден режим. Следете ги чекорите во продолжение.

Апликации Апликации

Чекор 1. Одете на Поставувања и изберете Апликации.

 Утврдете ги неодамнешните или непознатите апликации  Утврдете ги неодамнешните или непознатите апликации

Чекор 2. Утврдете ги апликациите што сте ги презеле неодамна или не ги препознавате.

 Деинсталирајте апликација  Деинсталирајте апликација

Чекор 3. Изберете ОДинсталирај.

 Допрете на OK за да деинсталирате  Допрете на OK за да деинсталирате

Чекор 4. Допрете на OK.

Може да префрлите од Безбеден режим во нормален режим според чекорите наведени во продолжение.


Чекор 1.
Притиснете и држете на Копчето за намалување гласност и Страничното копче истовремено.
Чекор 2.
Изберете Pесетирај.

Префрлете од Безбедносен режим во нормален режим

Ако екранот и понатаму замрзнува или уште имате проблеми со уредот, може да извршите Ресетирање на фабричките нагодувања. Ресетирање на фабричките нагодувања ќе го обнови уредот на оригиналните поставки и целосно ќе ги избрише сите податоци.

Општо управување Општо управување

Чекор 1. Одете на Поставувања и изберете Општо управување.

 Изберете Ресетирај  Изберете Ресетирај

Чекор 2. Изберете Ресетирање.

 Изберете Ресетирај на фабрички податоци  Изберете Ресетирај на фабрички податоци

Чекор 3. Изберете Ресетирање на фабричките нагодувања.

 Ресетирајте го телефонот  Ресетирајте го телефонот

Чекор 4. Допрете на Ресетирај.

 Избриши сè Ресетирај на фабрички податоци  Избриши сè Ресетирај на фабрички податоци

Чекор 5. Допрете на Избриши сè.

 Внесете лозинка за верификација  Внесете лозинка за верификација

Чекор 6. Внесете ја лозинката и следете ги упатствата на екранот.

Забелешка:

  • Пред да извршите Ресетирање на фабричките нагодувања, направете резервна копија од податоците во уредот. Податоците што ќе бидат избришани при Ресетирање на фабричките нагодувања не може да се обноват.

Забелешка:

  • Ако сте ги следеле чекорите наведени погоре, но проблемот се јавува и понатаму, можно е уредот да е оштетен физички. Проверете во Центарот за поддршка за релевантни информации.
  • Сликите од екраните на уредот и менијата може да се разликуваат зависно од моделот на уредот и верзијата на софтверот.
  • Местоположбата на копчето за Гласност и Страничното копче може да се разликува зависно од моделот на уредот.

Како да ја користите апликацијата Samsung Members

Ако забележувате тешкотии со мобилните телефони, таблетите или преносни уреди од Samsung, може да ни испратите прашање во апликацијата Samsung Members. Дознајте повеќе за испраќањето извештај за грешка.

Благодариме за повратните информации