Како да ги решите проблемите со ажурирање на софтверот

Ако не можете да го ажурирате софтверот до најновата верзија, тоа е веројатно поради недоволно мемориски простор на уредот. Читајте понатаму за да дознаете повеќе околу управувањето со податоци.

Избришете ги апликациите што не ги користите

Бришењето апликација што не ја користите е едноставен начин за да ослободите мемориски простор на уредот. Притиснете и задржете на иконата за апликацијата и изберете Деинсталирај. Може и да ги следите чекорите во продолжение.

Изберете апликации Изберете апликации

Чекор 1. Одете на Поставувања и изберете Апликации.

Одберете апликација за да ја избришете од списокот Одберете апликација за да ја избришете од списокот

Чекор 2. Одберете апликација што сакате да ја избришете од списокот.

Деинсталирајте апликација Деинсталирајте апликација

Чекор 3. Изберете Oдинсталирај.

Допрете на OK за да ја избришете апликацијата Допрете на OK за да ја избришете апликацијата

Чекор 4. Допрете на OK за да избришете апликацијата.

Еве како да ја исчистите кеш-меморијата и да ги избришете привремените датотеки на некоја апликација.

Изберете апликации Изберете апликации

Чекор 1. Одете на Поставувања и изберете Апликации.

Одберете апликација за да ја исчистите кеш-меморијата Одберете апликација за да ја исчистите кеш-меморијата

Чекор 2. Одберете апликација на којашто сакате да ѝ ја исчистите кеш-меморијата.

Изберете Мемориски простор Изберете Мемориски простор

Чекор 3. Изберете Меморија.

Допрете на Исчисти кеш-меморија Допрете на Исчисти кеш-меморија

Чекор 4. Допрете на Испразни кеш.

Може да ја исчистите сета кеш-меморија наеднаш со оптимизирање на уредот. Следете ги чекорите во продолжение.

Грижа за батеријата и уредот Грижа за батеријата и уредот

Чекор 1. Одете на Поставувања и изберете батерија и грижа за уред.

Допрете на Оптимизирај сега Допрете на Оптимизирај сега

Чекор 2. Допрете на Оптимизирај сега.

Допрете на Направено за да ја завршите оптимизацијата Допрете на Направено за да ја завршите оптимизацијата

Чекор 3. По оптимизацијата, допрете на Готово за да завршите.

Забелешка:

  • Внимавајте да не изберете Исчисти податоци. Со тоа ќе ги избришете сите податоци поврзани со апликацијата.

Со тоа што ќе ги поставите податоците на облак, ќе можете да управувате со датотеките без да се грижите за недоволно мемориски простор на уредот. Ако не можете да го ажурирате софтверот поради недоволно мемориски простор, обидете се да користите Samsung Cloud. Може да продолжите со правење резервна копија од податоците на истиот начин.

Изберете Сметка на Samsung Изберете Сметка на Samsung

Чекор 1. Одете на Поставувања и изберете Samsung Account.

Изберете Samsung Cloud Изберете Samsung Cloud

Чекор 2. Изберете Samsung Cloud.

Резерва копија од податоците на Samsung Cloud Резерва копија од податоците на Samsung Cloud

Чекор 3. Изберете Aрxивирај податоци.

Изберете тип податоци за да ги поставите на Samsung Cloud Изберете тип податоци за да ги поставите на Samsung Cloud

Чекор 4. Изберете го типот податоци што сакате да ги поставите на облакот.

Изберете Направи резервна копија сега Изберете Направи резервна копија сега

Чекор 5. Изберете Направи резервна копија сега.

Забелешка:

  • Треба да бидете најавени на сметката на Samsung за да пристапите до Samsung Cloud.
  • Ако овозможите Автоматско правење резервна копија при роаминг во Чекор 4, уредот автоматски ќе направи резервна копија од избраните податоци кога ќе се поврзете на интернет.

Ако имате доволно мемориски простор на уредот, но не можете да го ажурирате софтверот, може да се обидете да го ажурирате во Безбеден режим.

Притиснете ги и држете ги копчињата за Намалување гласност и Страничното копче Притиснете ги и држете ги копчињата за Намалување гласност и Страничното копче

Чекор 1. Притиснете и држете на Копчето за намалување гласност и Страничното копче.

 изгаснете го уредот  изгаснете го уредот

Чекор 2. Изберете Исклучување.

Притиснете ги и држете ги копчињата за Намалување гласност и Страничното копче Притиснете ги и држете ги копчињата за Намалување гласност и Страничното копче

Чекор 3. Откако ќе се исклучи екранот, притиснете и задржете на Копчето за намалување гласност и Страничното копче истовремено.

Отпуштете го Страничното копче, но држете го копчето за намалување гласност Отпуштете го Страничното копче, но држете го копчето за намалување гласност

Чекор 4. Откако на екранот ќе се појави логото на Samsung, отпуштете го Страничното копче, но држете го Копчето за намалување гласност.

Обидете се да ажурирате во Безбедносен режим Обидете се да ажурирате во Безбедносен режим

Чекор 5. Кога ќе се појави Безбеден режим во долниот лев агол на екранот, отпуштете го копчето. Обидете се да ажурирате во Безбеден режим.

Може да префрлите од Безбеден режим во нормален режим според чекорите наведени во продолжение.

Чекор 1. Притиснете и држете на Копчето за намалување гласност и Страничното копче

Чекор 2. Изберете Pесетирај

Префрлете од Безбедносен режим во нормален режим

Забелешка:

  • Местоположбата на копчето за Гласност и Страничното копче може да се разликува зависно од моделот на уредот.

Забелешка: сликите од екраните на уредот и менијата може да се разликуваат зависно од моделот на уредот и верзијата на софтверот.

Како да ја користите апликацијата Samsung Members

Ако забележувате тешкотии со мобилните телефони, таблетите или преносни уреди од Samsung, може да ни испратите прашање во апликацијата Samsung Members. Дознајте повеќе за испраќањето извештај за грешка.

Благодариме за повратните информации