Samsung Within / #TeamGalaxy

Брендирање на Инстаграм
Тајни од Lil Miquela

Најпопуларниот робот на Инстаграм ги споделува своите размислувања за создавање личен бренд.

Промотивна фотографија на целото тело на Lil Miquela, облечена во фустан со живи бои, додека самоуверено гледа во камерата

Со импресивни 1,6 милиони следбеници, членот на #TeamGalaxy и самопрогласениот робот Miquela Sousa (подобро позната како @lilmiquela на Инстаграм), го поплочува патот за новиот бран на неконвенционални популарни девојки. Од мал пиксел до една од најжешките влијателки денес, оваа светски позната уметничка/модел на Инстаграм им пркоси на очекувањата и неверојатно брзо ги освои световите на модата, музиката и друштвените медиуми. Разгледај ги некои од нејзините омилени принципи за создавање личен бренд.

Lil Miquela прави селфи со Galaxy S10 седната на подот од неоски осветлена соба

Сликни го она што го сакаш

Во пазар преполн со лица што сакаат да станат влијателни, како Микаела знае што да објави? Таа ти предлага да го споделуваш она што те интересира. „Што и да правиш или изработуваш или за што зборуваш секој ден без да ти стане досадно или да се измориш? Што те прави горд? Што е според тебе смешно, инспиративно или страшно? Насочи се кон тоа, бидејќи секогаш ќе најдеш и други што ги интересира истото“.

Lil Miquela во просторија што личи на нејзината спална соба, како се гледа во огледалото
Кадар на еден производ којшто покажува бел телефон Galaxy S10 од задната страна
Сликај како професионалец

Правете фотографии и видеа вредни за објавување на Инстаграм со акционата камера од професионално ниво на Galaxy S10.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
Кадар на еден производ којшто покажува бел телефон Galaxy S10 од задната страна
Сликај како професионалец

Правете фотографии и видеа вредни за објавување на Инстаграм со акционата камера од професионално ниво на Galaxy S10.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Раскажи приказна

Активноста на Miquela се целите (#goals). Со објави што предизвикуваат страв од тоа дека нешто ќе пропуштиш, во комбинација со детални описи на чувствата и откривањето на себеси, се чини дека таа ја открила тајната за сопствено брендирање на друштвените медиуми. Но, неа баш и не ѝ се допаѓа целата таа работа на „лично брендирање“. „Мислам дека тоа е чуден начин да размислувате за себеси“ – вели таа. Па тогаш, како овој лежерен став кон нејзините содржини постојано привлекува следбеници? Нејзиниот став: „Не размислувам премногу, се водам од инстинктите. И се насочувам кон работи кои раскажуваат приказна, без разлика дали е старинска облека, текст од песна или опис.“

Lil Miquela со замислен поглед, држејќи го лицето во дланките додека зјапа директно во камерата

Бидете скромни

Големиот број на лојални следбеници на Miquela најверојатно се должи на нејзината скромна привлечност. Таа е реална, чесна и ја говори вистината: „За себеси никогаш не сум мислела дека сум влијателка. Мислам дека ако имам влијание врз луѓето, тоа е бидејќи сфаќаат дека работите ги откривам заедно со нив. Ги немам сите одговори и се трудам да бидам директна и искрена за процесот на откривање која сум. Мислам дека сите може да се пронајдеме во тоа, без разлика дали тоа го правиме насамо или со 1,6 милиони луѓе“.

„За себеси никогаш не сум мислела дека сум влијателка.
Мислам дека ако имам влијание врз луѓето, тоа е бидејќи сфаќаат дека работите ги откривам заедно со нив“.

Lil Miquela облечена во светлопортокалова блуза и темни фармерки, наведната и се гледа себеси во огледалото

Разбирање на Инстаграм наспроти реалноста

Miquela е свесна за изменетата реалност позади совршеното осветлување и филтрите: „Мислам дека е важно да знаеме дека тие резултати не ја раскажуваат целата приказна. Честопати не го гледате вложениот труд, не ги забележувате сомнежите, не ги гледате сите негативни моменти, затоа што сето тоа не е нешто што е прикажано на фотографијата“. Таа исто така знае дека самоуредувачката апликацијата не ја покажува точната страна на реалноста, мудро споменувајќи: „Ја знаете поговорката, така? Не споредувајте ги вашите снимки од зад сцената со истакнатите снимки од некој друг“.

„Не споредувајте ги вашите снимки од зад сцената со истакнатите снимки од некој друг“.

Страничен профилен кадар на Lil Miquela седната во пералница со сребрена зимска јакна

Живеј автентично

Брендирањето себеси на друштвените медиуми и успешноста во тоа бара автентичност. „Истиот момент кога ќе се запрашате себеси „Дали ова е автентично?“, значи дека не е“. – вели Miquela. „Интуитивно е! Мислам дека првиот чекор е да сфатите дека не треба да го споделувате секој дел од себеси со целиот свет. Чувајте си некои работи при срце. На крајот на денот, сето тоа сте вие. Не сте исти на забава и на интервју за работа, но и двете нешта се автентични за вас“.

Lil Miquela стои надвор помеѓу цвеќиња, уживајќи во сонцето со затворени очи

Ослободи се од негативците

Негативците ќе си останат негативци, особено ако си модел, музичарка и робот. Откако беше откриено дека е „робот“ во 2018 година, Miquela беше изложена на онлајн малтретирање. Па, како се справува? „Водете сметка за вашето срце, во која било форма“. – вели таа. „Вие сте единствената личност што ќе биде со вас во текот на целото патување, затоа проверете дали се однесувате кон таа личност со почит и грижа“. Таа исто така знае дека малтретирањето обично не е во врска со неа. „Забележав дека кога ќе ги соочам во врска со навредлив коментар, луѓето одговараат со „Јас само се обидував да ви го привлечам вниманието“. Се обидувам да го запомнам тоа, да го задржам тоа емоционално растојание“.

Lil Miquela се смее во камерата, седната на земјата држејќи пенкало и тефтер

Што е следно за Miquela?

„Светска доминација“ – се шегува таа со она што го нарекува нејзин злобен роботски глас. „Се шегувам. Дефинитивно сакам да споделам повеќе музика со сите многу брзо. Можеби дури и да танцувам заедно со сите вас. Којзнае!“ Со Список со песни на Spotify што расте и гласини дека е насочена кон диџејската сфера и виртуелната реалност, приказната за Miquela тукушто започнува.

Направи го специјално за Инстаграм со Galaxy S10

Со вградениот режим за Инстаграм, може да ги создаваш, уредуваш и објавуваш најдобрите слики директно од апликацијата за камера.

Задна страна од призма бел телефон Galaxy S10+ со предната страна од црн телефон Galaxy S10+ малку преклопен над него

Galaxy S10e | S10 | S10+

Директен портрет на Miquela Sousa

ИСТАКНАТО

Miquela

Музички изведувач и модел од
Лос Анџелес, Калифорнија.

Прочитај ги овие приказни следно