Здравје / Грижа за себе

Како да се ослободиш од лошите навики
поврзани со паметните телефони

6 начини како да постигнеш урамнотежен однос со твојот паметен телефон.

Човек кој се труди да смени насоки со користење на телефонот

„Телефон, клучеви, паричник.“ Тоа е списокот за проверка во нашите глави кога излегуваме од дома. Се потпираме на нашите паметни телефони за речиси сѐ, но колку е здрав нашиот однос со нив? Бидејќи многумина ги оставаат своите телефони за привремена „дигитална детоксикација“, вреди да се види дали има подобар начин за постигнување рамнотежа кога повторно ќе започнете да го користите вашиот паметен телефон. 

Маж го користи неговиот Galaxy Note9 додека чека воз
1

Следи го користењето на телефонот

Како и за секоја промена во животниот стил, клучот е да се размисли колку време всушност трошиш на навиката што ја проценуваш. Апликациите како Thrive може да ти помогнат да разбереш колку време трошиш на твојот телефон и како го трошиш, за да може да сфатиш кога и каде да намалиш. Запомни, материјалните цели се клучни за долгорочни промени и не може да поставиш цели без да знаеш каде си во моментот.

Погледнете како да ги заштитиш очите од заморот од сината светлина
Знајте ја вашата ССА

Загрижен си за мобилните телефони и радијацијата? За Galaxy Note8 се вели дека има најниска ССА (Специфична стапка на апсорпција), што значи дека емитува најмалку зрачење во однос на другите телефони.*

2

Ритам и одложување

„Сина светлина“ е термин за светлината што се емитува од дигиталните екрани и којашто не влијае баш добро на твојот деноноќен ритам. Премногу од неа може да го спречи производството на мелатонин во твоето тело, којшто е клучен дел за добар одмор во текот на ноќта, но филтрите за сина светлина за заштита на очите, како што е „Ноќниот режим“, може да ти помогнат во намалувањето на заморот на очите од употребата на мобилните телефони, создавајќи рамнотежа кај твоите природни физиолошки процеси и помагајќи ти добро да се одмориш.

Знајте ја вашата ССА

Загрижен си за мобилните телефони и радијацијата? За Galaxy Note8 се вели дека има најниска ССА (Специфична стапка на апсорпција), што значи дека емитува најмалку зрачење во однос на другите телефони.*

Жена ужива во времето сама со себе
3

Одвреме-навреме, заборави на дигиталното и префрли се на аналогното

Лесен начин за намалување на зависноста од твојот мобилен телефон е да не го користиш ако истата работа може да ја извршиш на различен начин со помош на други уреди. Заврши ги работите со помош на будилник, книга за готвење, радио или списание, како и сѐ останато што ја охрабрува само самостојноста офлајн.

Избегни болка во палецот од користењето на паметниот телефон и болка во лактот од користењето на мобилниот телефон со сликање безбедни селфиња
Samsung Galaxy S Pen
Сликај фотки со S Pen

Користи го Galaxy S Pen за да ја контролираш блендата на твојата камера и не оптоварувај ја раката толку многу.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
4

Сликај безбедни селфиња

Додека се обидуваш да го направиш совршеното селфи, погрижи се да се заштитиш од повреди предизвикани од технологијата, како што е болката во лактот од сликање селфи (да, тоа навистина постои). Слично на тенискиот лакт, но поврзано со употребата на високата технологија, селфи-лактот е воспаление од лактот до зглобот, предизвикано од честото свиткување на рацете. Погрижи се да ја одмориш раката одвреме-навреме ако чувствуваш непријатност или пробај други начини за правење селфи, како што е S Pen.

Samsung Galaxy S Pen
Сликај фотки со S Pen

Користи го Galaxy S Pen за да ја контролираш блендата на твојата камера и не оптоварувај ја раката толку многу.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
Користи го телефонот за да се поврзеш со некого на значаен начин
5

Твојот пријател е твојата најдобра линија за помош

Иако навидум застарен начин за контакт, едноставниот телефонски повик е честопати побрз и поефикасен. Не само што нема да мора да пишуваш цели пасуси, туку и ќе ги избегнеш неизбежните пораки за дообјаснување што ќе следат. Повиците со телефонот исто така помагаат да се избегне друга повреда предизвикана од технологијата поврзана со палецот, а наречена болка во палецот од испраќање пораки којашто исто така може да се појави на зглобот.

Уживај во кафето без прекини од телефонот
6

Совршено далеку од дофат

Сите сме виновни за посегнување по телефонот без да размислиме. Некои психолози се загрижени дека ваквиот порив да ги провериме нашите телефони не спречува да доживееме значајни моменти со луѓето околу нас. Лесно решение е да го чуваш паметниот телефон подалеку од дофат на раката, како на пример, на другиот крај од канцеларијата или во друга просторија. Можеби звучи едноставно, но има вистина во „далеку од очи, далеку од срце.“

Заборави на телефонот одвреме-навреме,

…а кога ќе бидеш спремен повторно да го користиш, прави го тоа урамнотежено со помош на совесни мобилни алатки.

Прочитај ги овие приказни следно

*Source: "These are the cellphones that emit the most and least radiation" https://www.newsweek.com/these-are-cell-phones-emit-most-and-least-radiation-1095530