Galaxy Watch Active

SM-R500NZKASEE

The item is in the cart.

Стил што нема да те забави

Стил што нема да те забави

Биди тоа што си - до крај

Биди тоа што си - до крај

Да

NFC

Bluetooth v4.2

Верзија Bluetooth

Нова генерација на уредот Galaxy Watch Active

Истражи ја новата генерација на уредот Galaxy Watch Active. Сите фитнес-часовници имаат паметни функции за следење податоци. Но, Watch Active се издвојува. Ова е фитнес-часовник што дава совети така што секогаш си чекор понапред.

Нова генерација на уредот Galaxy Watch Active

Стил што нема да те забави

Спортска варијанта којашто е секогаш во тренд. Galaxy Watch Active се одликува со дискретен и лесен дизајн, па лесно можеш да го следиш својот пат до целта. Со него се добиваат стилизирани ремени за речиси сите пригоди.

Стил што нема да те забави

*Достапноста на моделот зависи од земјата.

Убавината се крие во едноставноста

Секој има свој начин да остане активен. Поради тоа со Galaxy Watch Active стигнуваат прилагодливи предни маски, кои претставуваат спој на стил и чувствителност. Каква и да ти е целта, сега можеш совршено да се вклопиш.

Убавината се крие во едноставноста

Безбедно контролирај го нивото на стрес

Galaxy Watch active има вграден монитор за следење на пулсот, кој те предупредува ако дојде до забрзана или до неправилна работа на срцето. Исто така, го детектира нивото на стрес, па можеш со контролирано дишење да си го вратиш здивот. Провери ја разликата во стресот пред и по контролираното дишење.

*За користење на апликацијата Samsung Health заедно со Galaxy Watch Active потребни се регистрација и впарување со компатибилен мобилен телефон. *Наменето е исклучиво за целите на општото здравје и кондиција. *Достапноста на функцијата за следење стрес и медитација зависи од земјата. *Графичкиот изглед на оваа функција е предмет на промени без претходна најава.
Безбедно контролирај го нивото на стрес

Контролирај ја твојата здравствена состојба

Galaxy Watch Active има вградена апликација Samsung Health и тој е твој личен гуру, кој се грижи за твоето здравје. Погледни го пресекот на својата здравствена состојба за час на еден екран, или пристапи кон десетина алатки кои ти овозможуваат да ја регулираш и кондицијата и чувството за благосостојба.

*Графичкиот изглед на оваа функција е предмет на промени без претходна најава.
Контролирај ја твојата здравствена состојба

Биди поврзан, но така како што тебе ти одговара

Непрекината поврзаност, и дење и ноќе. Galaxy Watch Active ти овозможува да праќаш емотикони и прилагодени одговори преку функцијата за префрлување на говорот во текст, а има и интуитивна тастатура. И сето тоа можеш да го користиш додека го полниш уредот на ноќното масиче.

Биди поврзан, но така како што тебе ти одговара

Клуч за хармонизиран живот

Уред што внимава на тебе во текот на ноќта. Galaxy Watch Active следи четири фази од твојот сон, па можеш да се препуштиш на длабокиот сон во текот на целата ноќ. Следното утро ќе се разбудиш свеж и ќе сфатиш колку ти одговарале одморот и длабокиот сон.

*За користење на апликацијата Samsung Health, заедно со Galaxy Watch Active, потребни се регистрација и впарување со компатибилен мобилен телефон. *Графичкиот изглед на оваа функција е предмет на промени без претходна најава.
Клуч за хармонизиран живот

Наполни ги батериите и преземи контрола над утрешниот ден

Доверба која дополнително ти излегува пресрет. Galaxy Watch Active ги следи твоите секојдневни активности подолго од 45 часа со само едно полнење. Поседува иновативна функција „Wireless PowerShare“ благодарение на која батеријата се полни за не цел час, а ти си подготвен за движење.

Наполни ги батериите и преземи контрола над утрешниот ден

*Екстерната батерија се продава одвоено.*Функцијата Wireless PowerShare е ограничена на мобилните телефони на компанијата Samsung или на другите производители на мобилни телефони со безжично полнење од видот WPC Qi, како што се: Galaxy S9, S9+, S8, S8+, S8 Active, S7, S7 edge, S7 Active, S6, S6 edge, S6 Active, S6 edge+, Note9, Note8, Note FE, Note5 и преносливите апарати, како што се: Galaxy Watch Active, Gear Sport, Gear S3, Galaxy Watch и Galaxy Buds. Можеби нема да функционира со некоја дополнителна опрема, маски и уреди од други производители. Може да влијае врз примањето на повиците или на услугите за пренос на податоците, во зависност од мрежната средина.

Многу забава на твојата рака

Galaxy Watch Active те поврзува со светот на забавата директно од твојот рачен зглоб. Благодарение на бројните мотивациски апликации што ти стојат на располагање, можеш да ги прилагодиш своите секојдневни цели и да се фокусираш на нив веќе при следното излегување.

Многу забава на твојата рака

*Достапноста на апликацијата за Galaxy Watch Active зависи од провајдерот и од земјата. *Може да биде неопходно преземање, регистрирање и впарување на апликацијата со компатибилен мобилен телефон.

Фокусирај се на себе

Прилагоден за да ти биде попријатно. Бидејќи користи еден кориснички интерфејс, Galaxy Watch Active интуитивно ја намалува несреденоста и наместо тоа ти го покажува токму тоа што сакаш да го видиш. Сега можеш веднаш да провериш сѐ кога и каде и да ти затреба.

Фокусирај се на себе
  • Да NFC
  • Bluetooth v4.2 Верзија Bluetooth
  • 1,1" (28,1mm) Големина (Главен_Дисплеј)
  • 1.15GHz CPU-брзина
  • 4 Големина на ROM (GB)
  • Accelerometer,Barometer,Gyro Sensor,HR Sensor,Light Sensor Сензори

Прирачник за корисниците и содржина за преземање

Како се совпаѓа едно со друго

*Карактеристиките, спецификациите и визуелните елементи на производот се предмет на промени.
*Расположливата корисничка меморија е помала од вкупната корисничка меморија на уредот поради простор кој го одземаат оперативниот систем и програмите неопходни за нормално функционирање на производот.
*Достапната количина на меморија на корисникот може да варира во зависност од мобилниот оператор и може да се промени по ажурирањето на софтверот.

* Време на користење на батеријата: Времето на користење на батеријата во GPS-модот се базира на нашите лабораториски мерења и може да варира во зависност од поставувањето на уредот, фреквенцијата на користење и условите за работа.