Entertainment

Изгубени ремек-дела

Missing Masterpieces Missing Masterpieces

Најпосакуваната уметничка изложба на светот

Има една уметничка галерија која е скриена од светот, изгубена во историјата и обвиена во тајност. Но, што ако можеш повторно да ги видиш тие уметнички дела?

„Изгубени ремек-дела“ е прва изложба во светот која помага во пронаоѓањето бесценети уметнички дела кои се изгубени. Таа спојува некои од најпознатите изгубени уметнички дела за првпат и ги прикажува на The Frame во фасцинантна ултрависока дефиниција.

Тоа е ексклузивна дигитална колекција на ретки и скапоцени ремек-дела, со сите мистерии што ја следат украдената уметност и изгубените слики.

Во потрагата по секое исчезнато ремек-дело, што би можеле да откриеме од брилијантните умови кои ги создале и од приказните за секое уметничко дело?

Секој заслужува да ги види изгубените уметнички дела од светот онака како што сакале големите мајстори, а сега тоа е и можно на QLED екран во ултрависока дефиниција.

Ремек-делата остануваат мистерија

“Замислете си музеј на изгубена уметност. Тој ќе има повеќе
ремек-дела од сите музеи во светот заедно”
- Др. Ноа Чарни, Историја на уметноста и злосторства врз уметноста



Што би го направило едно ремек-дело толку скапоцено за да биде украдено 13 пати во текот на неговото постоење од 600 години? Др. Ноа Чарни, експерт во меѓународно злосторство врз уметноста, зборува за мистериите кои понекогаш се поголеми дури и од самото дело, од теории, гласини, тајни однесени во гроб, подароци од босови на мафии до храна за свињи.

A Samsung Frame TV displaying the lost art titled Landscape by József Lampérth Nemes A Samsung Frame TV displaying the lost art titled Landscape by József Lampérth Nemes

Разгледај ги изгубените слики кои не се достапни за јавноста
Во неверојатна 4K резолуција и на QLED екран.

Дознај повеќе.

Изложба на изгубени ремек-дела

Запознај ги вредните уметнички дела во нашата дигитална колекција

4

Art Mode Art Mode

Изгубени ремек-дела во уметнички режим

Разгледај ја првата ваква колекција во светот

Посети ја „Најпосакуваната уметничка изложба на светот“. Уметнички режим Samsung Frame TV те носи поблиску од кога било досега до легендарна уметност, со помош на оваа дигитална колекција на исчезнати и вредни уметнички дела на големите мајстори, која е прва од ваков вид

A Samsung Frame TV displaying the lost art titled The Parsonage Garden at Nuenen in Spring by Vincent Van Gogh. A Samsung Frame TV displaying the lost art titled The Parsonage Garden at Nuenen in Spring by Vincent Van Gogh.

Составување на деловите

Потрагата е во тек, таа никогаш не запира

Според ФБИ, помалку од 10 % од украдените уметнички дела се пронаоѓаат. Најпознатите исчезнати уметнички дела често се наоѓаат со многу внимателно следење и со помош на гласини.

Како во сите истраги, така и во овие, каква било насока, потенцијален сомнеж и точна проценка може да доведат до трага. Треба да се гледа поголемата слика, како на пример, да се најде сликата по бројките.

Ако знаеш каде е, испрати ги твоите информации на missingmasterpieces@artcrimeresearch.org

Пребарувањето е на #MissingMasterpieces

A picture of a map. A circled  X is marked on the map. A picture of a map. A circled  X is marked on the map.

Телевизор The Frame

Изгубената светска уметност во нова рамка

Биди во тек со најновите серии, филмски блокбастери или изложба на исчезнатите светски ремек-дела со The Frame. Дизајниран да го оживее секое уметничко дело на прекрасен QLED екран во фасцинантна ултрависока дефиниција.

Прочитајте ги и овие приказни