Што претставува карактеристиката Грижа за уред кај телефоните Galaxy?

Со карактеристиката Грижа за уред можете да ги оптимизирате перформансите на телефонот и да ја проверите состојбата во неколку области, како што се батеријата, складот и многу повеќе. Со само еден допир ќе дознаете како функционира телефонот и дали го користите правилно.

Приказ на иконата Грижа за уред и одредени телефони Galaxy.

Како да пристапите до Грижа за уред

Приказ на екранот за поставувања со означена опција „Батерија и грижа за уред“.
1 Одете на поставувања на уредот и допрете на „Батерија и грижа за уред“.
Приказ на главниот екран од карактеристиката „Грижа за уред“ со означени опции.
2 Сега може да проверите неколку аспекти од телефонот, како што се:
  • Батерија: проценетото време на работење на телефонот дури не се испразни батеријата. Исто така, може да проверите неколку карактеристики како што се „Штедење енергија“, „Огранич.за користење во заднина“, „Безжично споделување енергија“ или „Поставувања за режимот на батеријата“. 
Приказ на карактеристиката „Батерија“ од Грижа за уред.
  • Склад: искористениот и достапниот простор во телефонот.
Приказ на карактеристиката „Склад“ од Грижа за уред.
  • Меморија: колку меморија има останато во телефонот. Може да искористите „Исч. сега“ за да ги стопирате апликациите во заднина. Може да проверите и во „Исклучени апликации“. 
Приказ на екранот „Меморија“ од Грижа за уред.
  • Заштита на уредот: активирајте ја оваа карактеристика за да го скенирате телефонот и да пребарувате вируси и шпионски софтвер. Исто така, можете да најдете повеќе опции за да ги скенирате своите уреди. 
Приказ на екранот „Заштита на уредот“ од Грижа за уред.

Дополнителна грижа

Можете да ја користите, исто така, Грижа за уред за да ги проверите најновите софтверски ажурирања за Вашиот телефон.

Благодариме за повратните информации